Скопје, 04. 12. 2008г.
На денешниот празник, Воведение на Пресвета Богородица, пред почетокот на светат Литургија, Архиепископот Охридски и Македонски г..г. Стефан, во сослужение на старешината на храмот и свештенството од Скопската епархија, ги освети новопоставените икони на иконостасот во храмот на Рождество на Пресвета Богородица. Иконостас е дело од ктиторството на г-дин Трифун Костовски со семејството, а изработен од рацете на нашиот познат зограф Никола Цонев.
Денес кога Светата Црква го празнува споменот на Воведување на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм, и на Нејзиното посветување во служба и служење на Бога, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, во сослужение на старешината на храмот и свештенството од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија во храмот на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан:
...„Возљубени, празнувањето на овој спасоносен настан од животот на Пресвета Богородица, и нам денес ни порачува да расмислуваме колку е благотворно редовното посетување, редовното престојување во храмот, и особено колку е полезно учеството на светите богослужби. Ако знаеме што претставува храмот, тогаш уште повеќе ќе ја разбереме ползата од нашето присуство во него. Секој храм ја претставува црквата Христова, во секој храм го имаме она што Господ Исус Христос ни го оставил за наше спасение. Храмот е место каде што се објавува науката Христова, место каде што се потсетуваме на проповедтта на апостолите, на претскажувањата на пророците. Овде во храмот ни се даруваат различните дарови на Светиот Дух преку Светите Тајни.“..
Аудио:
Посети: {moshits}