логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Stefan.HB.jubilej.jpg

Хамбург Германија


Црковна делегација предводена од архиепископот охриски и мкедонски г г Стефан , митрополитото за европската епархија Г. Пимен , митрополитот брегалнички Иларион,во дводневна посета на Хамбург Германија.
Пред насобраните верници кои дојдоа од сите страни на Германија,  се одржа Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот г.г.Стефан заедно со епархискиот архиереј г.Пимен и Брегалничкиот Митрополит г.Иларион. Од сите цркви од европската епархија беа дојдени свештеници и преставници на црковните одбори.
Дваесет години , можеби, се мал период во историјата , но за Македонците доселени во овој  град и крај на оваа земја се, пред се , време – светлосна мугра во македонското духовно будење и време темелбик врз кој с е потпира македонското црковно организирање порача Архиепископот Стефан во соловото изречено на прославата од 20 годишното постоење на МПЦО Свњети Ѓоржи Кратовски.
Негувајте и градете единство меѓу вас и со родот наш македонски и овде во Германија и по сиот свет, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.Потребно од се ни е единствомеѓу нашиот народ, зашто сме исправени пред големи искушенијаЧда го одбранимеисториското име, да ја зачуваменацијата и сите духовно национални придобивки и вредности.
На архиерејската литургија и на празнувањето на јубилејот присуствуваше и амабасадорот на РМ во Германија Корнелија Утевска како и почесниотМакедонски  конзул во Хамбург Ханс Јуерген Боеш.
Ке биде приказан филмот Име си е име .

 

За Преминпортал,Јулијана Тануровска 

Stefan.HB.jubilej.jpg 
Скопје, 30 септември (МИА) - На покана на  почесниот македонски конзул во Хамбург, Ханс Јуерген Боеш, висока црковна делегација предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, митрополитот за Европа г. Пимен, митрополитот на Повардарска епархија г. Агатангел, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, престојуваа во дводневна посета на Германија.
За време на посетата беа остварени повеќе средби со претседателот на Советот на Сенатот Волкмар Шоен кој искажа благодарност кон придонесот на Македонците кои живеат и работат во Хамбург, а од страна на г.г. Стефан беше искажана благодарност кон црковните власти во Германија за помошта и гостопримството што ја има нашиот православен македонски народ, кои, како што рече, иако оддалечени од својата татковина успеваат да најдат начини да ја искажат љубовта кон својата Македонска свети климентова православна црква.
На средбата присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Берлин, Ѓорѓи Филипов, кој ја потенцираше меѓусебната пријателска соработка помеѓу двете држави, за што зборуваат и обостраните неодамнешни пријателски и работни посети на претседатели на Македонија и на Германија.
Членовите на македонската делегација ја посети најголемата и најважна барокна евангелистичка црква во Хамбург „Св. Михаил“, која била повеќе пати досега палена, но секогаш обновувана и повторно изградена, објаснуваше старешината на црквата пастор Александар Роедер.

 

 Stefan.HB.jubilej.jpg

 Stefan.HB.jubilej.jpg

 Stefan.HB.jubilej.jpg

 Stefan.HB.jubilej.jpg

 Stefan.HB.jubilej.jpg

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

16/06/2025 - понеделник

Петровденски пости;(строг пост)

Св. маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Св. свештеномаченик Лукијан; Св. маченик Димитриј, принц руски;


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная