“...Утренува духот мој кон Твојот Свет Храм...“
Манастирот е постојано посетуван од река поклоници, а доста луѓе се населени и во неговата околина за да можат редовно да го посетуваат и непрекидно да се насладуваат на духовната благодат што тече од него.
Недалеку од Манастирот постои гостинска куќа каде што обично престојуваат поклониците. Оттаму, некои од нив и пеш се упатуваат до Манастирот. Има околу 15 минути чекорење, а на патот, кој е прилично прометен, сеуште не се изградени тротоари (Манастирот собира донации за да може тоа да го направи во блиска иднина!).
Во сите останати денови, освен Недела, Светите Литургии започнуваат во 6 часот наутро. Зимно време тогаш е сеуште мрачно. На места патот и не е доволно осветлен. Но, ништо не ги спречува ревносните чекори упорно да итаат кон Светиот Храм за раната Божествена Литургија.
„Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина и да ме водат и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште.“ (пс.42,3)
(Продолжува)
Подготви: С.Л.
Јако да царја
{mp3}Jako_da_carja{/mp3}
Јединородни сине
{mp3}Jedinorodni_Sine{/mp3}
Тропар на воведение
{mp3}Tropar_na_vovedenie{/mp3}
Задостојник
{mp3}Zadostojnik{/mp3}
Друго:
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (1)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (2)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (3)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (4)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (5)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (6)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (7)