логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT319

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, излезе од печат книгата „Старец Тадеј“, во која се содржани животописот и поуките на старецот Тадеј Витовнички. „Какви ти се мислите - таков ти е и животот“ – по оваа поука сите го препознаваат старец Тадеј. Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување.

Книгата ја преведе ѓаконот Петар Петковски.


Предговор на книгата за Старец Тадеј
14.03.2023.

Отец Тадеј роден е во Петровац на Млава на 19 октомври 1914 година. Крстеното име му е Тома, бидејќи се родил на неговиот празник. Како недоносенче бил крстен веднаш по раѓањето, од страв да не умре, но со чудо Божјо, веднаш по крштението ги отворил дотогаш затворените очи, покажал знаци на живот и почнал да напредува.

Бил одличен ученик, и откако почувствувал монашки призив, заминал кај руските монаси во манастирот Милково на 6 август 1932 год. Таму раководел со манастирот игуменот Амвросиј со отец Исакиј, обајцата чеда и наследници на Оптинските старци.

По смртта на игуменот Амвросиј во мај 1933 год., сите руски монаси се разотишле по други места, а Тадеј отишол во манастирот Горњак каде што бил замонашен во 1935 година, а веднаш потоа ракоположен во ѓаконски и свештенички чин.

Со уште неколку монаси бил испратен да изучува иконопис во Иконописната школа во манастирот Раковица. Откако добро го изучил иконописот останал во таа школа уште некое време, но поради кревкото здравје и проблеми со дишните ограни, не можел да работи во затворена просторија со мирисот на боите.

Во 1938 патријархот Варнава го испраќа од Раковица во Печката патријаршија каде што останал до 1941 год., по што се вратил во Раковица, но во 1948 пак бил испратен во Печката патријаршија, каде што останува како игумен во манастирот во кој тогаш престојувале неколку монаси и 70 семејства на бегалци. Во 1955 заминува во Браничевската епархија кај епископот Венјамин, но во 1957 пак е вратен во Печката патријаршија. По речиси една година конечно преминува во Браничевската епархија, каде што станува старешина на манастирот Горњак.

По Втората светска војна бројот на монаси во Хиландар опаѓа, па постоела опасност манастирот да премине под грчка јурисдикција. Затоа многу монаси од Србија посакале да отидат таму меѓу кои бил и игуменот Тадеј. Неколку години претходно на Света Гора заминуваат јеромонахот Наум Миљковиќ (познатиот отец Стефан Каруљски), и уште тројца искушеници, меѓу кои и Бранко Витковиќ (познатиот отец Георгиј). Бидејќи Наум, Бранко и Тадеј планирале да го вратат општежителниот типик во манастирот, во време кога тоа не им годело на сите Хиландарци, па затоа сите тројца морале да го напуштат манастирот. Јеромонахот Наум заминал во рускиот манастир на Свети Пантелејмон, каде што бил замонашен во Велика схима и добил ново име – Стефан. Потоа заминува во најзилотскиот дел на Света Гора, наречен Каруља, каде што ќе се подвизува до крајот на неговиот живот.

Истиот тој отец Стефан го замонашува искушеникот Бранко, со ново име Георгиј, и тој се населува во манастирот Русик, каде што бил замонашен и свети Сава, синот на Немања. За овие двајца подвижници се зборува и пишува дека се свети и јуродиви подвижници.

Старец Тадеј не бил примен, како што сметал самиот тој, затоа што таму попрво примаат искушеници, отколку постари монаси и игумени, кои веќе имаат стекнато поинакви навики во своите матични манастири.

На Света Гора останал само 2 месеца, а потоа се вратил во манастирот Витовница, па во манастирот Тумане, па потоа пак во Витовница. Заради недоразбирања со својот архиереј бива прогонет од манастирот, па го завршил својот блажен живот во домот на Слободан Грубор во Бачка Паланка. Се упокоил на 13 април 2003 година, а погребан е на 15 април во манастирот Витовница. Остана запаметен по неговите поуки, како еден од најголемите духовници, кај кого понекогаш се исповедал и самиот патријарх Павле. По неговата смрт многумина сведочат за чудесни настани кои се случуваат кај неговиот гроб, или од неговите фотографии и икони.

„Какви ти се мислите - таков ти е и животот“
– оваа негова поука се рашири буквално низ цел свет и преку неа сите го препознаваат старец Тадеј. Во речиси сиот негов живот бил повлечен во анонимност, и никогаш не излегувал без благослов од манастирот, нешто што го барал и од своите духовни чеда, да бидат послушни на родителите, на духовникот, на игуменот или епархискиот архиереј. Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Често пати невнимателни верници раскажуваат разни чуда и поуки кои немаат никаква врска со старец Тадеј, и затоа, добро е да сме повнимателни при читање на неговите поуки кои се шират на интернет страните.

Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување. По неговите свети молитви и застапништво пред престолот Божји, Бог да нѐ помилува и спаси. Амин.

Митрополит Повардарски

+ Агатангел
 


Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
 

Цена на книгата 300 денари.

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/04/2025 - понеделник

 ВЕЛИГДЕН (втор ден) Св. апостоли Ирoдиoн, Агав, Руф, Асинкрит, Флeгoнт и Eрмиј

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная