Свети Јован Кронштадски
Што се однесува на отец Јован Кронштадски , јас сум уверен деко тој е вистински човек Божји. Ни вие нема да погрешите ако сметате така. Неговите книги се добри... добра е и таа книга – дневникот. Тоа се светли мисли на душа која живее во Бога.
Неодамна добив писмо од една угледна жена која поминала некое време во Кронштад и гледајќи како се одвиваат работите кај отец Јован, била духовно многу задоволна со него. Таа се прашува кога отец Јован спие?! Можам да забележам дека кога преку отец Јован не би дејствувала сила Божја, тогаш масата народ и приказните за него одамна би се развејале... А што на некои по нешто кај него не им се допаѓа, на тоа не треба да се обрнува внимание... зашто не гледаат сите исто...
Тој (отец Јован) го заслужува секое уважување. Работи за Бога и од Него добива сила. Нека Господ ја сочува неговата душа од гордост, која, не дај Божа, во миг би го разорила неговото дело. Тој бил или доажал кај преосвештениот митрополит Леонтиј, кој го окарактеризирал вака: „Смирен, кроток и прост по срце“.
Бевме во Кронштад... Колку е широка дејноста на Н.Н. Даруј му Господи трпение и чивај ги неосквернети даровите кои му се дадени!..
Отец Јован е многу брз... се чудам како поднесува толку работа. И подвигот му е спасоносен и даровите многубројни. Спаси го Господи!
Добро е што мислите на отец Јован така ве озаруваат. Јас ги нареков утрено, пролетно, миомирисно ветренце.
... Излегле книгите под наслов „Мојот живот во Христос“ на отец Јован Кронштадски... од ист вид како и моите. Но во нив има многу повеќе подобро отколку кај мене. Затоа не е на одмет да ги најдете и да ги прочитате...
Отец Јован Кронштадски е – Божји човек. Неговата молитва, по неговата голема вера, лесно стигнува до Бога. Нека Господ го сочува во смирение, во преданост на Неговата света волја и во самоодрекување.
1 Свети Јован Кронштадски бил четиринаесет години помлад современик на свети Теофан Затворник; се упокоил 14 год. после великиот архипастир.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)
Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)
Подготви: Златко Дивјаковски
Друго:Житие на свети Теофан Затворник