г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски (03.09.2017 г. Брвеница)
Денешното свето Евангелие прочитано на Божествената литургија во овој свет храм посветен на светиот Атанасиј Велики во с. Брвеница говореше за параболата за лошите и неблагодарни лозари, кои испаднале предавници. Параболата е сликовита. Еден домаќин дал лозје под наем. Многу пати праќал слуги да ја наплатат наемнината, но наемниците ги убивале сите слуги. Потоа конечно го пратил и својот син, мислејќи дека ќе го почитуваат.






Црквата Господ ни ја оставил како Негово благодатно присуство на земјата во која сите ние се собираме (воцрквовуваме) и постануваме едно меѓу себе и со Христос, т.е. стануваме обожено тело Христово. И како што е едно телото Христово, така е и една Црквата, според зборовите на Св.ап. Павле : И како што телото е едно, а има многу делови, и сите се делови тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се. … и уште: Вие сте телото Христово,
Она што е особено важно да се нагласи – е тоа што за оваа наша прослава слушнаа и останатите народи во Австралија, како и Помесните православни цркви, кои испратија свои преставници на свечената прослава да ја споделат нашата радост. Посебно Руската Задгранична Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Австралиско – новозеландски г. Иларион испрати своја телеграма, која беше прочитана на прославата од нивниот преставник
Братот го праша ава Пимен: „Што да правам со своите гревови?“ Старецот рече:„Оној кој сака да се избави од гревови кои живеат во него, со плач се избавува од нив и кој не сака повторно да паѓа во нив, со плач се избавува да не паѓа во нив. Тоа е патот на покајанието, кои ни го предадоа Писмото и отците кои рекоа: „Плачете! Друг пат освен плачот нема!“
„Би се рекло, дека е многу едноставно сите водачи на државите и Владите да се соберат и да усвојат некакви јасни правила, што треба, а што не смее за да се спаси светот. Но тоа не се случува, бидејќи не е избран вистинскиот аголен камен, затоа што во основата е човечкиот грев, којшто го урива и личниот и општествениот и планетарниот живот“, истакна Претстојателот.
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен.
Знам, Господи, дека не секогаш оддавав признание и благодарност за здравјето, кое Ти ми го даруваше.
Видов на ФБ како деца туркаат ѓумови и чаши со вода на излегување од дома за да им оди лесно школската година нова. Убава е симболиката, ама мое е да кажам дека тоа е далеку од вера православна.
Сега секој е јавна личност, секој има своја `кариера`, секој може да биде препознаен на улица, да му се восхитуваат, секој е - НЕКОЈ, со покритие или без...,а умисленоста и гордоста растат ли растат !
Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно земните идеи, туку, да го следиме Христа.-
Откако ќе се случи некаква трагедија, луѓето одново прашуваат: „А каде беше вашиот Бог? Зошто Тој ништо не направи? Зошто Тој дозволи ова да се случи? Зошто, ако има Бог, злото толку лесно и слободно се случува во светот?“ А ние одново ќе одговориме нудејќи го Христовиот одговор: „Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви. Тој одговори и им рече:

Јас слушнав еден млад монах кога неговиот духовен отец го прекори и го праша зошто не е смирен како што бил кога се одрекол од светот, тој почна да се воздигнува горделиво и одговори вакаː
Најважно е што имаме во внатрешноста на нашето срце.
"Значи, дојди, мој возљубен сине. Дојди, макар на еден ден, за да беседиме за Бога и да богословиме и ќе се насладиш со она за што мечтаеш. Дојди, за да ги слушнеш овие диви карпи, тие таинствени и молчаливи богослови, кои ќе ти изложат своите длабоки мисли и исповедите на твоето срце и умот кон нашиот Создател.
Зад надворешната благонаклоност, ласкавото однесување, може да се крие многу опасен човек и знаеме дека токму затоа многу бракови се распаѓаат. Неретко слушаме: „Како јас не можев да разберам? Зошто ова се случи?“ Затоа што немало духовен поглед. Кој може нам да ни даде такво видување? Никој, освен Бог.“
Покрај вообичаените рубрики, овој пат отворивме уште една рубрика – репортажи, во која со секој нов, нареден број ќе биде опфатена репортажа за еден манастир или црква во Македонија. Целта ни е да не ги заборавиме нашите корени, да се потсетиме и да ги истакнеме нашите духовни богатства, па на тој начин да оствариме поблизок контакт со Татковината, а кога ќе ни се понуди можност, и да ги посетиме.
























