логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!

 ѓакон Андреј Кураев

Go to fullsize image

А сега со нашето прашање да и пристапиме на религијата на Стариот Израил. Текстовите на Стариот Завет ни зборуваат сосем дирекно: Да, Бог е љубов. Да, Бог ја покажал Својата љубов со дела. Он слободно, без некој на тоа да Го присилил, го создал светот и човекот, Он нам од Својата љубов ни ги дал пророците и Законот. И уште - Он на луѓето им го донел најголемиот дар - слободата18.
Дали му било тешко на Бога со луѓето? Да. И покрај сиот Свој недостижен мир Он вели дека не може да биде во потполност мирен и спокоен без човечката љубов... Тој не само што дава Закон, Он ги преколнува луѓето да не Го заборават. Тешко Му е со луѓето. Тој зборува за Себеси дека е - „Бог ревнител". Тој стапил во брак со Израилот и неверноста на луѓето Го боли:
Се сеќавам на милоста во младоста твоја, на твојата љубов, кога како невеста, тргна по мене во пустината... Каква неправда најдоа во Мене татковџите ваши, та се одалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни; и не рекоа: ,каде е Господ, Кој не изведе од Египетската земја? А кога ве воведов во земја плодна, за да се храните од плодовите нејзини и од добрата нејзини; а вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја и ја направивте гадотија.(...) Пастирите се одметнаа од Мене, и пророците пророкуваа во името на Ваала и одеа по оние, кои не помагаа(...) Ги променил ли некој народ боговите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше славата своја, за она што не помага. (...) Зашто две зла изврши мојот народ: Мене, извор на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода. (...) Зашто одамна си Го скршил јаремот свој, Ги раскина твоите вериги, па велеше: — Нема Гпебе да ти служам; но ќе појдам на секој висок рид и под секое лиснато дрво ќе им служам на идоли. Јас те посадив како благородна лоза - најчисто семе; а како се претвори ти во Мене во див ластар од туѓа лоза? (...) Но ти рече: „Ништо од тоа, зашто ги сакам туѓите и по нив ќе одам.“ (...) А ти со мнозина милосници блудствуваше, — и при сето тоа врати се при Мене, вели Господ.(...)Вратетеседеца - отстапници, (...) Вратете се, синови одметници: Јас ќе Го излекувам вашето непокорство" (Јерем. 2,2 - 3,23).
Читајќи го Стариот Завет без преувеличување може да се рече: луѓето Бога го доведуваат до солзи. Па како ли се однесувале луѓето, и колку ли Творецот им бил толку близок - ако еднаш му се испуштило: „Се каам што ве создадов"...
Па, сепак, љубовта на Бога кон луѓето, онаква каква што е позната во Стариот Завет, не го направила Бога човек.
Тогаш каде во светот на религиите постои претстава за тоа дека љубовта на Бога кон луѓето е толку силна што Самиот Творец го „фрла" во светот на луѓето? Постојат многу митови за воплотувањето на боговите во светот на луѓето. Но, овие тие се секогаш воплотувања на некои „второстепени богови", тие се приказни за тоа како еден од многуте жители на небото одлучил да дојде кај луѓето, додека Божеството, кое во дадениот религиски систем се почитува како извор на секаков живот, всушност не го ни преминува прагот на сопственото себлаженство. Ни Прометеј, кој умирал поради луѓето, ни Гор, чија жртва толку многу ја ценеле Египќаните, не го воплотуваат во себе Апсолутното Божество. Страдаат јунаци и полубогови. Но Вистинскиот и Највисокиот Себе си не се прави достапен за човечката болка. Па тогаш каде можеме да најдеме претстава за тоа дека не еден од боговите, туку Оној, Единствениот, влегол во светот на луѓето?

Дали во кришнаизмот Бог е - Љубов?

Оваа идеја постои во кришнаизмот, каде Кришна се сфаќа како Личен и Единствен Бог-Творец. „Бхагавад-Гита" често се нарекува „Индиско евангелие". Оваа книга19 навистина проповеда голема идеа: Кон Бога треба да се пријде со љубов. Човекот не го приближува кон Бога техниката на медитација и принесување животни на жртва, туку срцето кое љуби. Оваа идеја не била ништо ново во споредба со проповедта на старозаветните израилеви пророци. Но, за Индија таа во потполност била револуционерна.
„Бхагавад-Гита" проповеда дека „Врховниот Господ" Крииша просто не го создал светот и просто не дал откровение. Тој лично и непосредно им го донел на луѓето. Тој станал човек. Та дури и не цар, туку слуга, пајтонџија.
Па, сепак, при запознавањето со оваа книга остануваат прашањата. Како прво - дали Кришна станал човек во потполност и засекогаш? Не, тој само за време на поуките изгледал како човек. Неговиот вистински лик ни најмалку не е човечки20 , и тој човечкиот лик го користи исклучително како засолниште кое му овозможува да се приближи кон луѓето.
Ниту човечкото тело, токму како ни човечката душа, тој не ги зел за Вечноста. Нему не му било тешко да биде човек, но тој самиот не ја почувствувал ниту болката на човекот, ниту човечката смрт... Тој им заповеда на луѓето да го сакаат. Но дали тој самиот ги сака луѓето - не е сосема јасно; во „Бхагавад-Гита" нема ниту едно пишуван ред за љубовта кон луѓето.
Сижето на „Бхагавад-Гита" се гради околу младиот војник Арџуна, кој мора со сила да се бори за своето право на наследство, кои му го одзеле несовесните роднини. Со помош на Кришна Арџуна собира огромна армија. Но пред самата битка излегувајќи на бојното поле каде што претстоела борбата, Арџуна се загледал во редовите на своите непријатели и одеднаш станал свесен со кого му претстои да се бори, и тогаш човечки потресно вели: „При погледот на моите роднини, кои дојдоа поради битката, Кришна, нозете ми се отсекоа, устата ми пресуши. Телото ми трепери, косата ми се крева. Немам сила да стојам, разумот ми се мати. Не наоѓам добрина во убиството на моите роднини, во борбата. Оние, поради кои сакав царство, задоволство, среќа, се замешаа во оваа битка, напуштајќи го животот: учители, дедовци, татковци, синови, внуци, шуреви, баџанаци, вујковци, стриковци, тетиновци - сите мои роднини. Нив не сакам да ги убијам. По убиствата каква радост ќе ни остане? Та, уништувајќи го својот род, како можеме да бидиме среќни? Тешко нам, леле, тежок грев имаме намера да направиме: заради желбите за царските задоволства да го уништам својот род. Така говорејќи, во борбата Арџуна се наведнал на дното на борбената кола, испуштајки го лакот и стрелите; неговиот ум беше потресен од тага" (Бхагавад-Гита, 1,29-47).
Човекот чувствува и болка и сомилост. А божествениот Кришна? Во тој момент тој за човекот ги наоѓа следниве зборови: „Напушти ја ништожната слабост на срцето, стани, подвижнику! Ти ги жалиш тие на кои сожалување не им е потребно: оние кои сознале не тагуваат ниту за живите ниту за оние кои заминаа. Овие тела се минливи, вечен се нарекува носителот на телото. Значи, бори се, Бхарата! Оној што е роден неизбежно ќе умре, кој умрел неизбежно ќе се роди; заради неминовното не смееш да жалиш"(13, 18, 26). Сето ова Кришна „како" да го кажува „со насмевка" (2,10). „И без тебе ќе загинат сите војници, кои стојат еден против друг. Затоа тоа, осоколи се, победи ги непријателите, придобиј ја славата, наслади се на царството во цут, зашто Јас порано ги победив, ти ќе бидеш само орудие, како војник кој стои од левата страна. Сите јунаци кои Јас сум ги убил во борба, истепај ги без колебање" (11,32-34).
Не би влегувал во расправа со онаа философија која стои зад овие зборови. Само ќе речам дека таквата насмевка е незамислива на ликот на Оној, Кој плачеше на патот кон гробот на Својот пријател Лазар (Јован 11, 35). Таков совет е невозможен од устата на Онај Кој рекол за секој човек: „доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле" (Матеј 25, 40). Ниту во божеството што благословува масовни убиства поради исполнување на кармичкиот сталешки долг, не може да се препознае Бог на Љубовта21.
Значи, највисоката богословска формула гласи „Бог е љубов". Да сакаш значи да ја примиш во себе како своја радоста и тагата на саканиот. Вистинската љубов се стреми да се идентификува со саканиот човек. Овде навистина „и двајцата ќе бидат едно тело" (1. Мој. 2,24)22. И затоа патот на љубовта е подарок, предавање, доверување, жртва.

