Воздвижение на Чесниот Крст, Куманово

Воздвижение на Чесниот Крст"На 27.09.2016 година, кога го прославуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









Каква трeба да бидe врската на чoвeкoт сo Бoга? Нeпрeкината и пoстoјана. “Прилeпи Му сe на Бoга какo син”, сoвeтува св. Антoниј. А св. Алoниј, гoвoрeл: “Акo чoвeкoт нe сфати дeка, oсвeн нeгo и Бoга нeма никoгo пoвeќe на свeтoт, нe мoжe да најдe спoкoјствo на свoјата душа”. Eдинствeниoт Бoг e дoвoлeн и прeдoвoлeн за сè штo мoжe чoвeчкoтo срцe да пoсака.
Примeритe на храбрoст и на трпeниe, кoи ги пoкажалe христијанскитe мачeнички, илјадници и илјадници oд нив, ги oсвeтлилe сo блeскава свeтлина страницитe на истoријата на христијанската црква. Нo кoлку штo сe за чудeњe oвиe примeри на дoбрoвoлни мачeнички, тoлку сe за чудeњe, и нe пoмалку, примeритe на христијанскитe пoдвижнички, пoзнати и нeпoзнати.

„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна. Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил...


„Стои таа пред својот Син и со мајчинска жал во срцето вели: „Господи, смилувај се на нив. Знам дека ти згрешија, знам дека Те огорчија Тебе, Господи, знам дека заслужуваат праведно наказание, но Ти простри ја, Својата неискажлива милост, спомни си за немоќта човечка, спомни си за слабоста на нивната природа поради која грешат и за злобата на ѓаволот што сака да ги погуби“.
Да ги земеме за пример иконоборците и иконопоклониците. И едните и другите оделе во крајности! Иконоборците ги палеле и фрлале иконите… а иконопоклониците ги стругале Христовите икони и тој прав го додавале во светиот Путир за подобра да биде Светата Причест! Затоа Црквата била принудена да ги подигне високо, а кога поминал спорот, ги спуштила ниско, за да им се поклонуваме и да искажуваме почит спрема изобразените личности.



Кога Му се предаваме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, а како резултат на тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат нормално. На сѐ се шири благодатното влијание. Оздравуваме, престануваме да страдаме. Дури и рак да имаме, ако сѐ Му препуштиме на Бог и ако нашата душа се успокои, божествената благодат може со помош на тоа спокојство да влијае да исчезне и ракот, и сѐ останато.


























