Битола, 14-ти септември, лето Господово 2014- храм на Рождество на Пресвета Богородица
На 14-ти септември 2014 година , кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Преподобен Симеон Столпник, како и Почеток на црковната година, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, во сослужение на свештенството од храмот. отслужи Божествена Литургија Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во денешната беседа Митрополитот г. Петар говореше за духовните подвизи кон кои треба да тежнееме, како и за значењето на денешниот празник и во контекс на тоа го појасни и празникот на црковна година.
Преминпортал (к.т.)