Литургија на предходно осветените дарови, Тетово (04.03.2015)

На 04.03.2015 година, кога светата црква го празнува споменот на Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија и Преподобен Доситеј се отслужи Литургија на предходно осветените дарови, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.
















Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.






























