Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение (28.12.2014)








Новата Година нè учи да му благодариме на Господа за секој ден од животот кој преку покајанието може да стане ден на спасението. Годината – тоа е затворен круг од време, но на духовен начин може да се претстави како лествица, скалила кои се возвишуваат нагоре и се спуштаат надолу – во населбите на вечниот свет и во темнината на подземјето, во зависност од нашата вера и дела.



