Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“, го подготви и го издаде своето најново издание, книгата „Воскресна преобразба“. Книгата ја преведе завршениот богослов и студент на Теолошкиот факултет, Бране Николов.
Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231 или пак да ни пишете на нашата е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Цената на книгата е 150 денари.
Во прилог можете да го прочитате и предговорот на оваа книга.
Што ја разделува светлината од темнината, радоста од тагата, животот од смртта, доброто од злото? На изглед далечни и спротивни, но сепак ги разделува само една тенка линија, еден збор, еден допир, и еден момент.
Еден таков момент се покажал како пресуден во животот на Тома, главниот лик од оваа приказна која се граничи со фантастиката, иако е вистинска. Нормално, ништо не се случило случајно, туку тоа било за времето на Пасха, чиешто значење е премин, патување. Евреите го нарекле Пасха своето излегување од египетското ропство и патот кон ветената земја, слободата и радоста. Такво патување се случило и во душата на овој човек, кој се предал себеси потполно во рацете на духовниот Мојсеј, Исус Христос, и бил воден до местото каде што само Он можел да ја одземе неговата душа.
Неговата душа, исчистена со најдрагоценото миро - солзите на вистинското покајание - и просветена со искрени намери, беше одведена на патот до враќањето во духовната Ветена Земја. Донел достојни плодови за покајание и станал налик на градот кој стој на гората. Тома Рисков, поранешен затвореник, некогаш голем убиец и страв и трепет кај населението, како втор Савле, се преобразил во жив проповедник на љубовта Христова, и постанал светител на својата земна татковина! Кој би го очекувал тоа и кој би се надевал на тоа? Што е невозможно за луѓето можно е за Бога. Бидејќи Он рекол: „Ги ставив пред вас животот и смртта... одберете го животот“
Приказната која следува се одликува со јасност и радува со својата едноставност, вистинитост и живост. Дури може да се каже дека потсетува на приказната за пророкот Давид, жената блудница која го помазала Господ, разбојникот на крстот, цариникот, Свети Павле и светата Марија Египетска. А што е по природно од тоа да се знае дека човечката душа е иста, дека Христос е ист и дека покајанието е исто!
Читателот е заобиколен со приказната се до последната страница. Многу е тешко да се задржат солзите, особено ако читателот има слично искуство на покајание. А доколку немал, се молиме да го доживее, бидејќи додека има грев во светот на луѓето ќе им биде потребно покајанието. Маран ата; Дојди Господи!
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/