логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 crkva.prozor.jpg


ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ (II)

Митрополит Јеротеј (Влахос)

Разлика Помеѓу Православната Духовност и Другите Традиции

Досега изреченото јасно укажува дека Православната духовност забележливо се разликува од било која друга “духовност” од источен или западен вид. Не може да има забуна меѓу разните духовности, бидејќи Православната духовност е насочена кон Бог, додека сите други се насочени кон човекот.

Разликата се појавува главно во доктринарното учење. Заради оваа причина го ставаме зборот “Православна” пред “Црква”, за да ја разликуваме од било која друга религија. Сигурно дека “Православен” мора да биде поврзан со терминот “Еклисиолошки”, бидејќи Православието не може да постои надвор од Црквата; ниту пак, Црквата, може да постои надвор од Православието.

Догмите се резултат на одлуките донесени на Вселенските Собори за различни верски прашања. Се повикуваме на такви догми, бидејќи тие ја повлекуваат границата помеѓу вистината и грешката, помеѓу болеста и здравјето. Затоа тие се, од една страна, изразот на Откровението, а од друга страна, се однесуваат како “лек” за да не одведат до присоединување кон Бога, кон причината за нашето постоење.

Догматските разлики ги одразуваат истоветните разлики во терапијата. Ако човекот не го следи “вистинскиот пат” тој никогаш нема да може да ја достигне својата крајна цел. Ако не зема прикладни “лекови”, тој никогаш нема да стане здрав; со други зборови, нема да почувствува никаква терапевтска корист. Ако наново ја споредиме Православната духовност со другите Христијански традиции, разликата во пристапот и методот на лекување е поочигледна. Фундаментално учење на Светите Отци е дека Црквата е “Болница” која го лечи повредениот човек. Во многу пасуси од Светото Писмо се користи ваков јазик. Еден таков пасус е приказната за Добриот Самарјанин. “А еден Самарјанин, патувајќи дојде до него и кога го виде се сожали па му ги прели раните со масло и вино и ги преви, па го посади на своето животно и го одведе во гостилница и се погрижи за него. Утредента извади две парички, му ги даде на гостилничарот и му рече: погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање” (Лука, 10:33-35).

Во оваа парабола, Самарјанинот го претставува Исус кој го излечил повредениот човек и го одвел до гостилницата, односно до “Болницата”, која ја претставува Црквата. Јасно е дека тука Христос е претставен како Исцелител, лекарот кој ги лекува човечките болести а Црквата ја прави вистинска Болница.

Карактеристично е што Свети Хризостом, анализирајќи ја оваа приказна ги нуди овие вистини нагласени погоре.

При интерпретацијата на оваа парабола од Св. Хризостом јасно е прикажано дека Црквата е Болница која ги лечи луѓето повредени од гревот; и епископите-свештеници се терапевтите на народот Божји.

Токму ова е задачата на Православната теологија. Кога зборуваме за Православната теологија, не мислиме напросто на историјата на теологијата. Последново е, секако, дел од неа, но не апсолутно или исклучително. Во патристичката традиција, теолозите се Богогледателите. Св. Григориј Палама го нарекува Варлаам теолог, но тој јасно нагласува дека интелектуалната теологија многу се разликува од доживувањето на Божјото привидение. Според Св. Григориј Палама, теолозите се Богогледатели; оние кои го следеле “методот” на Црквата и го достигнале, до совршена вера, до просветлување на νους-от и до обожение (теоза). Теологијата е плодот на човечката терапија и патеката која води до исцелување и здобивање со Божјото познание.

Сепак, Западната теологија се има издиференцирано од Источната теологија. Наместо да е терапевтска, таа е поинтелектуална и поемоционална по карактер. На Западот, Сколастичката теологија еволуирала, што претставува антитеза на Православната традиција. Западната теологија е базирана на рационалната мисла додека Православието е исихастичко. Сколастичката теологија се обиде логички да го разбере Божјото Откровение и да се приспособи според филозофската методологија. Карактеристична за таквиот пристап е изреката на Анселм од Кантербери: “Верувам за да разберам”. Сколастиците го признаа Бога од почетокот и потоа се обидоа да го докажат Неговото постоење преку логички аргументи и рационални категории. Во Православната Црква, како што е искажано од Светите Отци, вера е кога Бог му се открива Себеси на човека. Ја прифаќаме верата преку слушање не за да ја разбереме рационално, туку за да ги очистиме нашите срца, да се здобиеме со вера преку “теорија” и да го доживееме Божјото откровение.

Сколастичката теологија ја достигна својата точка на кулминација во лицето на Тома Аквински, светец во Римокатоличката Црква. Тој тврдеше дека Христијанските вистини се поделени во природни и натприродни. Природните вистини можат да се докажат философски, како вистината за Постоењето на Бог. Натприродните вистини—како Троичниот Бог, овоплотувањето на Логосот, воскресението на телата—не можат да се докажат философски, но не можат пак, ниту да бидат побиени. Сколастиката ја поврза теологијата многу внимателно со философијата, но уште повеќе со метафизиката. Како резултат на тоа, верата беше изменета и самата сколастичка теологија почна да ја бие лош глас кога “идолот” на Западот—метафизиката пропадна. Сколастиката се смета за одговорна за голем дел од трагичната ситуација создадена на Западот во однос на верата и верските прашања.

Светите Отци не учат дека природните и метафизичките категории не постојат; наместо тоа, тие зборуваат за создаденото и несоздаденото. Тие никогаш не ја прифатија метафизиката на Аристотел. Меѓутоа, не ми е намерата понатаму да излагам на оваа тема. Западните теолози за време на Средниот Век ја сметаа сколастичката теологија како понатамошно развивање на теологијата на Светите Отци, и од оваа точка понатаму започнува учењето на Франците дека сколастичката теологија е претпоставена на теологијата на Светите Отци. Последователно, Сколастиците, кои се обземени со разумот, се сметаат себеси за супериорни во однос на Светите Отци на Црквата. Тие исто така веруваат дека човечкото знаење, потомок на разумот, е повозвишено од Откровението и опитот.

Токму во овој контекст треба да се гледа конфликтот помеѓу Св. Григориј Палама и Варлаам. Варлаам во суштина бил сколастички теолог кој се обидел да ја предаде сколастичката теологија на Православниот Исток.

Неговите гледишта—дека не можеме навистина да знаеме кој точно е Светиот Дух (производ на агностицизмот), дека старогрчките философи се подобри од Пророците и Апостолите (бидејќи разумот е над визијата на Апостолите), дека светлото на Преображението е нешто што е создадено и според тоа може да биде отсоздадено, дека исихастичкиот начин на живот не е суштествен—односно, очистувањето на срцето и непрестајната умносрдечна молитва—се гледишта кои го искажуваат сколастичкиот и последователно, секуларниот поглед на теологијата. Св. Григориј Палама ја предвиде опасноста што овие гледишта можеа да му ја донесат на Православието па преку моќта и енергијата на Пресветиот Дух и опитот со кој самиот се беше здобил како наследник на Светите Отци, и се спротивстави на оваа голема опасност и ја сочува нерасипана Православната вера и традиција.

По дадената рамка на актуелнава тема, ако Православната духовност се разгледува во однос на Римокатолицизмот и Протестантизмот, разликите се веднаш воочливи.

Протестантите немаат традиција на “терапевтски третман”. Тие претпоставуваат дека верувањето во Бога, интелектуално, образува спасение. Сепак спасението не е дело на интелектуалното прифаќање на вистината; поточно, тоа е личното преображение и обожување по благодат. Ова преображение е ефектуирано преку соодветниот “третман” на човечката личност, како што ќе видиме во следните поглавја. Од Светото Писмо произлегува дека верата доаѓа кога ќе го чуеме Зборот и ќе доживееме “теорија” (Божјото привидение). Ја прифаќаме верата првин слушајќи за да бидеме излекувани, а потоа се здобиваме со вера преку теоријата, која го спасува човека. Бидејќи Протестантите веруваат дека прифаќањето на вистините на верата, теоретското прифаќање Божјото Откровение, т.е. вера преку слушање, го спасува човека, немаат “терапевтска традиција”. Би можело да се каже дека таквата замисла за спасение е многу наивна.

Римокатолицито исто така го немаат совршенството на терапевтската традиција што го има Православната Црква. Нивната доктрина на филиокве е манифестација на нивната слабост да ја разберат постоечката врска помеѓу личноста и општеството. Тие ги побркуваат личните особини: “нестворен” на Отецот, “створен” на Синот и произлегувањето на Светиот Дух. Отецот е причината за “создавањето” на Синот и произлегувањето на Светиот Дух.

Слабоста на Латините да разберат и неуспехот да ја искажат догмата на Тројството го покажува непостоењето на емпириската теологија. Трите ученици на Христос (Петар, Јаков и Јован) ја здогледаа Христовата Слава на Тавор и го слушнаа гласот на Отецот: “Овој е Мојот возљубен Син” и го видоа доаѓањето на Светиот Дух, како што вели Св. Григориј Палама. Така Христовите ученици се здобија со познанието на Троичниот Бог во теорија (привидение) и преку откровение. Им беше откриено дека Господ е една суштина во три хипостази.

На ова не учи Св. Симеон Нов Богослов. Во неговите песни тој наново прогласува дека додека ја гледа несоздадената Светлина, обожениот човек се здобива со Откровение на Троичниот Бог. Пребивајќи во “теорија” (Божјо привидение), Светците не ги побркуваат хипостатичките својства. Самиот факт дека Латинската традиција дојде до точка да ги брка овие хипостатички атрибути и да предава дека Светиот Дух произлегува и од Синот го покажува непостоењето на нивната емпириска теологија. Латинската традиција исто така говори и за создадената благодат, факт што ни сугерира дека не постои доживување на Божјата благодат. Зашто, кога човек се здобива со опит во Бога, тогаш започнува да сфаќа дека оваа благодат е несоздадена. Без овој опит не може да постои изворна “терапевтска традиција”.

Навистина, никаде во целата Латинска традиција не можеме да најдеме еквивалент на Православниот терапевтски метод. νους -от не се споменува, ниту пак се прави разлика помеѓу него и разумот. Помрачениот νους не се третира како болест а неговото просветлување како терапија. Голем број на често издавани Латински текстови се сентиментални и се исцрпуваат себеси во јалова етикологија. Во Православната Црква, напротив, постои голема традиција во однос на овие прашања што покажува дека внатре во неа постои вистинскиот терапевтски метод.

Верата е вистинска до онаа мера до која што има терапевтска моќ. Ако е способна да исцелува, тогаш е вистинска вера. Ако не лечи, не е вистинска вера. Истото нешто може да се каже и за медицината: вистински научник е лекарот што знае како да лекува и неговиот метод има терапевтски предности, додека шарлатан не умее да лекува. Истото важи кога станува збор за прашања на душата. Разликата помеѓу Православието и Латинската традиција, како и Протестантските вероисповести е очигледна првенствено во методот на терапија. Оваа разлика јасно се покажува во доктрините на секоја вероисповест пооделно. Догмите не се философија, ниту пак теологијата е исто што и философијата.

Православната духовност јасно се разликува од “духовностите” на другите конфесии, но разликата е уште поголема меѓу “духовноста” на Источните религии и Православието, кои не веруваат во Теантропската природа на Христос и Светата Троица. Тие биле под влијание на философската дијалектика, која пак е надмината од страна на Божјото Откровение. Овие традиции не се свесни за претставата за личносност и хипостатичкиот принцип. А љубовта, како фундаментално учење, е сосема отсутна. Човек може да најде, секако, во овие Источни религии еден обид да се слечат од слики и рационални мисли, но ова е всушност движење кон ништожност, кон непостоење. Не постои патека која ги води нивните “ученици” кон на целиот човек. Постојат многу елементи на демонска “духовност” во Источните религии.

Токму заради ова постои голем и хаотичен јаз помеѓу Православната духовност и Источните религии и покрај одредени надворешни сличности во терминологијата. На пример, Источните религии можат да користат термини како екстаза, непристрасност, просветлување, душевна енергија итн, но тие се натопени со содржина различна од соодветните термини во Православната духовност.

(Продолжува)

 Подготви: Б.Ѓ.

 katakomba.jpg
Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (1)

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная