Дебар, 30 октомври 2009 г.( МИА) - По еден месец од големиот пожар во кој изгоре дел од Бигорскиот манастир, помошта за неговото обновување пристигнува бавно.
До сега се собрани околу 50 илјади евра, што е незначителна сума, ако се знае дека направената материјална штета изнесува 5,5 милиони евра, а помош главно доаѓала од обичните граѓани и помали фирми.
Од братството на манастирот уште еднаш апелираат за помош, посебно од поголемите фирми, бидејќи нивниот одзив е многу слаб. Тие сметаат дека е потребно да се покаже хуманоста на поголемите фирми во Македонија.
При посетата на манастирот, амбасадор Рикер, деновиве вети дека во обновата ќе помогне и американската амбасада. де/ир/16:35