логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


АРХИМАНДРИТ СОФРОНИЈ (САХАРОВ)

 

hristos.voskresenie.jpgОчајанието е – губење на свеста дека Бог сака да ни дарува живот вечен. Светот живее во очајание. Луѓето самите себеси се осудија на смрт. Треба гради во гради да се бориме со унинието, со духовната заспаност, со отсуството на грижа за спасение. Тие не го бараат божествениот живот. Се ограничуваат на плотската форма на живот, на секојдневни потреби, на страстите на овој свет и на делањето по навика. Меѓутоа Бог нас не создаде од небитие, по образ и подобие Свое. Ако тоа откровение е вистинито, тогаш отсуството на грижа за спасение на човекот не е ништо друго туку смрт.

Животот на овој свет се организира околу човечките страсти, а духовниот живот е потиснат на маргините. Ние ќе мораме да ја промениме таа состојба на работите, за да го ставиме духовниот живот во самото срце на сопствениот живот.  Мудроста на овој свет не може да го спаси светот. Парламентите, владите, сложените организации на современите Држави, кои најмногу напредуваат – сите се тука немоќни. Човештвото страда без крај. Единствен излез е во себе да ја пронајдеме мудроста, решеноста да не живееме повеќе по суетите на овој свет, туку да Го следиме Христос.

Како да го пронајдеме својот пат? Во согласност со Евангелието, Христос е нашиот пат. Важно е да имаме свест за Христос како за Бог. Оној кој Го љуби, вечно ќе биде покрај Него, таму каде што е Тој.

Единствено што нас не привлекува е Христос, Неговата Личност. И ние ќе мораме да Го доживуваме Христос како мерка на сите нешта, божествени и човечки. Во Христа ние Го имаме Бога, Создателот Свој.

Во Христос ние имаме пример, откривање на промислата Божја за човекот. Во Бога не треба да се гледа рефлексија на интелектот. Бог нас ни се открива со своите дела. Ние го живееме Христос како сопствен живот, а не го доживуваме како некој кого Го запознаваме надворешно. Христос рече “Јас сум Патот”. Ако е Тој-Патот, ние мораме да Го следиме не надворешно, туку одвнатре. И мораме да помниме дека на Голгота и во Гетсиманија Христос се бореше со сите. Сам .

Понекогаш кога ќе не допре љубовта Христова, ја чуствуваме вечноста. Тоа не треба да се сфати само со разумот. Бог дејствува на начин кој му е Нему својствен, кој го надминува разумот. Нашиот христијански живот не треба да биде секогаш логичен. “Надворешен” знак кој ни овозможува да се измериме на која оддалеченост од Бога се наоѓаме е дали го живееме евангелското слово, дали достигнавме совршенство, што значи – љубов кон целиот свет, неразликувајќи пријатели и непријатели.

Јас не познавам грчки Христос, руски, англиски, арапски... Христос за мене е – Се, Битие надкосмичко. Во Светото Писмо често се кажува дека Христос умре за целиот свет, за гревовите на целиот свет. Затоа, кога ја ограничуваме личноста Христова, кога ја понижуваме до ниво на националност, ние се губиме и паѓаме во темнина. Тогаш е отворен патот за омраза помеѓу нациите, за непријателство меѓу социјалните групи...
Читајте го Свети Силуан. За него, секој во светот имат улога: еден е крал, друг патријарх, некој професор, а некој работник. Тоа нема значење. Да се бида крал или работник – тоа за Светиот Старец е сеедно. Зошто, оној кој Го љуби Христа, кој во себе ги усвојува и во себе ги носи “чуствата кои беа во Христа Господа”, го доживува светот како Адам, се моли за целиот Адам. Тое е правото Христијанство. Мораме да бидеме крајно чуствителни за потребите на ближните. Така ќе бидеме едно со нив и благословот Божји секогаш ќе биде на нас. Во изобилие. Секој од нас на ближниот му должи мајчинска љубов. А да се љуби не може без да се страда. Најголема е болката да се љуби до крај.

Христос нас толку не возљуби што се предаде на најстрашната смрт. Светителите исто така. Рајот и пеколот секогаш ја имаат таа цена. Молитвата за целиот свет е плод на најдлабоко и најплодородно страдање.

Нема ништо поболно од таквото стекнување на Христовата љубов во еден ваков свет. Тоа е борба со космички димензии. Како се чекори кон Бога? Кога човекот ќе се насочи кон таа единствена цел, сето останато се преобразува во извор на страдања, ама болни. Но, ние го носиме тој крст молкум.
Кога ќе одлучиме да тргнеме по Христа, секој наш ден од животот се исполнува со страдања, со солзи, со болки. И понекогаш во нас ќе се појави прашањето: “Господи, зошто си не создал такви да мораме да минуваме низ толкави страдања?” И тогаш не успеваме да сфатиме дека тој негативен пат – е патот на спасението. Животот на земјата за секој човек е страдање без крај. Зошто ние се да поднесуваме? Затоа што Творецот дојде при нас. И ние сега лично Го познаваме.

 Христос го дарува својот божествен живот на оние кои се создадени по Негов образ, а за одговор на тоа доби само омраза. Денес, после две илјади години Христијанство, што гледаме? Современиот свет се повеќе и повеќе Го губи Христа и вечниот живот. Длабока темнина на гревовни страсти, омраза, доминации, војни од секој вид, го исполнуваат нашиот земен живот. Во таа ситуација Христос на сите оние кои решиле да врват по Него им ја дал оваа заповед: “Сакајте ги непријателите свои”.

 Зошто се плаши светот од таквиот Бог?

 Може ли да се најде подобро правило од тоа – “благословувајте ги оние кои ве проколнуваат, сакајте ги непријателите свои?”
 Теологијата (Богословието) е – состојба на духот под дејство на Божествената благодат. Во тоа е и разликата помеѓу теологијата и философијата, помеѓу вистинската теологија и интелектуалната теологија. Ако едно такво вдахновение го допре Вашето срце, нема да има крај на земјата. Тоа е неисцрпно, зошто во него се наоѓа почетокот на животот вечен. Дури и кога вашиот телесен состав се распаѓа, тоа вдахновение ќе живее во Вас.
Бог може да го допре човековото срце и да му дарува, на непосреден начин, богопознание. Постои огромна разлика помеѓу таквото знаење и она што се стекнува во теолошките училишта. За човекот може да биде премногу опасно да се занимава со теологија, не имајќи егзистенцијално искуство на животот во духот Христов. Постои ризик теологијата да се студира, особено во нејзините апофатични форми, како што се студира философија или книжевност. Постои опасност да се завземе погрешен став и човекот да се опрелести дека е супериорен, а тоа е доволно за да се изгуби. Вдахновението треба да се бара во животот во Христа.

Теолошката наука која се предава во училиштата и која стана интелектуална специјалност, отворена кон сите, не му дава на човекот богопознание. Познанието на Бога доаѓа од животот во Бога, кое се раѓа во најголемите длабочини на срцето. Може да се случи да станеме жртви на духовно застранување и да почнеме она што го носи теолошкото знаење да го цениме повеќе од светоста на животот.

Може да се биде и голем научник, да се имаат и академски дипломи, а ништо да не се знае за патот на спасението. За да ја разбереме науката на животот во Христа, не е потребно да прочитаме десетици и стотици книги. Мојот духовен отец ме советуваше да не читам повеќе од неколку страни дневно. Четвртина час, половина час само, но барајќи и настојувајќи да го применам во животот она што сум го прочитал. Светиот апостол Петар кажува дека царското свештенство се извршува со нашето учество на божествената Литургија. Плашете се од тоа да на Литургија доаѓате од навика. Трудете се секој пат длабоко да го преживувате она што го преживувашеХристос на Тајната вечера, кога го востанови тоа големо таинство кое е Светата Тајна Евхаристија. Така Литургијата ке стане спасоносна не само за вас, туку и за сите оние кои земаат учество во неа.

Не им припаѓа само на свештениците да го преживуваат во своето срце страдањето на Бога за светот кој е во канџите на гревот и смртта. Академската теологија не е доволна за спасение. Особено читајте ги Отците подвижници. Таму ќе ја запознаете вистинската теологија, потребното држење на разумот и срцето кога се работи за Бога. Работата, социјалната состојба не треба да имаат никакво значење во односот меѓу личностите. Предноста не е во надворешноста, туку во внатрешноста. Оној кој најмногу го сака Бога, оној кој најмногу се моли, кој најмногу се труди да ги запази заповедите, ќе биде најблизу до Господа. Тоа е многу важно. Ослободете го својот дух од секоја помисла за кариера. Нема кариера во духовниот живот.
Ако спасението во Христа е единствената цел на нашиот живот, тогаш се што правиме  станува Литургија.

Превод: И.К.

Посети: {moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная