Старец Ефрем Филотејски: “Колку е прекрасно што Бог ни покажува како Он го љуби монаштвото...“
Без разлика колку часови или денови ќе поминат до погребението - монахот како да спие. Ако некој спие, и го пресоблекуваат, пренесуваат и слично, така е и со телото на мртвиот монах. Од самиот потстриг, човекот веднаш го придобива тоа својство, тој карактер и натприродна особина. Зошто? Затоа што, како прво, Бог сака да покаже колку Му е угодно монаштвото, посветувањето на својот живот на Господ, а како второ, за да посведочи дека смртта на Христијанинот е сон.






Најтрагичен момент за еден свештеник е да крсти едно дете и никогаш повеќе да не го види во храмот. Да ја земеш таа прекрасна Божја креација во своите раце, да ја подигнеш во името на Света Троица и да не ја видиш повторно. И мојот внатрешен крик прашува : ‘’Зошто?”
Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку за Чoвeкoт Исус, кoгo Бoг гo вoскрeснал oд мртвитe и гo вoздигнал, нe самo над сиoт oвoј видлив и смртeн свeт, туку и над нeвидливиoт и бeсмртниoт, над ситe ангeлски чинoви и нeбeсни власти, над сeкаква јавeна и нeјавeна чудна eрархија нeбeсна, над сeкoe сoздадeнo битиe, пoзнатo или нeпoзнатo, и над сeкoe имe вo двата свeта, вo матeрјалниoт и вo духoвниoт.
Поучувањето во Православната Вера не може да ги следи методите на световната настава. Формалното образование пренесува знаење со цел да ги оспособи студентите за чување и анализирање на информацијата. Затоа, колку повеќе изучува, колку повеќе аналитична станува личноста, толку повеќе се вели дека е образувана. Поучувањето во верата не пренесува толку многу информации, колку што се стреми да го образува умот Христов (1 Кор. 2, 16) во душата на оние кои се поучувани.
Молитвеното застапништво пред Бога на прекрасниот саровски молитвеник, го можело дури и тоа. Не попусто отец Серафим во својата ќелија палел многу свеќи и за сите починати православни христијани вознесувал пламени молитви. Понекогаш тој врз себе земал и напорен молитвен подвиг за поедини упокоени, особено ако би го провидувал посмртниот удел што ги очекувал. Заради таквите молитви преподобниот, како што е познато, повремено на неколку денови се затворал во ќелијата, совршено оддалечувајќи се од посетителите.
Старец Порфириј често зборуваше и откриваше една голема вистина – дека човекот не е само она што се гледа, туку главно нешто друго. Тој е и едно негово скришно Јас, спротивното јас, како што велеше, спротивниот дух. Психијатријата, психоанализата, психолошките и педагошките науки се согласуваат со овие индикативни зборови на Св. Порфириј и ги потврдуваат. Дека во секојдневието, она што ги управува нашите движења, често е несвесниот дел на душата.
За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач. Мислите што доаѓаат од Божја страна нѐ учат на послушание, кон Црквата, кон Богородица и кон Бог. Тоа не се мисли што нѐ затупуваат, да не разликуваме добро од зло, туку мисли кои нѐ учат како да ги покриеме несуштинските грешки на ближните и да го сочуваме мирот во Црквата.
„Конечно по 100 години со благослов и менторство на нашиот сакан владика Макариј од Најроби, во епархијата во Најроби треба официјално да биде отворен првиот манастир“, пишува отец Методиј Кариуки, раководител на сиропиталиштето и училиштето „Свети Варнава“ во Јужен Кинангоп, Кенија. 
Сестрите од Архиепископијата во Темишвар при Романската Црква се собраа во неделата вечер да им помогнат на локалните болници во борбата против КОВИД-19 пандемијата.
Деновиве во тек е меѓународната теолошка конференција по повод 100 години од упокојувањето на св. Нектариј Егински. Многу почитуваниот и со бројни чуда прославениот Светија се родил во Селиврија, Источна Тракија во 1846 год и по многу претрпени искушенија и неволји, по многу испитанија на неговата цврста и длабоко вкоренета вера во Божјата промисла, која ги допушта страдањата за да го искали смиреното и во Бога вљубено срце, по долг и многуплоден труд на нивата Божја, се упокоил во крајна сиромаштија 1920 год во една Атинска болница.
Кога барем малку би ја имале вкусено благодатта Божја, ќе знаевме дека она што ја оддалечува неа од нас е – осудувањето, братојадењето, омразата и злото. Да ја чекаш на нишан грешката на другиот, подготвен да го застрелаш, не е христијански етос, туку на подземјето. Кога барем малку би ја имале вкусено благодатта Божја, ќе ја знаевме нејзината сладост, ќе правевме сѐ, за 
Интернетот е преплавен со апокалиптични сценарија - кој од вируси, кој од заговори - битно сите го гледаат крајот на светот. А всушност, и пред короната, ние сме живееле на „крајот на светот“, па сега сме нашле повод тоа торжествено да го објавиме.
На Симпозиумот свое пленарно предавање одржа проф. Антонио Риго од Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција, кој истовремено е претседател на Италијанскиот византолошки комитет, кој ќе биде домаќин на Светскиот византолошки конгрес во 2022 година, во Венеција и во Падова. На Симпозиумот, со свои реферати (меѓу кои и некои онлајн) настапија педесетина еминентни професори и научници од: САД, Велика Британија, Австралија, Италија, Русија,..
Во денот на тагата што не снајде, Кон Тебе, Христос Спасителот, прибегнувајќи, молиме за
Кога Бог и твоето „спасение“ се претвораат во вознемиреност и опседнатост, тогаш нема да имаш никакво духовно искуство. Кога вознемирено очекуваш нешто, тоа едноставно не се случува. Кога опседнато прогонуваш нешто, тоа постојано ти се измолкнува како отпор. Св. Порфириј велеше: „Плаши се од отпорот на своето скришно јас.
Затоа и постојат тие големи контрасти. Ќе видите луѓе, кои долги години се во Црквата и наместо да омекнат, стануваат се потврди, посурови, наместо срцето да им се шири, тоа се стеснува, наместо внатрешно да се откриваат, тие се сокриваат. Зошто станува така?-Затоа што постот, молитвата и сè друго прават, за да се почувствуваат добро и тоа не се љубовни односи кон Самиот Христос.

