Единствено во Христијанството Бог е – Љубов

Веќе многу зборуваме за љубовта, но се уште не сме ја дале нејзината дефиниција. Впрочем, најдлабоката формула на љубовта може да се најде во Евангелието: Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своите пријатели (Јован 15,13).
Ваквата љубов кон луѓето не ја открива ниту еден богословски лик во светот надвор од Евангелието. И ние го прашуваме Бог на Евангелието: Како Ти ги сакаш луѓето? И Он одговора: До Својата смрт... Неговата љубов не го создаде само светот. Неговата љубов на луѓето не им ја дарува само слободата. Неговата љубов не ни го дала само законот. Неговата љубов не ни даруваше само Пророци и мудрост. Неговата љубов не зеде само човечки лик. Он не изгледал само како човек - Тој постанал човек. „Земјо моја, Царот Небесен, во облик на роб, целапш, те мина, благословувајќи" (Ф. Тјутчев). И Неговата љубов кон нас одеше докрај, до крајната точка, до потполно предавање на Себе, до потполно Самоодрекување, до Жртва и Смрт. „Како однекаде да излезе човек, и Го изнесе и отвори ковчегот, и се до последно од него подари" (Б. Пастернак)...
Овој Бог е Љубов. Он не само што љуби. Оне љубов. Он не само што има љубов. Он е Љубов. Он не само што се манифестира во љубовта. Он е Љубов.
Значи, го започнавме разговорот со сомнеж во тоа дека религиите можат меѓусебно да се споредуваат. Но требаше разговорот за религиските верувања да го пренесеме на јасна сфера на разумот, на рационални аргументи, формулирања и споредувања, за да се утврди дека религиите е возможно да се споредат, и дека при тоа е возможно споредувањата на разликите помеѓу религиите да се изразат во облик на проценки.
Токму обраќањето на она чувство на човекот, на оној стремеж на човечкото срце, кое е најтаинствено и најмалку рационално - чувството на љубовта - ни помогна да најдеме начин во потполност рационално да ги споредиме меѓусебно религиите. И кога зборувам дека Христијанството напросто не е една од религиите, туку дека тоа е највисока религија, „апсолутна религија" (да се изразиме со Хегеловите зборови), единствената религија, која нуди навистина достоен лик Божји, тогаш јас тоа не го кажувам затоа што на така висока оценка ме принудува мојата сопствена припадност на Христијанството. Обичната човечка логика ме принудува да дојдам до таков заклучок. И обичната човечност. И обичното слободоумие.
Да, за да го забележи и да го сфати тоа што е очигледно, денешниот човек треба да прикаже исклучителна способност за слободно, независно мислење. Модата на опшеството, идологиите и медиумите веќе многу години ни ја сугерираат идејата за „еднаквост на религиите". Нивната омилена „религиско-стручна" теза Честертон вака ја резимира: „Христијанството и будизмот се многу слични еден со друг; посебно будизмот23".
Но, ако кон религиите се однесуваме неидеолошки, ако во нив не гледаме пред се идеен темел на некаков тотално општопланетарен „нов светски поредок", ако не ги претвориме во политички заложници на човечките утопии, тогаш обичното чувство за реалното јасно ни кажува: религиите се различни. Постојат повозвишени и поприземни религии. И при целата разноликост на човечките религии само Христијанството го сознало и објавило она што означува најголемо религиско откритие.
Откритието дека Бог е Љубов.



18. Далеку од тоа дека сите богословско-философски училишта на исламот го сметаат човекот за слободен, тврдејќи дека Бог е непосредна причина за сите случувања. Така, Ал-Газали во трактатот „Воскресение на науката за верата" односот меѓу светот и Бога го прикажува на следниот начин: „Сонцето, месечината и ѕвездите, дождот, облаците и земјата, сите животни и неживите предмети се потчинети на друга сила, како пердувот во раката на писателот. Не може да се верува дека потпишаниот владетел е и творец на потписот. Вистината е во тоа дека негов вистински творец е Севишниот. Како рекол, Семоќниот, „ти не фрли, кога фрли, туку Алах фрли" (Степањанц М. Т. Философските традиции на Индије, Кина и светот на Исламот, Историја на философијата - Запад-Русија-Исток. Кн. 1. М., 1995. с. 413). Човекот е место каде Алах ги употребува силите: „Како вие верувате во Алах? Вие бевте мртви и Тој ве оживе, потоа Тој ќе ве умртви, па ќе ве оживее, потоа ќе Му би-дете вратени" (Куран 2, 26). А старозаветното тврдење во потполност е одредено: Бог „во почетокот Он го го создаде човекот и го препушти на неговата слободна волја"(Сир. 15,14-15).
19. Нејзиниот текст датира од 5 до 2 век пред Рождеството Христово (В. Смирнов Б. Л. Предговор, Бхагавадгита; Спб., 1994, стр. 47).
20. „Гледајќи го Твојот велик лик со многу очи, усти, о долгорак, со многу раце, бедра, стапала, со многу трупови, со многу заби што стрчат, световите треперат, и јас заедно со нив... Сите синови на Дритараштра брзаат да влезат во Твојата ужасна челуст со иодадени заби; гледам, други се обесиле меѓу забите, со раздробени глави. Како пеперутки, кои паднале во силен пламен, со погибел го завршуваат својот стремеж, така за погибел стапуваат световите во твојата челуст, довршувајќи го стремежот. Ти, оближувајќи ги од сите страни световите, ги голташ со пламени усти; исполнувајќи го со сјај целиот свет, твојата страшна врелина ги усвитува, о Вишну! Кажи кој си ти, со ужасен лик, смилувај се, владико на боговите; не можам да ги сфатам Твоите пројави"(11,23-31). А одговорот е: „ Јас сум Време, движејќи се ги уривам световите, за нивната пропаст овде израснувам" (11, 32).
21. „Убиството во борба во име на религиските принципи и убивањето животни на клада не се сметаат за акти на насилство, зашто се прават во име на религиозните принципи и се за добро на сите. Животното, принесено на жртва, веднаш добива живот во човечкото тело, не поминувајќи ја бавната еволуција од еден облик на живот во друг. А Кшатрите, убиени во борба, како и брахманите, кои извршуваат принесување на жртва, стигнуваат на рајските планети", така основачот на современиот кришнизам „Неговата Божествена милост" Шрила Прабхупада ја толкувал Бхагавад-Гита (Шрила Прабхупада. Бхагавад-Гита таква каква што е; 2. Приказ на Бхагавад-Гита. Текст 39).
22. Треба да се забележи дека во старозаветниот јазик зборот плот нема нијанса на спротивставеност на душата, како во патристичкиот јазик, туку просто означува „живо битие".
23. Г. К. Честертон. Вечниот човек; М., 1991. стр. 452

 

 

Извадок од книгата:

„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 Друго:

Дали во исламот Бог е - Љубов?

Дали во античкиот паганизам Бог е - Љубов?

Дали во Шаманизмот Бог е - Љубов?

АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная