На 19. 08. 2014, кога Светата Православна Црква го празнува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „ Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение со архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Боге Богојески и ѓаконот Илија Деспотовски. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата како што пропишува типикот, Митрополитот го освети новиот лозов плод (грозјето).
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епрхија