логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Старец Јосиф Исихаст – Игумен Гаврил
Монаштвото познава неколкумина преподобни личности, монаси, кои во свое време оставиле неизбришлив печат во историја на  Православната Црква. Една од тие духовни вождови на монаштвото, со право можеме да кажеме дека е И преподобниот старец Јосиф Исихаст од Света Гора. Тој е препородителот И патеводителот на денешното монаштво на  Света Гора И Грција, и Америка, а ќе се осмелиме да кажеме во Македонија и Балканот па овде во  Австралија. Тој со своето мало монашко братство: Старец Ефрем Филотејски, старец Харалампиј Дионисијатски, Старец Јосиф Ватопедски, Старец Арсениј Спилеот Исихаст, а негов ученик е И Старец Ефрем Катунакиотски  го подига духовниот живот во манастирите на Света Гора: Филотеј, Дионисијат, Ватопед, Каракалу, Ксиропотаму, Костамониту И во многуте нивни метоси, а нивното дуовно искуство има влијанија И во сите други манастири, скитови И ќелии на Света Гора И надвор од неа. Денес негови посредни И непосредни ученици, по Божја промисла , Бог ѓи распространил насекаде во светот И  неговите духовни четива се преведени на многу светски јазици.

 Старец Јосиф Исихаст или Спилеот е роден 1898 година во селото Левкис на островот Парос во Грција. Бил избран уште од утробата на мајка си за службата Божја. Тој од мали години го загубил татко му И за неговото воспитание се грижела неговата , особено, побожна мајка. БидејќИ неговото семејство било многу сиромашно младиот Франциско, како што се викал пред да се замонашИ, морал уште од најрани години да работи за да го обезбеди неопходното за опстанокот на семејството.

На свои 18 години сам заминува за Пиреја каде што живее И работи. Го завршува воениот рок во морнарицата а потоа продолжува да работи. Тој бил многу силен , храбар И снаодлив младич И работејќи како трговец бргу се збогатува . На дваесет И три годишна возраст почнува да чита светоотечки книги. Читајки ги подвизите на светите Отци И поминувајќИ го се повеќе времето во молитва И повизи пополека се оддалечувал од светот и светскиот метеж И врева.  Неговото срце  тежнеело не кон пропадливото И лажно земно богатство туку кон нетрулежното, вечно И непроценливо богатство на дарот на благодатта на Светиот Дух во Црквата. Се откажува од се што имал, го раздал на сиромаси и се упатил кон небоземната држава на Царицта Небесна, Мајката Божја, на Света Гора Атонска.

 Кога пошол таму најпрво прошетал надолж И попреку по Света Гора барајки  старец И место за подвиг. Како пчелата што лета од цвет на цвет И го собира најубавиот нектар така И тој одел од Старец до Старец И се напојувал од небесниот нектар на благодатта Божја собирајки го нивното духовничко искуство за свое лично надградување, растење И заеднчарење во Бога. На празникот на Преображение се искачил на врвот на Света Гора , каде има мала црквичка посветена на светото Христово Преображение И таму го сретнал отец Арсениј кој понатаму ќе му стане неразделен пријател И соподвижник. Од таму заедно со него отишле кај прочуениот стрец Даниил на Катунаќа кој ги советувал да си изберат ( понајдат ) Старец , кој И не мора да е некој познат И нему да му се потчинат во послушание затоа што патот на животот во Христа е предание И  дарот на светиот Дух се предава од Старец на духовното чедо И  без благослов од Стрецот И  беспрекорно потчинување И послушание нема спасение И обожение. Тогаш тие  го пронашле старец Ефрем кој живеел во келијата  “ Благовештение “ и му се педале во послушание. Неговоро ракоделие било правење на дрвени буриња за вино. Тој бил прост, добродушен, мирем, тивок,  незамисливо молчалив и благ старец. На нивното доаѓање за искушеници неговата радост била неискажлива. Старец Ефрем И го замонашува младиот Франциско со монашко име Јосиф во пештерата на св.Атанасиј.

 Неуморен во подвигот на  барањето И страданијата за поголемо молитвено тихување  во непрестајното призивање на Името Божјо. Т.е. исусовата молитва Господи Исусе Христе, помилуј ме, со сеноќни бденија И строги пости Старец Јосиф многу рано го стекнува,  дарот на чистото срце И на  непрестајната умносрдечна молитва.

 Еден ден наоѓајќИ се во особена усрдна молитва И плач, но И душевна тага заради тоа што неможел да го пронајде своето местото за подвиг, доживеал откровение на Божјата милост. Кога во еден миг погледнал на црквичката на Пресвета Богородица во себе почуствувал неискажлива радост И одеднаш здогледал еден светол зрак кој излегол  од црквичката застанувајќИ како виножито над него. Тогаш целиот се променил заборавајќИ на себеси. Се исполнил со светлина внатре во срцето И надвор околу него насекаде И нечуствувајќИ го своето тело. Тогаш Исусовата молитва почнала да извира од неговото срце без никаков напор. Тоа била благодатта Божја И одтогаш непрестајната Исусова молитва останала засекогаш во неговото срце, но не со толку силно дејство како во првиот момент.

 Одпосле, кога веќе на себе го зема И јаремот на светото послушание, имајќИ  го веќе опитот И пламенот на молитвата тој не го намалил својот подвиг. Секоја вечер по зајдисонце одел на едно осамено место и седел на дрвено столче и шест часа непрестајно ја изговарал Исусовата молитва заклучувјќИ го својот ум во срцето. Времето го мерел со еден будилник кој го поставувал подалеку од себе за да не му прече во молитвата, предходно навивајќИ го за да ѕвони по шест часа. Една ноќ така пребивајќИ во молитвата бил осветлен од несоздадената Божествена светлина која толку многу се раширила што го осветлила целото тоа место , слично на Тавор каде св. Ап. Петар му рекол на Господа “ добро ни е да бидеме овде”. И отпосле кога си дошол на себеси, забележал дека будилникот одамна ѕвонел, без да  го слушне . После ова созерцание, благодатта на молитвата кај него се умножила.

 БидејќИ нивниот исихастички живот не се сопаѓал со типикот на отците во околината за што имале И отпор И за да не ги соблазнуваат се преселиле во тивкото место “ св.Василиј “. Но  И овде не останале за подолго бидејќИ наскоро со смрт на преподобен предвестувајќИ си го својот смртен час се упоколи во Господа нивниот Старец Ефрем.

 Зимскиот период го поминувале во својата ќелија во пост И молитва, а преку летото Старец Јосиф, сега заедно со својот соподвижник Старец Арсениј, повторно се препуштил на скитнички живот немајќИ ништо земно како што вели Господ: не земајте ниту стап ниту обувќи…  туку оделе од од место на место барајќИ поуки од светите Старци, подвижници. И кога пешачеле тие беспрекорно се држеле до тихувателниот начин на живеење одејќИ на растојание еден на друг запазувајќИ го така возљубеното молчание. Јаделе само сув леб. Стрец Јосиф јадел по 75 грама сув леб И тоа  после деветиот Византиски час. Секоја Сабота И Недела оделе на Литургија во манастирите каде го добивале вообичаеното јадење како И сите други. Во овој подвиг поминале 8 години.

 Отосле тие одлучиле повторно да се повлечат во “ св.Василиј “ И подолгиот дел од денот да пребиваат во своите ќелии насладувајќИ се од кажувањето на Исусовата молитва.

 Таму си изградиле И мала Црквичка на посветена на Рождеството на св.Јован Крстител И почнале прават дрвени крстчиња како секојдневно монашко ракоделие. Старец Арсениј го изработувај погрубиот дел оформувајки ѓИ, а Стрец Јосиф ги резбал на нив Распетието, од едната страна  И ликот на Богородица од другата.

 Таму тие живееле скоро затворенички живот. Стрец Јосиф за прв пат почуствувал телесна борба која вообичаено се случува кај почетниците И во таква тешка борба поминал цели 8 години.

Орлите се собираат каде што е трупот. Боготрагателите, они кои копнеат по возвишени цели, се собираат онаму каде се духовниците, духоносците, кои како огнени столбови И немирисами кринови зрачат И благоухат со својата светост И духовна убавина. Во тоа веме околу нив почнале да се собираат И други монаси И искушеници. Многумина дошле но малкумина се задржале. БидејќИ  неможеле да го издржат нивниот тежок исихастички типик ( правило, устав на живеење ). Старец Јосиф го усвоил правилото никого да не одбива, туку секој со љубов да го прима се додека сака да остане. Старец Јосиф особено се грижел И за немоќните, душевно болните И бесомачните кои само ако имале послушание И заради неговата вештина во борбата со страстите се излекувале.

 БарајќИ поосамен И тивок живот во Јануари 1938 година се преселиле во некои пештери близу скитот Мала Света Ана. Таму, го заградиле дворното место, од дрва И кал направиле три ќелии кои биле долги долги метар И осумдесет И широки метар И педесет во кои освен од непоходните работи немале ништо друго И во една од пештерите направиле црквичка на св.Јован Крстител, во која се служело еднаш или двапати во неделата за да се причестат.

 Нивниот типик бил следниот: работеле до пладне, потоа се повлекувале во осама И се молеле на бројаница наместо вечерна служба И по малку читале. Потоа се собирале заедно на јадење И со благослов на Старец Јосиф се повлекувале во своите ќелии за одмор. По одморот следувало молитвено бдение до полноќ, секој во својата ќелија. Ако требало да се служИ света Литургија таа се служила по полноќ, а ако, пак, немало Литургија младите монаси или нешто читале или го посетувале Стрецот за исповед И духовен совет или продолжувале со исусовата молитва. Потоа пак, следувал мал одмор. Кога пак. Отец Харалампиј станал јеромонах, тогаш се служело секој ден Литургија И секој ден се причестувле со животворните И спасителни свети тајни како наш Леб насушен.

 За време на великите пости И така тешкиот живот И станал неподнодлив. Младите монаси со голема љубов желба И усрдност се труделе да го следат подвигот на својот Старец, но таа нивна жртва ги донела до крајните сили на изнмоштеност така да Стрец Јосиф во Јуни 1951 година одлучил да се преселат во Новиот Скит ( Неа Скити ).

 Таму се населие во некои колиби малку оддалечени од скитот И бидејќИ Старец Јосиф од болест неможел да пешачИ ниту пак да остане без Литургија И причест И овде изградиле мала црквичка повторно посветена на св.Јован Крстител. И во Неа Скити тие го продолжиле својот строг молитвен типик. Старец Јосиф не попуштал во својот строг подвиг туку настојувал И да го зголеми! Прележл И две тешки болести од кои за првата несакал да се лекува надевајќИ се само на Господ И Пресвета Богородица. Се опоравил после една година. Неговото тело постанало една рана но не се откажувал од своето возљубено молитвено правило. Болестите, строгиот И тежок подвиг, суровите услов допринеле неговото здравје драстичжно да се влоши. Во последните четириесет денови  од својот живот речиси вопшто И не јадел, причестувајќИ се секој ден И вкусувајќИ по малку лубеница.

 Неговата смрт била на преподобен.  Предвреме бил известен од Пречиста Богордица за неговата кончина дека ќе го земе на Нејзиниот празник. И на самиот празник успение на Пресвета Богородица,  за последен пат се причестил со светите тајни изговарајќи ги зборовите  за попатнина кон живот вечен, ги собрал своите ученици за испраќај И последен благослов. Во својата ќелија го оставил само Старец Арсениј И мирно ја предал својата блажена И чиста душа во рацете на Пречистиот, за Кого цел свој живот копнееше И живееше.

 Се упокоил на шеесет И една годишна возраст а изгледал како престар.

 

 Elder Joseph the Hesychast – Abbot Gavril
 Monasticism recognizes several venerable people, monks, who, in their time, left indelible marks in the history of the Orthodox Church. We can rightfully say that one of those leaders of monasticism is the venerable elder, father Joseph the Hesychast from the Holy Mount. He is the reviver and the guide of present monasticism in the Holy Mount, as well as Greece and America, and we can dare to say in Macedonia, the Balkans, and even here in Australia. With his small brotherhood: Elder Ephraim of Philotheou, elder Charalampus of Dionysiou, elder Joseph of Vatopedi, elder Arsenios Spileot the Hesychast, and his disciple elder Ephraim of Katunakia he raised spiritual life in the monasteries in the Holy Mount: Philotheou, Dionysiou, Vatopedi, Karakalou, Xeropotamou, Konstamonitou and a lot of other monasteries under the guidance of those ones. Their spiritual experience has an influence in many other monasteries, sketes and cells in the Holy Mount and abroad. Today, according to His providence, God spread all his direct or indirect disciples all over the world, and his spiritual writings have been translated in many world languages.

 Elder Joseph the Hesychast or Spileot was born in 1898 in the village of Levkis on the Paros Island in Greece. He has been chosen to serve God since he was in his mother’s womb. He lost his father when he was very young, and his mother, who was especially pious, took care of his education. Since his family was very poor, the young Frances, which was his name before he took monastic vows, had to labour from a very early age in order to provide the necessary things for the survival of his family.

 When he was 18, he left his home to go to Pirea, where he lived and worked. He finished his military service in the navy and continued to work. He was a very strong, brave and clever young man, and working as a merchant he started to gain wealth very quickly. He started reading the books from the Holy Fathers when he was 23. Reading about the exploits of the Holy Fathers and spending more and more of his time in prayer and exploits, he slowly started to detach himself from the world and the disturbance and the noise in it. His heart did not strive for the vanishing and false treasures on earth, but he strived for the undecayable, eternal and priceless treasure of the gift of the Holy Spirit in the Church. He gave up everything he had; he dispensed it to the poor and headed towards the country of the Heaven and Earth, of the Heavenly Empress, the Mother of God, towards the Holy Mount Athos.

 When he arrived there, he, firstly, walked across the whole Holy Mount in order to find an elder and a place for his exploit. Like a bee which goes from flower to flower collecting the sweetest nectar, so he used to go from elder to elder drinking the heavenly nectar of God’s grace collecting their spiritual experiences in order to upgrade himself, to grow and be in a communion with God. On the feast day of the Holy Transfiguration he climbed on the top of the Mount Athos, where there was a small church dedicated to the Holy Transfiguration of Christ, and there he met father Arsenios, who later became his inseparable friend and co-struggler. From there they went to the renowned elder Daniel in Katunakia who advised them to choose (find) an elder, who does not need to be a renowned one and to subjugate themselves to him in obedience, since the road of the life in Christ is a tradition and a gift of the Holy Spirit and is passed on from an elder to his spiritual child, and without the blessing from the elder and without the impeccable subjugation and obedience there cannot be salvation and divinization. After that, they found elder Ephraim who lived in the cell of the “Annunciation” and submitted themselves to him in obedience. His craft was making wooden wine barrels. He was a simple, good-hearted, calm, quiet, unthinkably silent and meek old man. His happiness for the arrival of the young novice monks was indescribable. Elder Ephraim was the one who brought young Frances into monasticism in the cave of St. Athanasius giving him the name Joseph.

Being persistent in the exploit of searching and suffering to achieve a greater prayer in the constant uttering of the name of God i.e. the Jesus Prayer: God Jesus Christ have mercy on me, with all-night vigils and strict fasting, elder Joseph acquired the gift of pure heart and the continuous prayer of the mind in the heart very early.

 One day, being in a state of an especially intense prayer and cry, but also in a spiritual sadness for the fact that he could not find a place for his exploit, he experienced the revelation of God’s grace. In one moment he looked towards the little church of the Mother of God, and there he saw a bright ray of light coming out of the church right above him in the form of a rainbow. In those moments he was totally changed, forgetting about himself. He was filled with light inside his heart and everywhere around him. He was not feeling his body. Then the Jesus Prayer started to flow out of his heart with no effort. It was a grace from God. From then on, the Jesus Prayer stayed in his heart forever, but with not as strong effect as the one at the first moment.

 Later, when he took the yoke of the holy obedience, having the experience and the flame of the prayer, he never reduced his exploit. Every night, after sunset, he used to go to a lonely place, and sit on a wooden chair, uttering the Jesus Prayer continually for six hours, locking his mind in his heart. He measured the time of the prayer with an alarm clock, which he used to put away from him in order not to disturb his prayer, setting it to go off after six hours. One night, abiding in prayer he was illuminated by the uncreated Light from God which spread itself so much that it illuminated the whole place, similar to the Tabor Light, where Saint Peter told God “it is good for us to be here”. Later, when he came to his senses, he noticed that the alarm clock had been ringing for a long time, without him hearing it. After this contemplation, the grace of the prayer inside him multiplied itself.

 Because their hesychastic life was different from the typikon of the fathers in the surroundings, for which they showed resistance, and in order not to tempt them, they moved to the quiet place “Saint Vasilius”. But they did not stay there for long, because after predicting his death, their spiritual father elder Ephraim rested in God.

 They used to spend the winter period in their cell, in prayer and fast, and during the summer father Joseph, together with his co-struggler father Arsenios, lived roving life, having nothing earthly with them, as God said:  take nothing, neither a stick nor shoes… and they used to go from one place to another searching advice from the holy fathers, zealots. When they walked, they impeccably held themselves to the silent way of life, threading in a certain distance one from the other in order not to disturb the beloved silence. They ate stale bread only. Father Joseph used to eat 75 grams of stale bread, and always after the ninth Byzantine hour. Every Saturday and Sunday they used to attend the Holy Liturgy in the monasteries where they received the usual meals like all the others. They spent eight years in this exploit.

 Later on, they decided to retreat again in “Saint Vasilius” and to spend most of their time in their cells, enjoying the reciting of the Jesus Prayer.

 There they built a small church dedicated to the Birth of Saint John the Forerunner, and started to make small wooden crosses as an everyday monastic craftwork. Father Arsenios used to make the rough part, making the form of the cross, and father Joseph used to carve the Crucifixion on the one side and the image of the Mother of God on the other side.

 There they live an almost prison life. It was the first time for father Joseph to experience a physical struggle which usually happens to the beginners, and he spent eight years in that difficult struggle.

 The eagles gather where the corpse is. The God-seekers, the ones that yearn for exalted aims, gather where there are spiritual fathers, the bearers of the spirit, who like fire pillars and fragrant lilies radiate and scent with their holiness and spiritual beauty. At that time other monks and novices started to gather around them. A lot of them came, but a small number of them stayed. The reason was that they could not endure their strict hesychastic typikon (rules, principles for living). Elder Joseph adopted the rule that he must not refuse anyone, but accept everyone with love until he wants to stay. Elder Joseph especially took care of the weak, the spiritually sick and the ones possessed with the devil, which if they only were obedient to him, because of his skill in the struggle with the passions, could be healed.

 In search of a more lonely and peaceful life, in January 1938 they moved to some caves near the skete Small Saint Anna. There they fenced the yard space, made three cells from trees and mud, which were 1.80 metres long and 1.50 metres wide, in which they had nothing more than most needed things. In one of the caves they built a small church dedicated to Saint John the Forerunner, where they had a Liturgy once or twice a week in order to receive the Holy Communion.

 Their typikon was as it follows: they worked until noon, then they retracted into solitude and instead of an evening service they recited their prayer on a rosary and did some reading. After that they used to gather for a meal and with the blessing from father Joseph they retracted again for some rest. After their rest they used to have praying vigil until midnight, everyone in his cell. If it was the day for a Liturgy, they had one after midnight, and if there was not a Liturgy the young monks used to read something or they visited the elder in order to confess or they continued with the Jesus Prayer. After that they had some rest again. When father Charalampus became a hieromonk, they used to have Liturgy every day, and they used to receive the life-giving and salvational Secrets as our most essential Bread every day.

 At the time of the Lenten Fast their already difficult life was becoming unbearable. The young monks, with a lot of love, wishes and forwardness, tried to follow the exploit of their elder, but that sacrifice of theirs lead them to the end of their forces and exhaustion, so that in June 1951father Joseph decided that they should move the New Skete (Nea Skiti).

 There they moved into some cottages in a short distance from the skete. Since father Joseph could not walk because of his illness and because he could not stay without the Holy Liturgy or Communion, they built a small church there, dedicated to Saint John the Forerunner again. In Nea Skiti they continued with their strict prayer typikon. Elder Joseph did not give up his strict exploit but he even tried to make it harder. He went through two difficult illnesses, the first of which he did not even want to treat, hoping to have help from God and the Holy Mother. He got better after a year. His body became one wound but he did not give up his prayer rule. The illnesses, the strict and difficult conditions lead to a drastic worsening of his health. In the last forty days of his life on earth he barely ate something, receiving the Holy Communion every day and tasting a bit of watermelon.

 His death was a death of a venerable person. He was informed in advance by the Holy Mother about his death, that he was going to be taken on Her feast day. On the day of the Dormition of the Holy Mother, he received the Holy Communion for the last time uttering the words “to have it on the way towards the eternal life”. He gathered his disciples to bid farewell and to give them the last blessing. He only let elder Arsenios to stay in his cell and he peacefully gave his venerable and pure soul in the hands of the Most-Pure, for Whom he lived and yearned all his life.

Извор: манастир на св. Прохор Пчински

http://www.stprohor.org.au/elder-joseph-the-hesychast-abbot-gavril/#more-2709

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная