логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


markov.sv.Zlata1.jpg

Храмот на св. Петка -  Скопје

markov.sv.Zlata1.jpg

На 12 март 2010 година, во Петтата   недела на Великиот пост, во присуство на многубројниот верен народ , во храмот на св. Петка   во Скопје, се отслужи   канон и акатист кон  Пресвета Богородица.  На вечерната богослужба беа благословени и прекршени околу  двестотини празнични лебови.

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

  markov.sv.Zlata1.jpg

 СЛУЖБА НА АКАТИСТОТ
По Шестопсалмие, Бог Господ: на глас 8. Тропар, глас 8.
Кога ангелот ја прими на ум заповедта, бргу отиде во домот Јосифов, велејќи и на неискусобрачната: Оној што со своето доаѓање ги приклони небесата, целиот неизменливо се сместува во тебе. Гледајќи то како во твојата утроба прима облик на слуга, вчудовиден ти викам: Радуј се, Невесто неневесна (3-пати).
Потоа ја читаме 16та катизмата од Псалтирот: Рече Господ на мојот Господ: Потоа мала ектенија и кондак, глас 8.
Тебе, Богородице, поборнице војвотко, ние твоите слуги, од злото избавени, победна и благодарствена песна ти пееме: Како онаа што имаш сила непобедлива, од секакви неволи ослободи не, за да ти викаме: Радуј се, Невесто неневесна!
За тоа време ѓаконот (свештеникот) ги кади иконите и браќата (народот), по ред. На другите, само настојателот хоровите (певниците). И читаме 6 икоса и кондака. За време на читањето стоиме:
Икос 1: Ангел застапник беше испратен од небото да и рече на Богородица: Радуј се! И гледајќи дека Ти, Господи, со гласот на бесплотниот се воплотуваш, зачуден стоеше и вака и велеше:
Радуј се, од тебе ќе изгрее радоста; радуј се, преку тебе ќе исчезне клетвата!
Радуј се, на паднатиот Адам враќање; радуј се, Евино од солзи избавување!
Радуј се, височино за човечките помисли тешко достижна; радуј се, длабочино и за ангелските очи несогледлива!
Радуј се, зашто си престол на Царот; радуј се, зашто Го носиш Оној што носи се!
Радуј се, ѕвездо што Го навестуваш Сонцето; радуј се, утробо на божественото воплотување!
Радуј се, преку тебе тварта се обновува; радуј се, преку тебе на Творецот Му се поклонуваме!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 2: Светата, гледајќи се себе во чистота, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!
Икос 2: Б арајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева повика кон служителот: Кажи ми како е можно да се роди Син од чиста утроба! А тој со страв и рече вака:
Р адуј се, тајнице на неискажливиот Совет (Божји); радуј се, пазителко на тајна што бара молчење!
Радуј се, ти си почеток на Христовите чудеса; радуј се, ти си основа на Неговите заповеди!
Радуј се, лествице небеска, по која слезе Бог; радуј се, мосту кој луѓето ги преведуваш од земјата кон небото!
Радуј се, чудо преславно за ангелите; радуј се, рано најстрашна за демоните!
Радуј се, ти што неискажливо ја роди Светлината; радуј се, ти која никому не кажа како стана тоа!
Радуј се, ти што го надминуваш знаењето на премудрите; радуј се, ти која го просветлуваш умот наверните!
Радуј се, Невесто неневесна!

markov.sv.Zlata1.jpg

  markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

  Лето Господово 2010

Друго:

 Благодарствено, со песни непрестајни,
Нападнатиот од непријатели град и пее на својата заштитничка.

Akatist.BOGORODICA.jpgВо овој ден празнуваме неседална песна - Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји. Кога велможата Сарвар ги плени сите источни земји, тој стигна и до самиот златен град (Хрисополис), кој сега се именува Скутари. Царот Ираклиј, поради недостатокот на општественото богатство (злато), свештените и црковни сосуди ги претвори во златници, заради поголем и посовршен реванш, употреби бродови на Црното Море, за да ги отфрли на персиска страна; тој ја уништи нивната моќ и Хозрој беше победен со остатокот од неговата војска. Малку подоцна, Сирој, синот на Хозрој, се побуни против својот татко и ја грабна власта. Тој го уби својот татко Хозрој и се здружи со царот Ираклиј. Но, хаганот мисојски и скитски, кога дозна дека царот го минал Црното Море за да се бори со Персијанците, го раскина примирјето со Грците и, на чело со илјадници војници, стигна до Константинопол од западната страна, извикувајќи хулни гласови против Бога. Веднаш морето се исполни со бродови, а копното со пешадија и безбројни коњаници. Тогаш патријархот Константинополски Сергиј, го тешеше народот да не се предава и да не се разочарува, туку сета своја надеж од душа да Му ја предаде на Бога и на Неговата Пречиста Мајка Богородица. Исто и патрицијот Вонос, кој тогаш управуваше со градот, го направи она што беше потребно за да ги одбие непријателските војници. Тој велеше: „Треба и ние, покрај помошта одозгора, да го направиме она што е во наша моќ". А патријархот, со сиот народ, носејќи ја иконата на Божјата Мајка по бедемите, им даваше подршка. Додека Сарвар од исток, а Хаганот од запад почнаа да ја палат околината на градот, патријархот ја носеше и иконата „Неракотворен Образ Христов", чесниот и животворен Крст, како и чесната риза на Богомајката, околу градските бедеми. А Хаганот Скитјанин ги напаѓаше градските бедеми од копно со толку големо мноштво, што на еден Грк имаше по десет Скити. Но, непобедливата Војвотка (Богородица), со малиот број војници што се наоѓаа крај нејзиниот храм, наречен Извор, го уништи нивното мноштво. Тогаш Грците, охрабрени и радосни, под водство на непобедливиот Војвода - Божјата Мајка, ги победија до крај и засекогаш. Кога им предложи примирје, граѓаните одбија, а Хаганот им рече: „Не залажувајте се со Бога во кого вие верувате, бидејќи утре секако ќе го освојам вашиот град". Граѓаните, кога го слушнаа ова, ги пружаа своите раце кон Бога. Откако се договорија, Хаганот и Сарвар нападнаа и од копно и од море, обидувајќи се да го заземат градот со помош на лукавства. Но, толку беа победени од Грците, што преживеаните не беа способни да ги изгорат ни мртвите. Чунови полни со војници, минувајќи низ кривината наречена Рог, се упатија кон Богородичната црква во Влахерна, но една силна бура го разниша морето ненадејно и оваа флота беше разбиена, уништена со сите непријателски бродови. И можеше да се види тоа чудо на Мајката Божја: ги одби од брегот во Влахерна сите напаѓачи. Тогаш народот побрза да ги отвори портите и речиси сите ги испотепаа, па дури и жените и децата се кренаа против непријателот. Нивните началници се вратија, плачејќи и редејќи. А богољубивите луѓе на градот Константинов, оддавајќи и благодарност на Мајката Божја, отпеаја една сеноќна песна, без седење (неседална - Акатист), бидејќи и таа самата не престануваше да бдее за нив, и со натприродна сила таа ги победи непријателите.
Оттогаш, во спомен на тоа толку големо и натприродно чудо, Црквата го прими овој празник во чест на Мајката Божја, во ова време од годината кога се случи таа победа. А се именува Акатист, бидејќи тогаш беше отслужен стоејќи од страна на свештенството и од сиот народ.
Триесет и шест години подоцна, за време владеењето на Константин Погонат, Агарените собраа огромна војска и повторно го нападнаа Константиновиот град и го опседнуваа седум години и, кога тие зимуваа покрај Кизик, тие погубија многу свои (жители). Потоа, откако се откажаа и се вратија со нивната флота, сите тие беа проголтани од морето, покрај Силое, благодарејќи на заштитата на сечистата Богомајка.
И по третпат, за времето на Лав Исавријанин, потом-ците на Агара, на број повеќе илјади, најнапред го разурнаа Персиското царство, потоа Египет и Либија, ги освоија и Индија, Етиопија и Шпанија. Најпосле го нападнаа и царскиот град со илјада и осумстотини бродови. Тие го опколија и чекаа да го ограбат. Но градските посветени луѓе, носејќи го чесното дрво на чесниот и животворен Крст, и чесната икона на Мајката Божја - Одигитрија (Патеводителка), ги обиколија градските бедеми, молејќи Го Бога со солзи. Тогаш на Агарените им се стори дека е подобро да се поделат на две групи: едните тргнаа против Бугарите и таму загинаа повеќе од дваесет илјади; другите беа оставени околу градот за да го заземат. Бидејќи беа спречени од веригите кои одат од Галата до градските ѕидови, тие допловија некаде до местото кое се именува Состен, но таму почна да дува северен ветар и многу нивни бродови се искршија и се потопија. Преживеаните станаа плен на голем глад, така што почнаа да јадат и човечки тела и кал. Потоа, бегајќи, стигнаа до Егејско Море, но таму се потопија со сите нивни бродови, бидејќи падна силен град од небото и го разбранува морето, така што ја распрсна и смолата на бродовите, и така изгина оваа огромна војска, од која останаа само тројца за да раскажат.
Поради сите овие натприродни чуда на Пречистата Богомајка, ние го празнуваме овој празник. А го именуваме Акатист, бидејќи таа ноќ сиот народ остана стоејќи за да ја пее химната на Мајката на Словото. Ако при пеење други песни може и да се седи, овие на Божјата Мајка сите простум ги слушаме.
По молитвите на Твојата непобедлива Мајка, Христе Боже наш, избави не и нас од неволјите што не притискаат, и помилуј не како единствен Човекољубец.

  

Извор: ПОСЕН ТРИОД

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная