логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† СТЕФАН

По милоста Божја, Архиепископ охридски и македонски,
заедно со Светиот архиерејски синод, до свештенослужителите,
монаштвото и до сите верни чеда на Македонската православна црква,
а по повод Божикните празнувања, испраќа мир и благослов од Бога,
поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

Денес ликуваат сите ангели на небесата и се радуваат луѓето:
се веселат сите созданија поради родениот во Витлеем, Спасител и Господ...

(Литиска стихира)

Возљубени чеда во Господа,

И годинава Бог нè удостои да Му се поклониме и да Му пееме, славејќи Го Спасителот наш Исус Христос. Се радува целата вселена и прославува сиот христијански свет. Црквата нè поканува и ние да им се придружиме на ангелите, нè поттикнува, барем за миг, да заборавиме на грижите од овој свет; нè повикува да се свртиме кон новиот живот што ни го нуди Синот Божји и кој ни го открива Црквата. И нам, како и на пастирите, ни се соопштува радосната вест дека – денеска ни се роди Богомладенецот, Христос Господ (сп. Лк. 2, 11). Па, да славиме и да се радуваме!

Од љубов кон човекот (сп. Јн. 3, 16), Бог слезе од небото и стана човек. „Синот Божји, стана Син човечки, со цел – човекот да стане син Божји.” Така, од Настанот во витлеемската ноќ, сè има посебно значење за нашето спасение: даровите, пелените, јаслите. Свети Јован Златоуст, вели: „Пелените се завој за нашите рани од гревот. Детето е положено во јасли, за да не бидеме хранети со сламата на грешната сладост, туку со небесен леб.”

Така, Бог, за да ни ја соопшти Својата љубов, овојпат не ни прати ангел; не ни испрати законик – за да нè убеди; не ни прати ниту благовесник со златен подарок – за да ја докаже Својата љубов. Не, Бог Самиот дојде преку Својот Син. Светиот апостол Јован вели: „Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него” (сп. 1. Јн. 4, 9). Ние, пак, немаме заслуга за таа љубов. Бог дојде, не дека ние Го возљубивме, туку затоа што Бог нас нè возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши (сп. 1. Јн. 4, 10). Затоа, ако некој прашува – кому му служиме и на што се поклонуваме, речете: „Ја чествуваме Љубовта”, вели свети Григориј Ниски. Во тоа е тајната на Божик и затоа радосно го доживуваме денот кога Господ се роди.

Возљубени чеда во Христа Богомладенецот,

Бог кога го создаде човекот, го создаде по Свој лик и образ. Секој човек, како лик Божји, без оглед на својата раса и нација, е скапоценост во очите Господови, па дури и оној најгрешниот. „Кога го гледаш братот свој, Го гледаш Бога”, вели свети Климент Александриски. Притоа, Бог го дарува секој човек со многу дарови и со неограничени можности. Човекот беше создаден чист, свет, непорочен и безгрешен. Слободата и слободната волја се дарови, со кои тој се разликува од останатите Божји созданија. Тој дар не е зависен од никого и од ништо, туку ние самите одлучуваме дали ќе го избереме доброто или злото. По свој избор и добро правиме, а и грешиме. Затоа, светиот апостол Павле вели: „Сè ми е позволено, но не е сè полезно; сè ми е допуштено, но ништо не сакам да завладее со мене” (1. Кор. 6, 12).

Таквата слобода, слободоволно и слободоумно прифатена, му е најголемиот дар на човекот од Бога. Затоа, Бог од нас не бара ропска покорност, туку слободно понудена синовска послушност и љубов. „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене”, вели Господ Христос (Мт. 16, 24). Да се одречеме од себе, пак, значи да се одречеме од грешниот човек во нас, бидејќи гревот е тој што нè оддалечува од Бога и што му ја ограничува слободата на човекот.

Денес многу се зборува за слобода од секаков вид: политичка, економска, , слобода на говорот, верска слобода, човечки права итн. Која и да е од овие слободи, ако не се раководи од основните начела на Божјиот закон, односно од љубовта кон Бога и кон ближниот, не е вистинска слобода. Целиот Закон е во љубовта, а таа е во богољубието и човекољубието. Секоја друга слобода нè оддалечува од Бога сите нас и еден од друг. Слободата на секуларизмот и либерализмот незапирливо продира во нашето секојдневие и ги поткопува темелите на традиционалното македонско семејство. Наша задача е како родители, воспитувачи и учители на моралниот закон, да ги заштитиме младите поколенија од таквите влијанија уште од најраната возраст.

Возљубени во Господа,

Очигледен е падот на моралот во нашево живеење. Во име на граѓанските слободи и права, се обесветуваат најосновните и од Бога востановени институции, всушност, се обесветува и обезвреднува човечката природа. Оттаму и нарушувањето на светоста на бракот. А Бог, уште од почетокот на создавањето на човекот, благословил заедница на маж и жена. Денес сè почесто се зборува за озаконување на бракови меѓу истополни партнери. Тоа не само што е прекршување на светата волја Божја, туку е вовед и предуслов за распаѓање на семејството како основна клетка на секоја цивилизација и општество. Заедништвото со Бога и со оние околу нас, почнува во семејството; во семејството се стекнува љубовта кон Бога и кон ближниот; во семејството се учат семејните, верските и културните традиции. Од здравото, пак, христијанско семејство излегуваат богобојазливи и духовно цврсти личности, полезни и за Црквата и за Татковината. Затоа, нам, како следбеници Христови, кои го почитуваме Неговиот закон, Бог ни дал света должност – да опоменуваме и да се обидеме да ја спречиме ерозијата на моралот и обесчестувањето на бракот и семејството.

Возљубени чеда на нашата Света Црква,

Во годината што настапува, Христијанството ќе прослави еден голем јубилеј – 1700 години од донесувањето на Миланскиот едикт. Во далечната 313 година, рамноапостолниот и благочестив цар Константин Велики донесе Едикт – да престане гонењето на христијаните и на Црквата Христова. На ова му претходело видението на Константин - сред бел ден, видел блескав крст на небото, закитен со ѕвезди, на кој било напишано: „Со ова победувај!” - Па, така и победи. Крстот Христов, најсилната поткрепа на христијаните против гонителите, се покажа како непобедливо оружје.

И светите браќа Кирил и Методиј со Крстот Христов пред 1150 години ја почнаа својата просветителска мисија. Тие најпрво го проповедаа Евангелието во Македонија, а потоа го пренесоа и го раширија меѓу словенските народи по цела Европа. Од нивните плодови, и оние што подоцна ни ги оставија нивните свети ученици, охридските чудотворци Климент и Наум, милиони благочестиви христијански души и денес се хранат и се напојуваат.

Ете, има годишнини и јубилеи од нашата црковна и национална историја, на кои со радост се сеќаваме и достоинствено ги прославуваме, но има и такви кои и по зло ги паметиме. Во претстојнава година се навршуваат и 100 години од Букурешкиот мировен договор, кога неправедно и неприродно се поделени македонската земја и народ. Неповратно е раскинат македонскиот територијален и национален организам и поради тоа секоја родољубива македонска душа оттогаш негодува и се буни. Било, но дај Боже, да се поправи и да не се повтори!

Чествувајќи ги светлите јубилеи, слободата на верата што ни ја даде Бог и ја потврди царот Константин, како и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, да се потсетиме дека истите ни се дадени како света должност и обврска за да ги сочуваме и да ги предадеме изворно во наследство на нашите идни генерации. Воедно, основните особини на нашиот македонски идентитет: верата православна, јазикот македонски и културата се приоритет на нашава генерација - за да ги запази и унапреди. Националната слобода, пак, мирот, интегритетот и името на Татковината – Република Македонија, се исто толку значајни. Тие ни се дар од Бога, и од тој дар не смееме да отстапиме или да се откажеме.

Возљубени празникољупци,

Празникот на Христовото раѓање е време за облагородување на нашите срца и мисли. Тоа е можност да познаеме - што е свето и што е вистина. „Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој”, вели Господ Исус Христос (Јн. 18, 37). Тоа е време погодно да го преиспитаме нашиот однос кон Бога и кон нашите ближни, а и да ја согледаме смислата на нашето назначување и постоење овде на земјава. Затоа, прославувајќи го и овојпат Божик, да се запрашаме: – ќе најдеме ли време да дојдеме и да се поклониме пред олтарот на Вечноживиот Бог и да Го примиме во себе Христа и да исполниме сè она што Он ни заповеда? Ќе најдеме ли место за Него во нашиот живот, не само за време на Божикните празнувања, туку и во текот на целата година и во сиот наш живот? Бог нека нè исполни со Својата благодат, та секогаш да имаме време и место за Христа Господа.

Божик е празник на мирот, празник на слогата и единството. Затоа ги повикуваме нашите духовни чеда, каде што е присутна меѓусебната недоверба, каде што има расправии и поделби, да го слушнат гласот на Мајката Македонска православна црква и да тргнат по патот на простувањето и помирувањето, а заради сеопштото добро. Никој друг нема толку да ни помогне колку што самите и мораме и треба да си помагаме, конечно, сфаќајќи што е добро и што е зло за сите и разликувајќи ги времените од вечните вредности.

Да го прославиме Божик, денот на Христовото Рождество радосно и достоинствено, и овде во Татковината, а и секаде каде што нè има по светот, со љубов и со побожност, онака како што Богомладенецот беше прославен од Дева Марија, од пастирите, од ангелите и од мудреците, во онаа величествена витлеемска ноќ, пред повеќе од две илјади години.

Бог на мирот, љубовта и проштевањето нека биде постојано со сите нас!

Честито и благословено Новото лето Господово.

ХРИСТОС СЕ РОДИ! – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

  АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН

Заедно со со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква

 

† КИРИЛ, Митрополит Полошко – кумановски;
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелаго­ниски и администратор Австралиско – ново­зеландски;
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски;
† НАУМ, Митрополит Струмички;
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски;
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски;
† ПИМЕН, Митрополит Европски;
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички;
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски;
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски;
† ЈОСИФ, Епископ Велички;
† ЈОСИФ, Епископ Лешочки.

2012 лето Господово


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

« »

Православен календар

 

20/09/2024 - петок

Св. маченик Созонт; Св. апостоли Евод и Онисифор; Св. маченик Евпсихиј; Св. Јован, архиепископ Новгородски; Преп. Касијана Песнописателка ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ  7 септември / 20 септември 2024

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ 7 септември / 20 септември 2024

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,ти Созонте мачениче пред нозе Христови...

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,о сило побрза од молњата,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная