Ретроспектива (2005-2020): Христо Јанарас - БОГОРОДИЦА
Таа е “небо“, и “добра земја“, и “гора неотсечна“, и “камен кој ги напојува жедните за живот“, и “утроба која препородува“, и “градина која раѓа омилостување“. А ненадминливата “семантика“ на православниот живопис пренесува ликовен нацрт на тие слики(претстави) – некогаш на цртеж, некогаш на боја, и ја прикажува Богородица и како престол на Божественото додека држи доенче, и во молитва, и како Гликофилиса(Млекопитателка), или како “наведната“ при раѓањето Христово или на своето Успение. Богородица е новата Ева,...







Како навистина да станеме бог(ати)? Знаеме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога од својот вишок ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог.
Таму, среде безмолвието, се случува најголемата средба помеѓу созданието и Создателот, меѓу детето и таткото, кога ве обзема чувство на недостојност, срам и духовен бродолом: „Што да ти кажам, Господи? Како можам да застанам пред Тебе? “ „Просветли ги моите дела. Покажи ми ги моите грешки, дај ми солзи и молитва. Направи го моето срце Твој дом “. Прашања чии одговори се нејасни и тивки и им е потребно малку време за да излезат. Затоа што Божјата благодат делува во тишината и е соработник на човекот.
Патувајќи така, застаналe на кoнак кај нeкoј бoгoљубив чoвeк, кoј ги нагoстил дoбрo, давајќи им да јадат oд срeбрeна чинија. Oткакo сe најалe, ангeлoт ја фатил чинијата и ја исфрлил вo мoрeтo. На мoнахoт тoа му станалo и чуднo и кривo, нo мoлчeл. Втoриoт дeн застаналe на кoнак пак кај нeкoј гoстoљубив чoвeк, кoј дoбрo ги примил и свoјски ги нагoстил. При тргнувањeтo тoј чoвeк гo извeл свoјoт син eдинeц да гo благoслoват патницитe.
Ќе ти кажам едноставно и човечки, од моето духовно ниво, кое е ниско и земно, зашто се уморив од сложени анализи.
Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, изразувајќи ја нашата загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од апсурдните барања на Република Бугарија, а...
Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.
Прашањето на езотеризам на религијата има првостепено значање за нашите современици, не само затоа што пазарот на книги е опсипан со мноштво окултна литература која претендира на езотеризам -некакви тајни знаења, вообичаено нарекувани древна мудрост, туку во погoлема мера поради тоа што правилното решение на ова проблематика дава можност подлабоко и подобро да се сфати, протолкува и процени учењето на Православната Црква. Сите езотериски учења претендираат на избраност и елитност.
Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.
Денес несомнено, човештвото ја покажува својата крајна немоќ; гордиот и супериорен „над-човек“, самозамислениот „господар на светот“, сега, во 21 век, во екот на најголемата технолошка експанзија, го гледаме стуткан од страв, испаничен и немоќен. Се плаши и се крие од еден непријател, толку „голем“ што не е дури ни видлив за човечкото око. Гледате каква иронија?!. Со овие реченици ја започнува својата беседа за кризата владиката Епископ Антаниски г. Партениј.
Господ е Милостивиот и Праведен Судија кој ќе му суди на светот, но и покрај тоа што човечкиот потенцијал за зло не бил сокриен од него, Неговата Богочовека промисла создава живот, Царство, кое е во светот, но на светот не му припаѓа, и кое ни вратите на пеколот нема да го одолеат – како што знаеме, Црквата. 
Верата води кон смирение пред Бога како креативен почеток на животот. Дарот на верата не е непотребен товар, тој не е мртов капитал, не е празно суеверие, но служи како мотор на срцето, мислата и волјата на човекот. Од досега кажаново произлегува прашањето дали Го препознаваме Христос како Господар на нашата секојдневна активност, бракот, семејството, финансиската ситуација, нашата иднина и иднината на денешниов свет? И уште! Колку вистински дозволуваме суптилноста на овој свет, да ни ја потисне и да ја неутрализира верата што ја носиме во себе?
Христијанството како религија – како теоретски систем на објаснувања за рајот и пеколот, награда и казна,
Позитивната или штетната улога на болката зависи од личниот однос на човекот кон неа. Кога човекот не е способен во болката да види некаква смисла или цел, природно е да падне и да се разочара. Тој ја сфаќа како мачно патување кон небитието. Кога, напротив, човекот ја гледа болката како педагошко средство на Божјата промисла, тој може да ја искористи на позитивен начин и да ја вклучи во перспективата на своето духовно усовршување.
Господи, колку повеќе растам толку помалку сакам да разбирам, а повеќе да чувствувам. Сакам секој ден сè помалку да ти се противам, да направам место да влезеш со Твоите тивки стапки во секој дел од мојот живот.
























