Преподобен Гаврил Светогорец епископ Велички
Епископот Велички Гаврил е роден во 1926 година во Штип од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви.
Уште како млад се карактеризирал со посебна кротост и послушност. Во учењето бил остроумен и со посебен наследен тален во ликовната уметност која ја крунисал и со диплома од белградскиот универзиитет на отсек вајарство во 1955 год. Бил еден од подобрите вајари во државата. Подоцна се вработува како професор по историја на уметноста и ликовно образование во штипската гимназија.
Иако служил во световните служби сепак никако не ја заборавал И Божјата служба. Имал навика секојдневно да присуствува на богослужбите во катедралната црква ссвети Никола во Штип . Во тоа време иако било време на најстрог атеизам И комунизам со програмиран прогон на Црквата тој не се откажал од Бога , дури И своите ученици ги поучувал во верата. За Велигден редовно им делел по едно црвено велигденско јајце И им велел: Деца, изедете го јајцата, згмечете ја лушпата и расфрлете ја по градот за да видат сите дека Христос воскресна.
Иако по ништо не заостанувал зад своите врсници па дури и во многу работи бил за чекор напред, неговиот живот во се бил монашки и пред да се замонаши. Во својот дом постојано пребивал во неговата соба читајќи, молејќи се и живеејќи за Бога. А кога во неговиот дом ќе дојдат гости тој културно и од учтивост се поздравувал со нив и повторно се повлекувал во својата собичка како пчелата во својата кошница. Девственоста ја сметал за голема светиња.
Во 1963 година го остава светот И светската служба И заминува со сиот свој живот да му служи единствено на Бога. Заминува на Света Гора атонска. За неговиот престој таму добил директно благослов од игуманијата на Света Гора, Богородица. Се раскажува дека кога стигнал во монашката држава дошол на брегот на Белото море И сакал да се измие . Тогаш здогледал жена која умилно го гледала. По некое време жената, како што дошла, така И заминала. Се размислил И заклучил дека тоа била Богородица , бидејки пристапот на жени на Света Гора е строго забранет. Тоа го охрабрло во неговиот понатамошен подвиг.
За жал , затоа што бил макдонец , тој за време на на неговиот престој на Света Гора имал постојани политички проблеми од властите, меѓутоа Бог го чувал за цело време. Се споменуваат две такви случки кога во две разли прилики сакале да го протераат од света Гора во едниот случај кога влегол во една пештера пајак исплетол толку голема пајажина што гонителите не го виделе а во другиот случај, пак, го заштитиле змии.
Таму се подвизувал во скитот “ Камена” во една пештера како послушник на отец Татјан ( Рус ) кој за жал , кратко време по тоа се упокојува во Господа. На Литургија И причест најчесто одел во манастирите Хиландар И свети Павле , каде заради неговиот исклучитен тивок карактер го добил И називот Невидливиот затоа шо ниту го гледале кога даѓа , ниту кога заминува единствено можеле да го видат кога пристапувал да се причести со светите И сппасителни животворни тајни Христови.
Бил замонашен во манастирот св. Павле со монашко име, отец Гаврил.
Неговите подвизи на света Гора никој не ги знае, останаа тајна за луѓето И пред Бога но од неговиот живот откако во 1971 се враќа во Македонија можеме да ги претпоставиме. За отец Гаврил слободно можеме да речеме дека е еден од најголемите подвижници на денешнината. Имено тој скоро И никогаш не спиел а И тоа време кога спиел , лежел на земја или на тврда рогозина. Држел најстрог пост . Никогаш не јадел јадења со масло, а јадел една просфора во седмицата. Во празниничните денови заради послушност кон црковните правила само го топнувал прстот во кандилото И го оближувал. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот. Се занимавал И со умната молитва во подвигот на очистувањето на срцето од срастите. Во непрестајно изговарање на името Исусово во очистеното срце. Стекнал И умносрдечна молитва. Добил од Бога дар на прозорливост И чудотворство.
Има многубројни сведоштва за светоста на неговиот живот И неговата жед за Бога. Еднаш еден човек кој мноу добро го познавал ми има речено: Не сум видел човек кој тојку го сакаше Бога. Кога во 1971 година се врака од Света Гора барајќИ мир за да може постојано да му се моли на Бога, променува неколку манастири, св.Богородица – Матка, св.Богородица – Побожје, св.Димитриј – марков манстир, св.Преображение –Зрзе?, за да во 1975 година за трајно се насели во манастирот на св.Гаврил Лесновски во Лесново – Брегалничка Епархија тогашна , Злетовско-Струмичка. Каде често знаел И со денови да се повлече од манастирот И да се насели во двете ближни пештери каде се повизувај И негоиот истоименик св.Гаврил Лесновски. Секогаш избегнувал гужви И непријатности И во една таква прилика, бидејкИ живееше во време на атеизам во неговиот манастир дошле една група на војници, тогаш тој се заклучил во својата ќелија И цела недела додека тие биле таму не излегол , пребивајќИ во тишината на непрстајната умносрдечна Исусова молитва.
Имал голема љубов кон верниот народ. често ги собирал за големите празници И им држел сеноќни бденија. Бил строг кон себе а благ кон другите. Сите ѓи поучувал во кротост, љубов, долготрпеливост, саможртвеност, ревост за Бога, верата, молитвата…
Имал голема вера И љубов кон Бога така да за што И да го помолив Бога веднаш го добивал. Имам многубројни примери за чудотворноста на неговата молитва. Овде би споменале еден пример кога на едно негово духовно чедо внукот бил многу болен И пред тешка операција за која докторите не гарантирале дека И ке остане жив. Во тие тешќИ моменти на тага И духовното чедо заборавило на својот духовен Отец но пред самиот ден на операцијата во крајно бунило добила просветлувачка помисла да појде кај дедо Гаврил ( како што многумина го нарекуваа ) и веднаш тргнала . Пред портите ја чекал отец Гаврил со зборовите: Оди си дома твојот внук е здрав. И кога се вратила дома И кажале за чудесното излекување на нејзиниот син на кое многу се чуделе и докторите. Исто така детето Ѓ…. сеуште е жив сведок дека по молитвите на о.Гаврил неговиот јазик се ослободува И тој почнал да зборува.
Манстирот во Лесново постанува кошница за сиот боротражителски народ во тоа време. Притекнувале луѓе од сите краиштан а државата И луѓе од најразличен профил И професија. И станува возљубен духовен отец на многумина кои го бараат Бога.
Отец Гаврил го обновува И руираниот стар конак во манастирот И ја подигнува И Црквата Успение на света Богородица во Пробиштип која е И прва И единствена црква во градот.
Покрај И сите свои подвизи И одговорности учИ и дипломира на теолошкиот факултет во Скопје( меѓу првите). Пишува И книги И есеи во повеќе црковни весници. Покрај уметничките рецензии автор е И на збирката поезија 33 Песни за Ерусалим. Света Гора – Небесна земја( 1978 ), пред најголемиот лубилеј на човекот ( 1980 ), 2000-годишнината на христијанството е на прагот ( 1981 ) Правила И одредби на Православната Црква за постот ( 1994 ) И Отец Херувим (1998 ) и двете објавени постхумно.
Во својата пастирска и духовничка дејност имаше зацртано три цели:
• Обнова на Лесновскиот манастир
• Обнова на монаштвото
• Свечено прославување на лубилејот 2000 години од Христијанството.
Неговата преподобност била почитувана и надвор од нашата Црква. Пред да дојде од Света Гора србите сакале да го направат Владика во СПЦ, имал блиски врски со о.Емилијан Симонопетарски кој тоа време бил игумен на метеорите и сакал да го задржи о.Гаврил како игумен нае ден од манстирите и подоцна го барале да биде игумен во скитот на св. Харитон Исповедник во Јеусалим.
Во 1981 од синодот на МПЦ бил унапреден во архимандрит а на 28. август на празникот на успение на Пресвет Богородица во 1989 е хиротонисан И за епископ со тиулата Велички.
Неговата блиска смрт си ја предвидел И самиот си отслужил 40 заупокоени Литургии. Се уппокојува мирно на молитва со своето сакано Евангелие на гради И со бројаницата во рака. Пред да се упокои самиот се си подготвил за својот погреб И на едно ливче напишал Јадењето подгответе го без масло , ги собрал своите духовни чеда од Лесново И И рекол: чеда мои, досега бев со вас, И сега веќе одам во горниот Јерусалим И пак ќе бидам со вас И ќе ве чекам во Небесниот Јерусалим.
Се упокојува 12 Јануари 1990 година. И навистина не ги осавил своите духовни чеда. По неговото заминуање во Горниот Јерусам на многумина им се јавил во сон, а на едно негово духовно чедо на кое нагло почнал да му слабее видот , му се јавува на сон го излекува И се упатува кон црквичето Вознесение Христово Штип. Во домот на едно негово духовно чедо од неговата слика, која И ја дал додека бил жив, почнало да тече свето миро. А и до ден денес има знаци И чудеса на неговиот гроб од кого се чуствува И благопријатна миризба низ воздухот а селаните кажуваат дека по неговото упокојувње во Господа на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб.
Неговата канонизација за светител е во тек.
По моилтвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не. Амин
Venerable Gavril the Athonite, Episcope of Velica
The episcope of Velika Gavril was born in 1926 in Shtip to Orthodox parents Metodij (later with a monastic name Kiril) and Gorica Panadziev.
Since he was a young man, he was characterized by his special meekness and obedience. He was very clever in his studying and he had a special hereditary talent in art which he crowned with a Degree from the Belgrade University, sculpture department in 1955. He was one of the better sculptors in the country. Later he was employed as a professor of History of Art and Artistic Education in the Gymnasium in Shtip.
Although he served the secular service, he never forgot God’s service. He regularly used to be present at the Holy Liturgy in the Cathedral Church of Saint Nikola in Shtip. At that time although it was a time of a harsh atheism and communism with a programmed prosecution of the people from the Church, he never gave up God, he even taught his students in the faith. For Easter he regularly used to give each of them a red Easter egg, telling them: “Children, eat the eggs, crush the shell and spread it round the town so that everyone can see that Christ resurrected”.
Although he never fell behind his peers, he was in many things a step forward. His life was monastic in every view, even before he took the monastic vow. In his home he constantly stayed in his room reading, praying and living for God. And when they had guests in their home he politely greeted them and retreated again into his room as a bee into its basket. He considered virginity a great sanctity.
In 1963 he abandons the secular world and the secular service and leaves in order to serve only God with his whole life. He goes to the Holy Mount of Athos. He personally received a blessing for his stay there from the abbess of the Holy Mountain, the Holy Mother of God. It is said that when he reached the monastic country he came to the White Sea wanting to wash himself. Then he saw a woman who was looking at him tenderly. After a short time the woman disappeared in the same way she appeared. He thought for a while and concluded that it was the Holy Mother of God, since it is strictly forbidden for women to approach the Holy Mount. That event encouraged him in his further spiritual struggle.
Sadly, because he was Macedonian, while he was staying in the Holy Mount he had constant political problems with the authorities. However, God protected him the whole time. Two such events are mentioned, in two occasions they wanted to drive him away from the Holy Mount. In one occasion when he entered a cave a spider weaved a huge web so that the prosecutors could not see him, and in another case he was protected by snakes.
There he struggled spiritually in the skete “Kamena” in a cave as a duty monk of father Tatjan (Russian) who sadly, after a short time rests in God. He usually went to a Liturgy and for a Communion in the monasteries Hilandar and Saint Paul, where, because of his exceptionally quiet character, he got the name The Invisible, since they did not see him when he came, nor when he left. They could only see him when he approached to receive the Holy Communion of the Holy, Salvation and Life-Giving secrets of Christ.
He took monastic vows in the monastery of Saint Paul with a monastic name, father Gavril.
Nobody knows his spiritual struggles in the Holy Mount. They remained a secret for the people and in front of God, but knowing his life since 1971, when he came back to Macedonia, we can only suppose them. We can freely say that father Gavril is one of the greatest spiritual strugglers of present time. He almost never slept, and when he did, he lay on the ground on a hard reed mat. He fasted in the strictest way. He never ate food with oil, and he only ate one prosphora a week. On church holidays, because of his obedience to the church rules, he only used to touch his finger in the icon lamp and tasted it. He regularly served all the Liturgies in the monastery. He practiced the prayer of the mind in the spiritual struggle of purifying the heart from passions. He was constantly pronouncing Jesus’ name in the purified heart. He even acquired the prayer of the mind in the heart. From God he received the gift of perspicaciousness and miracle making.
There are a lot of evidences for the holiness of his life and his thirst for God. Once, a man that knew him very well told me: “I have never seen a man who loved God so much”. When he came back from the Holy Mountain in 1971 in search of peace, in order that he could constantly pray to God, he changed his place of living in several monasteries: Sveta Bogorodica (St. Mother of God) – Matka, Sveta Bogorodica (St. Mother of God) – Pobozje, Sveti Dimitrij (St. Dimitrius) – Marko’s monastery, Sveto Preobrazenie (St. Transfiguration of God) – Zrze, so that in 1975 he finally settles in the monastery of Saint Gavril of Lesnovo in the village of Lesnovo – Bregalnica Eparchy, then the Eparchy of Begalnica and Strumica. There he used to retreat from the monastery for days and live in the two nearby caves where St. Gavril of Lesnovo struggled spiritually as well. He always used to run away from crowds and troubles. He lived in a time of atheism. In one occasion when a group of soldiers came in his monastery, he locked himself in his cell and did not come out for a week until the soldiers left the monastery. There he lived in silence and permanent Jesus prayer, the prayer of the mind in the heart.
He had a great love for the faithful people; he often used to gather them on the great church holidays when he held all-night vigils. He was strict towards himself and meek towards the others. He taught all of them in gentleness, love, patience, self-sacrifice, zeal for God, faith, prayer…
He had a great faith in God, so whatever he prayed God for, he was given. There are a lot of examples for his miracle-working. We would mention one example when the grandchild of one of his spiritual children was very ill and a difficult operation was ahead of him and the doctors did not guarantee for him to survive. In those hard moments of sorrow, his spiritual daughter forgot to visit her spiritual father, but on the day before the operation in a total forgetfulness she received an enlightening thought to go to Elder (Dedo) Gavril (a lot of people used to call him so) and she went there immediately. Father Gavril waited for her at the gates with the words: “Go home your grandchild is cured”. When she returned home, she was told about the miraculous healing of her grandchild, which the doctors were very astonished for. Also, the child Dj… is a living witness that after the prayers of father Gavril his tongue was loosened and he started to speak.
The Monastery of Lesnovo became a beehive for all the people that searched God at that time. People used to gather from all parts of the country, people from different profiles and professions and he became the beloved spiritual father to many people who searched God.
Father Gavril restored the old and ruined residence in the monastery and built the church Uspenie na Presveta Bogorodica (Dormition of the Holy Mother of God) in Probishtip which was the first and only church in the town.
Apart from all his spiritual struggles and responsibilities he studied and graduated from the Faculty of Theology in Skopje (among the first ones). He wrote books and essays in many church newspapers. Apart from his art reviews, he was the author of: the collection of poems “33 Poems of Jerusalem”, “The Holy Mountain – Heavenly Land” (1978), “Before the biggest Jubilee of Mankind” (1980), “The 2000th Anniversary of Christianity is on the Threshold” (1981), “The Rules and Regulations of the Orthodox Church for the Fast” (1994) and “Father Heruvim” (1998), the last two of them published posthumely.
In his pastor’s and spiritual activity he had three aims ahead:
Restoration of the Monastery of Lesnovo;
Renewal of monasticism;
A solemn celebration of the 2000-year jubilee of Christianity.
His venerability was even respected outside of our Church. Before he came back from The Holy Mountain the Serbs wanted to make him a Bishop in the Serbian Orthodox Church, he also had a close relationship with father Emilian of Simonopetra, who was the abbot of the Meteors at that time and wanted to keep father Gavril as an abbot of one of the monasteries. Later, he was asked to be an abbot of the skete of Saint Hariton the Confessor in Jerusalem.
In 1981 the Synod (Church Council) of the Macedonian Orthodox Church promoted him into an archimandrite on 28th August on the church holiday of The Dormition of Our Most Holy Mother of God. In 1989 he was hirotonised into an Episcope with the title Velichki (of Velika).
He had foreseen his close death, and he himself served 40 Liturgies for the dead. He rested in God peacefully in prayer with his beloved Gospel on his chest and with a rosary in his hand. Before he died he had prepared everything for his funeral himself. On a piece of paper he wrote: “Prepare the food without oil”. He gathered all his spiritual children from Lesnovo, and he told them: “My dear children, I have been with you until this moment and now I go to the Heavenly Jerusalem and I will be with you again and will wait for you in the Heavenly Jerusalem”.
He rested in God on 12th January 1990 and he really did not leave his spiritual children. After his departure to the Heavenly Jerusalem he appeared in the dreams of many people. He appeared in the dream of one of his spiritual children who had started to lose his sight quickly; after he cured him he headed for the little church of the Ascension of Christ in Shtip. In the home of one of his spiritual children, a Consecrated Oil started to flow from his picture, which he gave him while he was alive. Even today there are a lot of signs and miracles on his grave, from which a pleasant smell is felt in the air. The villagers say that after his death on his grave they saw light in the form of a pillar.
His canonization into a Saint is in progress.
After the prayers of our Holy Father Gavril the Athonite the Episcope of Velika, God Jesus Christ, have mercy on us. Amen.
Извор: манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија
11 јануари лето Господово 2013