Успение на света Ана (07.08.2015)

Во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, Високопреподобниот архимандрит Никола, игуменот Фотиј и свештенството од Кумановско-осоговската епархија.На Светата Литургија јеромонахот д-р Григориј Настески (архиерејски заменик во Кумановско-осоговската епархија) беше произведен во чин игумен.






















Витавара, која се наоѓа на источниот брег на реката Јордан, на девет километри северно од Мртвото море, се состои од две главни археолошки зони: зоната Тел ел – Харар, позната како место од каде што на небото беше вознесен пророкот Илија, и зоната каде што се наоѓа храмот на Св. Јован Крстител, во близина на Јордан. Според христијанската традиција, во Витавара Господ Исус Христос го примил Крштението од раката на Св. Јован Претеча.
Јас веќе сум ти зборувал за ова. Кога христијанинот со полна доверба се предава на Господа, тогаш Тој испраќа мир и спокој, и во телото на човекот, и во неговата внатрешност. Како резултат на тоа, внатрешните органи и жлездите започнуваат да функционираат нормално и ние се ослободуваме од она што порано ни пречело и повторно стануваме здрави.
























