логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Optinski.starci.jpg


  Optinski.starci.jpg

(1768 - 1841)

Глава 2
ДУХОВНИОТ РАСТЕЖ НА ОТЕЦ ЛЕОНИД ПОД БЛАГОДАТНОТО РАКОВОДСТВО НА СТАРЕЦОТ СХИМОНАХ ТЕОДОР

Во Оптинското братство, чиј што организатор и истакнат игумен бил отец архимандрит Мојсеј (1782-1862), до почетокот на XIX век не постоел старечкиот институт, при што самиот архимандрит Мојсеј бил веќе запознаен со старештвото од некои поранешни ученици на прочуениот молдавски старец схиархимандрит Пајсиј Величковски (1722-1794), со право сметан за обновител на монаштвото и на старештвото во Русија.


Оптинскиот игумен отец Мојсеј си поставил за цел во довереното братство да го воведе старештвото, толку неопходното за правилниот растеж на браќата. Во дваесетите години од XIX век на околу 500 метри од манастирот бил изграден познатиот Оптински скит „Св. Јован Претеча," каде што браќата можеле да се оддаваат на поосамен молитвен живот.


Токму во тој скит, по неговото изградување, во 1829 г. дошол да се подвизува со шестмина свои ученици јеромонахот Леонид, наречен при примањето на големата схима Лев. Тој станал првиот старец во Оптинското братство.


За детството на овој познат подвижник не се зачувани речиси никакви сведоштва. Се знае само тоа, дека тој се родил 1768 г. во градот Карачов од тамошни граѓани, чие што фамилијарно име било Наголкини. Во истиот град бил роден и неговиот духовен наставник и близок брат во Христа, познатиот схимонах Теодор, сепризнат ученик на старецот схиархимандрит Пајсиј.


На млади години отец Леонид се занимавал со трговија, многу патувал од својата татковина, запознал и контактирал со луѓе од разни слоеви. На тој начин, тој уште како мирјанин придобил познавање на човечките карактери, драгоцено за својата идна духовна дејност, како и умешност, која отпосле ја употребувал за полза на ближните, кои од него барале духовни совети.


Интересно е да одбележиме, дека уште во 1797 г. отец Леонид, кој, откако прекинал со светот се стремел кон созерцателен духовен живот, отишол како послушник во Оптинската пустина, која, по двегодишно престојување таму, ја напуштил - непознато од кои причини, за да помине неколку други братства и на крајот повторно да се насели во Оптина и таму да го заврши својот овоземен живот во 1841 г., на 72-годишна возраст, како голем праведник. Божјата Промисла го превела преку многу манастири, откако тој многу видел во својот живот и насобрал големо духовно искуство. Независно од внатрешните уредувања во одделни братства, тој насекаде искрено се стремел кон Бога и кон точно исполнување на своите монашки обврски. Така, незабележливо за себеси, тој растел духовно и се збогатувал со мудрост и добродетелност. Откако го минал првоначалното монашко училиште во Оптинскиот манастир, тој отишол во Белобержескиот манастир, каде што во 1801 г. бил пострижен за монах и го добил името Леонид. Во истата година на 22 декември тој бил ракоположен за јероѓакон, а по два дена за јеромонах. Неговото брзо воведување во јеромонашки чин покажува, дека тој ги надминувал другите браќа со својот подвижнички живот и се покажал достоен да стане служител на светиот олтар. Како јеромонах, отец Леонид го поминувал своето време во постојани трудови и на браќата им давал пример на вистинско послушание.


Еден ден, кога бил храмовиот празник, клиросните монаси - во знак на протест поради некои причини - одбиле да пеат на бдението, бидејќи мислеле дека со таа постапка ќе го принудат игуменот јеромонах Василиј да ги исполни нивните барања. Меѓутоа, игуменот не мислел да им отстапува и задоволува барања неполезни за нив. За да ги смири, тој го повикал кај себе секогаш послушниот отец Леонид и уште еден друг монах како него и им наложил тие да го отслужат бдението како клиросни певци. Во тоа време отец Леонид пренесувал сено од чифликот. Преморен и нечист, тој се подготвувал да вечера, кога му ја пренеле волјата на игуменот. Отец Леонид со добра волја ја оставил и вечерата и се, и макар и крајно изморен, покорно застанал на певницата и го отпеал со својот брат целото бдение. А, со редот на службата (типикот) тој владеел многу добро. Игуменот бил задоволен, а браќата - поучени.


Во 1804 г., уште како 36-годишен, отец Леонид бил забележан од месниот епископ Доситеј Орловски и Севски да стане игумен на Белобержескиот манастир. Неговиот избор се случил при следните околности. Кога поранешниот игумен јеромонах Василиј си поднел оставка, браќата се собрале и долго разгледувале кого да изберат на неговото место. Отец Леонид се отклонил од братското собрание и си рекол: „Тие ќе го изберат новиот игумен и без мене. А, квасецот во манастирот е стасан. Да отидам да сварам нов во кујната."


Меѓутоа, по долги разгледувања браќата решиле, дека нема друг соодветен за игумен освен отец Леонид и сите станале и отишле кај него во кујната, ја зеле црпалката од неговите раце, му ја одврзале престилката и го одвеле кај архијерејот, кој го потврдил за игумен.


Пред своето стапување на новата должност отец Леонид поминал малку време во Чолнскиот манастир, каде по Божја Промисла во тоа време се населил, тукушто пристигнатиот од Молдавија схимонах Теодор, за кого веќе рековме, дека бил духовен воспитаник на големиот старец Пајсиј, архимандрит на Молдавско-влахиските манастири. Отец Теодор дошол како наполно утврден во благодатта на Светиот Дух подвижник и како опитен раководител во духовниот живот. Тој на Чолнските браќа, меѓу нив и на отец Леонид, штедро ги раздавал богатствата кои ги поседувал и им бил извонредно многу полезен со своите духовни совети и упатства. Отец Леонид се приврзал кон него со целата своја душа и повеќе од сите придобивал полза од него. Токму под раководството на тој наставник, душата на младиот Леонид започнала да расте и да цвета во верата и благочестието, како дрвото кое го дава својот плод во свое време и чиј лист не венее (Пс. 1, 3). Највозвишена љубов ги сврзувала наставникот и ученикот. Таа љубов во Христа засекогаш го направила срцето на отец Леонид восхитено и цврсто во верата. По ова, наполно разбирливо е колку мачно за него било да се раздели со својот старец, кога требало да го заземе местото на игумен во Белобержескиот манастир. Меѓутоа, Божественото Провидение не за долго ги разделило двајцата соподвижници. Во Чолнскиот манастир отец Теодор станал многу познат со својата светост. Тој не сакал врева, туку тивок пустински живот. Пофалбите му биле здодевни. Сето ова го принудило да се пресели во Белобержеското братство, каде што отец Леонид како новоназначен игумен го примил со отворена прегратка. Така, отец Леонид повторно бил со својот драг старец. Тој ликувал како човек кој ја нашол ризницата, која за извесно време беше ја изгубил. Постојаното духовно општење со старецот го усовршувало жедниот за подвизи ученик - игумен, и бидејќи се вршел по волјата на својот раководител, а не по своја волја, тој го победил суетното самољубие и се задлабочил во светото смирение, кое, криејќи ги од неговиот поглед постигнатите успеси, ја запалувало во него жедта за се повеќе и повеќе труд на духовното поле.


Потоа, отец Леонид духовно општел и со еден многу благочестив и образован духовник кој заземал две должности: игумен на Брјанскиот Свенски манастир и инспектор на Орловската Духовна семинарија. Тоа бил отец Филарет - идниот прочуен со верата и своето благочестие Митрополит Киевски. Високо просветен, тој ја поврзувал својата научна подготовка со искреното срдечно благочестие кое постојано го развивал во себеси преку општење со смирени подвижници и монаси слични на отец Леонид. Од такви општења отец Филарет се научил да го цени духовниот разум на опитните старци и големата полза од нивното благодатно раководство.
Во исто време (1807 г.), со старецот Теодор се случило нешто болно и истовремено бескрајно радосно од духовно гледиште. Тој тешко се разболел. Цели девет дена не вкусил никаква храна и три деноноќија поминал во летаргичен сон. Но, токму кога се било безнадежно, тој одеднаш почувствувал невообичаена натприродна сладост од слезената благодат на Св. Дух врз него. Во душата на болниот отец Теодор тоа разгорело голема жед за осамен и тивок живот. Тој ја споделил таа желба со игуменот и браќата. Од љубов и почит кон старецот веднаш му била изградена осамена куќичка во шумата, на околу 2 кт од братството. Таму, во потполно пустинско молчење, схимонахот Теодор почнал да се подвизува во молитвата, заедно со добродетелниот јеросхимонах Клеопа. Малку подоцна, во 1808 г. кон нив се присоединил љубителот на моли-твениот живот отец Леонид, откако по соодветен ред се ослободил од својата игуменска должност во Белобержескиот манастир. Откако го напуштил местото на началник, тој се чувствувал бескрајно среќен да биде слуга и послушник на својот голем и смирен старец и да ги слуша, седнат до неговите нозе, неговите прекрасни поуки. Тука, меѓу пустинската тишина тој бил тајно пострижен во голема схима со името Лев, меѓутоа, продолжил да се нарекува Леонид.


Набргу, на посетителите на Белобержескиот манастир Промислата им ги открила големите подвизи и духовни постигнувања на пустиножителот отец Теодор, кој живеел тука наблизу. Славата за неговата добродетелност, љубов, сострадание, мудрост и непорочност се пренела насекаде по околните села и градови. Резултатот бил извонреден - илјадници посетители почнале во пустината да ја бараат неговата ќелија. Тоа траело извесно време, но не долго. Колку што самољубието ја сака славата, таа толку е тешка за смиреномудрието. Отец Теодор и неговите соподвижници започнале усрдно да Му се молат на Бога да им открие по својата блага волја каде да бегаат, за да не се заплеткаат во мрежите на суетата. И Бог наскоро во нивните срцата ја разбудил пламената желба да се преселат во најоддалечените предели на Русија. Цели три години таа желба се таела во нивните срца, додека најпосле отец Теодор ненамерно ги измамил своите соподвижници и сам заминал за Новоезерскиот манастир (1809 г.), а потоа се преселил во Палеостровското братство, каде што поминал три тажни години, гонет од човечка злоба и завист. Во 1812 г. тој се определил за безмолвие во скитот крај Валаамскиот манастир. Тука, по неколку години неговите ученици успеале да се присоединат кон него. Околу шест години тие се подвизувале заедно, додека во 1816 г. јеросхимонах Клеопа засекогаш ги оставил и се прибрал при Господа.


Колку и да бегал од суетната слава, схимонахот Теодор насекаде бил прогонуван од неа. Чувствителните души го чувствувале благомирисот на неговата душа и се собирале околу него. Ова предизвикало завист кај некои браќа. За да не дава повод за гревови во таа насока, схимонах Теодор, придружуван од отец Леонид и други свои ученици, нашол прибежиште во Александро-Свирскиот манастир, сметајќи се себеси за непотребен предмет во светот, недостоен за мирен живот на земјата. Тука тој се разболел и на 7 април 1822 г. (Светол Петок) мирно го предал својот дух на Бога. Еве како очевидци го опишуваат овој настан:
„Половина година пред својата смрт отец Теодор паднал тешко болен. „Слава Му на Бога. Слава Му на Бога" - често ги повторувал овие зборови во најтешките минути од своите страдања и велел: „Ете, најпосле, јас го гледам брегот на житејското море, по кое досега мојата душа пловеше како несигурен кораб носен од бури. Слава Му на Бога." Така, во длабоко смирение и синовска покорност пред Божјата блага волја, отец Теодор за се Му благодарел на Божјото провидение и се подготвувал за својот близок овоземски крај. Поминала Страсната седмица. Поминал и Велигден. Настапил Светлиот Петок. Одеднаш лицето на старецот засјаело. Радосна насмевка оживеала на неговите усни. Неговите тажни ученици, молчеливо опкружувајќи го неговиот одар, со побожен трепет и со избезуменост го набљудувале блажениот крај на Божјиот слуга. Преку Елеосветување и света Причест, чистата и светла душа на смирениот подвижник одлетала во горните живеалишта, во блажената вечност...


Отец Леонид остро ја почувствувал загубата на својот единствен духовен наставник и соподвижник. Но, Божјата Промисла не го оставала. Таа му покажала ново боиште за благодатен духовен труд. Макар и лишен од раководител, самиот отец Леонид бил како мудар старец за раководење на други во духовниот живот.


По седумгодишен престој во Александро-свирското братство, тој слушнал за новоизградениот оптински скит „Св. Јован Претеча," и неговите мисли почнале да летаат натаму. Тој жеднеел за осамен молитвен живот. Меѓутоа, пред да се реши да отиде во Оптина, тој поминал - по текот на околностите - околу 6 месеци во Плоштанското братство, каде што се запознал и зближил со својот иден следбеник во старештвото - отец јеросхимонах Макариј. Придружуван од шест свои верни ученици, во 1829 г. отец Леонид се појавил во истото прочуено Оптинско братство, во кое како младич ги направил своите први духовни чекори.

 

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

  Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА

2004

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Брегалнички г. Агатангел



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная