„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!“ Стоиш ли, седиш ли, јадеш ли, патуваш ли, или што и да правиш, постојано кажувај ја оваа молитва, срдечно принудувај се на неа, зашто таа ги поразува невидливите непријатели, кои војуваат против нас. Запечати ја и во своите мисли.
Не смутувај се да ја кажуваш тајно дури и во бањата. И кога јазикот и устата ти се изморат, тогаш моли се со умот.
Произнесувај ја Исусовата молитва на глас, тивко, така што само ти да ја слушаш. За време на молитвата не треба да талкаш со мислите по житејските работи, а треба без мрзливост да пребиваш во неа, зашто молитвата не е ништо друго освен отуѓување од видливиот и невидливиот свет. Каде што е телото, таму и умот треба да биде со нас и да нема никаква помисла за време на молитвата.
ПРЕПОДОБЕН СТАРЕЦ ПАЈСИЈ ВЕЛИЧКОВСКИ
"pravoslavenistocnik.mk"
(Житија На Светиите)
Православен Источник