Архива: Божествена Литургија во манастирот св.Никола, с.Љубанци (15.02.2020)
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).







Многумина од нашиот род се облечени во облеката на побожноста, тие станале монаси. Но, од нив, само некои го направиле тоа со сето свое срце и се удостоиле да го стекнат избавувањето што ни беше донесено, со доаѓањето на Господ Исус Христос. Тие се оние, заради кои се радувам. Другите, пак, откако ја презреа силата на својот завет, постапуваат според волјата на плотта
Зошто го мразиме оној кому ѓаволот му се потсмева како и нам? Зошто, човеку, го мразиш грешникот? Бидејќи не е праведен како тебе? Каде е твојата правда, кога немаш љубов?! Зошто не заплачеш заради него, туку го гониш? Некои, кои за себе мислат дека здраво судат за делата на грешниците, се гневат заради тоа на нив, а така постапуваат од незнаење.
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На eдeн граѓанин, кoј нe бил наклoнeт кoн мoнаштвoтo а сакал да пoјдe вo манастир, св. Нeoфoнт му рeкoл: “Чeдo, мeстoтo ниту гo спасува ниту гo пoгубува чoвeкoт, туку дeлата гo спасуваат или гo пoгубуваат”. Нeма кoрист ни oд свeтo мeстo ни oд свeт чин oнoј кoј нe ги испoлнува запoвeдитe Гoспoдoви.
Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат.
Празникот на Светите Три Вселенски учители и светители е востановен за празнување во XI век за време на владеењето на благоверниот и христољубив цар Алексиј Комнен. Имено, секој од овие три архиереи - свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари, но во тоа време се појавил голем спор околу тие три светители меѓу верниците.
Во човекот се одигрува најинтересниот и најдраматичниот натпревар помеѓу невидливото и видливото.
На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија);
Ние не сме како православците од старите времиња.Сега повеќе намаме сили. И за нас постои само еден пат а тоа е смирението.Јас на секого му кажувам, како еден Отец мене ми кажа: Секогаш кога ќе влезам во Црква, јас треба да мислам како сите во таа Црква се подобри од колку јас самиот. Исто така треба да зборувам кратки молитви во мојот ум.„Господе прати ми го покајанието.“
Колку е важно да се гледа во иднината? Да веруваме и да се надеваме на најдоброто што сè уште не дошло, но ќе дојде. Не дозволувајте минатото да ве проголта, туку речете дека „со Божја помош“ се ќе оди кон добро. Ништо не завршило вчера, се почнува одново утре. „Вака живеел познатиот пророк на Црквата,
Вистински се зборовите на Господа. Во духовниот живот напредуваат само оние, кои според Господовата заповед, потполно се откажале од себе си, ги намразиле сите телесни желби, врски, разоноди, задоволства и уживања, и пред своите духовни очи Го имаат само Единиот Господ и сакаат да ги извршуваат Неговите заповеди.
Гoлeмата нoвoст штo христијанствoтo сeкoјднeвнo му ја јавува на свeтoт e: дeка ништo нe сe цeни сo пoлна цeна спoрeд надвoрeшниoт изглeд, туку спрeд суштината; дeка рабoтитe нe сe цeнат спoрeд бoјата и фoрмата, туку спoрeд значeњeтo; дeка чoвeкoт нe сe цeни спoрeд пoлoжбата и имoтoт туку спoрeд срцeтo вo кoe сe сoeдинува чувствoтo, умoт и вoлјата.

























