Избор од фејсбук страната на презвитер Горан Стојчевски
20-ти мај, лето Господово 2015
Владимир Божинов: „Мислам дека нашиот христијански проблем е во тоа што не сме посветени на нашата основна задача, а тоа е очистувањето на срцето од страстите и просветлувањето на умот што се препознава по дарот на молитвата на срцето или како што вели св. Григориј Богослов (отприлика) очисти се, просветли се, научи се, омудри се себеси па потоа другите, цел преку која бескрајно повеќе ќе му помогневме на овој свет ако навистина го љубевме.
Наместо тоа, христијани се поделиле по политички партии и не се поднесуваат едни со други. Тоа се препознава во едностраноста и во немањето самокритичност - кај тие на кои припаѓаме, се` ни е бело, а кај другите, се` ни е црно. Гледано од страна, многу провидно и недостојно за христијани. Самите се лажеме ако мислиме дека на тој начин Му служиме на Бога„.
Goran Stojchevski: "Со Христови очи да го гледаме светот и ближниот, а не со очите на политичарите кои пак ќе најдат компромис со светот кој лежи во зло. Нашата цел не да бегаме од светот како ескаписти и поразени, Христос го победи светот на Крстот и со Воскресението кое друго сведоштво ни треба.
Владимир Божинов убаво вели нашата цел е прво себе да се преобразиме во Христа па така живеејќи со Христа ќе го преобразиме и светот макар биле и политичари. Монаштвото не е бегство од светот туку продолжување на маченичкиот етос во Црквата, ако го прогласиме монаштво или себе за луѓе кои бегаат од светот исто како да речеме немало Воскресение, скраја да е.
Прво себе да се преумиме, очистиме од страстите и обожиме, а потоа таа состојба ќе премине на светот, вака политичката состојба се пренесува на нас, и тоа е обратен, погубен процес".
Vojka Dostinova: „На крај, пак тие ќе си се договорат, а нам ќе ни остане само гревот на поделбата и нељубовта заради што не можеше никој да не` препознае како Христови ученици„.