Богојавление во Руската Катедрална Црква Покров на Пресвета Богородица во Чикаго
Празникот Богојавление најторжествено беше прославен и во Рускиот Катедрален Храм посветен на Празникот Покров на Пресвета Богородица во Чикаго (Дес Плеинс, Илиноис). Празнувањата започнаа уште во неделата навечер со Вечерна и Утрена Богослужба (на која Архиерејскиот хор го водеше диригентката од нашата Македонска Црква Св.Петка), а продолжија во понеделникот со Царските Часови, Вечерна Богослужба со Света Василева Литургија и Голем Водосвет, за да достигнат кулминација со Богојавленското Бдение во понеделникот вечерта и Света Архиерејска Литургија и Голем Богојавленски Водосвет на самиот ден Богојавление. Не помалку торжествено беше и празнувањето на Светиот Јован Крстител – Претеча Господов, со Вечерна и утрена Богослужба и Света Литургија. Инаку, во текот на сите овие празнувања, Храмот беше преполн со народ! Слава на Бога за се!!!
Известува: верник од МПЦ „Св.Петка“- Чикаго.
фото: www.holyvirginprotection.org.