Архиепископот Стефан отслужи Света Литургија во Сидер Гроув, Њу Џерси (17.11.2024 21:07)
На 17.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, отслужи Света Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси. На Архиепископот му сослужуваа бројни свештенослужители од Американско-канадската и од Скопската епархија, како и од Источноамериканската епархија на сестринската Српска Православна Црква.
По Божествената Литургија Архиепископот отслужи Парастос за сите упокоени дејатели на оваа македонска црковна општина: свештенослужители, иницијатори за создавањето на црковната општина , ктитори, претседатели и членови на одборите.
Потоа Архиепископот ги освети и ги постави камен-темелите за параклисот посветен на Преподобна Параскева – Света Петка..
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=8064
Архиепископот Стефан отслужи Воскресна вечерна богослужба во Њу Џерси (16.11.2024 21:05)
На 16.11.2024, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Воскресна вечерна богослужба во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси, САД. Вечерната богослужба беше отслужена по повод прославата на јубилејот – 50 години од Осветувањето на првиот храм на црковната општина, којшто бил осветен во 1974 година и се наоѓал во градот Пасеик, Њу Џерси. На Архиепископот му сослужуваа бројни свештенослужители од: Американско-канадската и Скопската епархија, како и од Источноамериканската епархија на сестринската Српска Православна Црква.
По Вечерната богослужба беше приредена Свечена трпеза на која што присуствуваа и архијерејскиот заменик на Американско-американската епархија, протојереј-ставрофор Синиша Ристовски, заменик претседателот на епархискиот управен одбор на Американско-канадската епархија, проф. д-р Томислав Јовановски, македонскиот амбасадор во Вашингтон, Неговата екселенција г. Зоран Попов, почесниот конзул на Македонија во Њу Џерси, г. Славко Маџаров и заменик конзулот на Македонија во Њујорк г. Никола Ѓорчев. На прекрасната свеченост, пред многубројните нашинци од овој крај на САД, настапија културно-уметничките друштва на Македонците од Њу Џерси.
По повод јубилејот и успешното полувековно делување на црковната општина домаќин – „Свети Кирил и Методиј“, како и на црковната општина „Рождество на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хаитс, Мичиген, САД, чијшто прв храм, исто така, бил осветен во 1974 година, Неговото Блаженство ги одликува овие две македонски православни црковни општини со Архиепископско одличје „Архиепископ Доситеј“.
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=8063