логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Свети Теофан Затворник

Вистинската цел на животот. Начин на животот кој и одговара на целта.
 
Што се случило со Вас? И што значат прашањата: “Не знам што да направам со својот живот. Нешто треба да се работи. Треба ли да си одредам цел за себеси?“ Читам и не можам да верувам – како сте дошле до така несфатливи помисли? Па Вие сето тоа сте го решиле кога изразивте желба да стоите на рамниште со вистинското човечко достоинство, онака како што Бог Му одредил на човека. За што ние и разговараме, ако не за тоа! Од каде Ви се таквите прашања?! Претпоставувам дека меѓу Вашите познаници има “напредни“, или сте биле во друштво каде што имало такви, па ги ширеле своите мудрувања. Тие обично така брборат. Ним постојано на врв на јазик им е доброто на човештвото, доброто на народот. И Вие веројатно сте се наслушале такви високопарни идеи, Ве опчиниле, и погледнувајќи на својот сегашен живот со жалење сте констатирале дека животарите во кругот на семејството и роднините без никаква корист или цел. Леле! Како тоа до сега никој да не Ви ги отворил очите?

Ако мојата претпоставка е на место, тогаш Ви следува да чините метании, оти за тоа не зборувавте, а дадовте збор дека за се отворено ќе пишувате. Но, било тоа така или не, не можам Вашето прашање да го оставам без одговор. Како потполно решение секогаш ќе послужи целокупниот наш разговор; сега накратко ќе ја изнесам само општата мисла, како би виделе дека овој живот, кој до сега сте го воделе или го водите, е вистинскиот живот и во него нема што да менувате.

Треба сосема одредено да се знае точната цел на животот. Зар не е тој веќе одреден? Општото правило е такво, што ако постои задгробен живот, тогаш целиот, без исклучок, треба да биде таму, а не тука. Тоа правило им е познато на сите и не треба посебно да се толкува, иако луѓето најмалку се држат за него во пракса. Но поставете си себеси како закон во животот со сите сили да одите кон таа цел, па ќе видите и самата каква светлост ќе разлие тоа по Вашето минливо пребивање на земјата и по сите Ваши дела. Прво што ќе се покаже ќе биде уверението дека се овдешно е само средство за другиот живот. Што се однесува до средствата постои еден закон: нив треба да ги употребуваме и да ги користиме така, да водат кон целта а не да отклонуваат од неа или да претставуваат препрека на патот кон неа. Ете Ви го и одговорот на Вашата недоумица: “Не знам што да направам со својот живот“. Гледајте кон небото и секој чекор на Вашиот живот одмерувајте го така да Ве води таму. Мене ми се чини дека тоа е така просто, а воедно така универзално.

Велите: “Нешто треба да се работи“. Секако дека треба. И работете што ќе Ви дојде под рака, во Вашето опкружување и во околностите во кои се наоѓате, и верувајте дека тоа ќе биде вистинско дело за Вас – ништо повеќе од Вас не се бара. Голема заблуда е кога луѓето мислат, особено “напредните“, дека можат да му придонесат на човештвото само ако превземат големи и бучни дела. Воопшто не е така. Потребно е само се да се прави по Господовите заповеди. Што всушност? Ништо особено, само она што од секого го бараат околностите на неговиот живот, што бараат конкретни случаи на кои наидува секој од нас. Ете така. Бог ја уредува судбината на секој од нас, и се што ни се случува во животот исто така е дел од Неговата седобра промисла. Сходно на тоа, и секој момент и секоја средба. Да земеме на пример: Ви доаѓа сиромав – Бог го донел. Што треба да направите? Да му помогнете. Бог, Кој Ви го донел сиромавиот, секако со желба Вие да му помогнете на тој сиромав, гледа како ќе постапите на дело. Нему Му е угодно да му помогнете на сиромавиот. Ќе помогнете? Направете го она што Му е угодно на Бога и сте направиле чекор кон крајната цел: да го наследите небото. Воопштете го овој случај и ќе го добиете следново: во секој нареден случај и при секоја средба треба да се прави онака како што сака Бог, што и да правиме. А што Он сака, тоа точно ни е познато и од заповедите кои ни се дадени. Некој бара помош? Помогни. Некој те навредил? Прости му. Самиот некого си навредил? Побрзај да го замолиш за прошка и да се помирите. Некој те пофалил? Не горди се. Те искудил? Не лути се. Дошло време за молитва? Моли се. За работа? Работи – и така натаму. Ако, откако ова ќе го разгледате, одлучите во сите случаи да делувате така што Вашите дела да Му бидат угодни на Бога, да се совршуваат точно според Неговите заповеди, тогаш на тој начин сите задачи во Вашиот живот ќе се решаваат во потполност и како треба. Целта е – блажен живот после гробот; средство – однесување според заповедите Божји во секоја ситуација во животот во која ќе се најдеме. Ми се чини дека тука се е јасно и дека нема причини да се замарате со комплицирани прашања. Треба да ги исфрлите од глава сите планови за општекорисна, сеопфатна, општочовечка дејност за каква зборуваат “напредните“, па Вашиот живот ќе биде спокоен и тивко ќе Ве води кон главната цел. Запомнете дека Господ ни чашата со студена вода дадена да се напои жедниот не ја заборава.

Ќе кажете: “Па како, но начинот на живот сепак треба да се избере и одреди?“ Но, како јас тоа да Ви го одредам? Ќе размислуваме, размислуваме, и – ќе ни настане метеж во главата. Подобро е и покорисно да се прими со покорност, благодарност и љубов она што Бог ќе ни го одреди во животот. Еве што е тоа кога сте Вие во прашање. Вие сега живеете под родителски кров. Што подобро да посакате? Топло, безбедно, пријатно. Живејте и не залетувајте се далеку во мислите. Извршувајте ревносно се што од Вас се бара. “Но сепак, размислете, не може така да остане засекогаш, треба конечно да започнам со својот живот – личниот. Што со тоа? Како да не размислувам за тоа?“ Еве Ви го најисправното размислување околу тоа: предајте се во Божји раце и молете се Он да Ви уреди се како наоѓа дека е најдобро за судбината да не Ви пречи, туку да Ви помогне да добиете блажен живот по гробот, не мечтаејќи за бласкава иднина. Откако ќе стекнете такво расположение, трпеливо чекајте да видите што Бог на крај ќе изрече за Вас. А ќе го изрече преку стек на околности и преку волјата на родителите.
 
Утврдувајќи се во таквите мисли и смирувајќи се во Бога, живејте не правејќи празни планови, туку правете се она што е до Вас во однос кон родителите, браќата и сестрите, кон другите сродници и сите луѓе. И никако да не мислите дека животот Ви е испразен. Се што и да направите во таа насока – со свесноста дека, според Божјите заповеди, така треба и така сака Бог – ќе претставува дело угодно на Бога. Тоа се однесува и на најмалото нешто.

Изгледа дека Ви објаснив се. Ја додавам само уште желбата добро да го сфатите она што го напишав, тоа да го прифатите и тогаш така да се владеете. Ви претскажувам дека ќе најдете потполн мир и дека нема да се вознемирувате со мисли како што е: “Мојот живот никаде не води, не правам ништо корисно“, и слично. Само уште срцето треба да го држиме на узда, инаку може да направи многу глупости. Навистина, и без срце е лошо: оти кај нема срце – каков е животот – но сепак, не треба да му се пушта по волја. Тоа е слепо и без строго раководење за час паѓа во јама.

Господ нека Ве благослови!

(Продолжува)    

Подготви: Б.Ѓ.

 Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3228
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7722
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная