Денес е ден на поклонение на Чесниот Крст. Сега е положен пред нас и сјае со сјајот на Христовото Воскресение.
Да пријдеме и да го целиваме
со голема душевна радост.
Утрена, Крстопоклона Недела
Глас четврти:
Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
Денес, 7-ми април 2013 година, во третата,Крстопоклона недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Свето Благовештение, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,во сослужение на свештенството од храмот, чиноначалствуваше со Божествена Литургија. Многубројниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .По Литургијата, со многу љубов, убавина и внимание се одржа Духовна академија во која зедоа учество дечињата од парохијата како и црковниот хор. Гости на академијата беа ктиторот на овој храм, г-дин Трифун Костовски и потпретседателот на Црковно- народниот собор г-дин Раде Трајковски.
„На Твојот Крст му се поклонуваме, Владико, и Твоето Свето Воскресение
го славиме“. Духовното поклонување на Крстот е постојано чувство на
благодарност кон Бога за крсните страдања што нѐ спасија од вечната
пропаст, од пеколниот оган, од гробот на богоотфрленоста и заборавот во
кој требало да исчезне целиот човечки род“.
VIDEO1
VIDEO2
Преминпортал (р.к./к.т.)
7-ми април, лето Господово 2013