логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

 

Светиот свештеномаченик Зиновиј
и сестра му Зиновија

 

Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера и големото материјално богатство ги наследија од нивните родители. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам две - живот и смрт. Живот ако им се поклониш на боговите, смрт ако не им се поклониш“. Свети Зиновиј одговори: „Животот без Христа не е живот туку смрт, а смртта заради Христа не е смрт туку живот.“ Кога го подложија на маки, на судијата му се јави Зиновиевата сестра и му рече: „Чашата на страдањата сакам да ја испијам и јас, и да се овенчам со таков венец“. После многу маки во оган и зовриена смола, обајцата беа убиени со меч околу 285 година. Така овие брат и сестра се преселија во бесмртното Царство Христово.

 

Светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем

Од Седумдесеттемина. На Клеопа му се јави воскреснатиот Господ на патот за Емаус. Терциј го запиша посланието на Св. апостол Павле до Римјаните (Рим. 16, 22) и заврши маченички како епископ Икониски, после апостолот Сосипатар (под 10 ноември). Свети Марко (наречен Јован: Дела 12, 12), ѝ е син на благочестивата Марија, чијшто дом им беше засолниште на апостолите и на првите христијани. Тој е и роднина на Варнава. Беше епископ во самарискиот град Аполонијада. Јуст му е син на праведниот Јосиф. Заедно со Матиј беше избиран на местото на Јуда Искариот, но не беше избран. Како епископ пострада за Евангелието во Елефтеропол. Свети Артем беше епископ во Листра Ликаонска, а се упокои мирно.

 

Евангелие и поука за 12/11/2020

 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 11:14-23

14.     Еднаш истера Он еден бес, кој беше нем, и кога нечистиот дух излезе, немиот проговори; и народот се чудеше,
15.     А некои од нив рекоа: „Он ги изгонува бесовите преку Велзевула, кнезот на бесовите.”
16.     А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.
17.     Но Он, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа;
18.     и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велзевула ги истерувам бесовите.
19.     И, ако Јас, пак, преку Велзевула ги истерувам бесовите, тогаш синовите ваши преку кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии.
20.     Ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.
21.     Кога силен човек се вооружи и го припази домот свој, тогаш имотот негов е во безопасност.
22.     Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
23.     Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Солунјаните 2:9-14

9.     Та вие ги помните, браќа, нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе, за да не му додеваме на никого од вас, ние ви Го проповедаме Евангелието Божјо.
10.     Сведоци сте вие како и Бог, дека свето, праведно и безукорно постапувавме пред вас, кои што верувате,
11.     зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,
12.     ние ве молевме и утешувавме и сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве призвал во Своето царство и слава.
13.     Затоа и непрестајно Му благодариме на Бога, оти, откако го примивте словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што и е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои што верувате.
14.     Вие, браќа, поминавте како Божјите цркви во Христа Исуса, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите едноплеменици, како и оние од Јудејците,

Поука на денот: Свети Теофан Затворник
Така и вие потрудете се во стоењето, бдеењето, поклонувањето, па ќе се здобиете со оганот на молитвата. Човекот мора да се присилува себеси за секое добро дело, а особено за молитва.


Поука на денот: Свети Нил Синајски
Кога за време на молитвата ќе помислиш дека не ти е потребно да плачеш за своите гревови, погледни колку си далеку од Бог (а должен си секогаш да пребиваш во Него) и ќе ги пролееш најтоплите солзи.

Свети Никола Кавасила

На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто Светиот апостол Павле пишува: последниот враг за уништување е смртта (1 Кор. 15, 26).


Holy Martyrs Zenobius and Zenobia, his sister


Saints Zenobius and Zenobia came from the city of Aegea in Cilicia. They inherited the true faith and immense material wealth from their parents. Out of their great love and zeal for the faith, they distributed their possessions to the poor. And for their alms giving hands, God granted them the gift of working miracles, so that Zenobius could cure every disease by the sole touch of his hand. He was consecrated Bishop of Aegea. At the time of persecutions, the Prefect Lysias captured him and told him: "I offer you two things – life or death. Life – if you worship the idols, and death – if you refuse to worship them.” Saint Zenobius answered: ”The life without Christ is not life, but death, and the death for Christ is not death, but life.” When he was put to the torture, his sister Zenobia came to the Prefect and told him; ”I want to drink the cup of sufferings too, and to receive the wreath of martyrdom.” Following great many tortures thrown to fire and a cauldron of boiling water, they were both beheaded about the year 285. Thus, this brother and sister inhabited the everlasting Kingdom of Christ.


Holy Apostles Cleopas, Tertius, Mark, Justus and Artemas


They were numbered among the Seventy Disciples of the Lord. Christ appeared beside Cleopas on the road from Jerusalem to Emmaus. Tertius wrote the Epistle to the Romans at Saint Paul’s dictation (Rom. 16, 22) and ended his life in martyrdom as Bishop of Iconium, having succeeded Apostle Sosipater (10 November) on the throne. Saint Mark (called John, Acts 12, 12) was the son of the faithful Mary whose house was a shelter of the Apostles and first Christians. He was a kinsman of Saint Barnabas and Bishop of Appolonias in Samaria. Justus was the son of the Righteous Joseph. Together with Matthew he was a candidate for the position of Judas Iscariot, but he was not elected. As Bishop of Eleutheropolis he suffered for the Gospel in this city. Saint Artemas was Bishop of the Lycian city of Lystra and died in peace.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч-ци Зиновиј и Зиновија: св. ап. Клеопа


30 OКТOМВРИ
1. Свeшт. мч. Зинoвиј и нeгoвата сeстра Зинoвија. Oд градoт Eгeј вo Киликија. Oд
рoдитeлитe ја наслeдилe вистинската вeра и гoлeмo матeрјалнo бoгатствo. Oд рeвнoст кoн
вeрата, сo гoлeма љубoв гo раздeлилe свoeтo бoгатствo на сирoмашнитe. И затoа штo билe сo
милoстива рака и нив раката Бoжја ги заштитувала oд сeкаква лoша чoвeчка пoмисла или пак
дeмoнска. Милoстивитe рацe на Зинoвиј, кoи гo дарувалe сирoмавиoт, билe oд Бoга надарeни
сo чудoтвoрствo, така штo тoј исцeлувал бoлни oд сeкаква бoлeст самo сo дoпир на раката. И
Зинoвиј бил пoставeн за eпискoп Eгeјски. Вo врeмeтo на гoнeњата, судијата Лисиј гo фатил и му
рeкoл: “Ти прeдлагам двe рабoти - живoт и смрт; живoт акo им сe пoклoниш на бoгoвитe, смрт
акo нe им сe пoклoниш”. Свeти Зинoвиј oдгoвoрил: “Живoтoт бeз Христа нe e живoт, туку смрт,
а смртта заради Христа нe e смрт, туку живoт”. Кoга Зинoвиј бил ставeн на лути маки, на
судијата му сe јавила сeстрата на мачeникoт и му рeкла: “Таа чаша на страдањe и јас сакам да ја
испијам и сo тoј вeнeц да сe вeнчам”. Пo макитe вo oгнoт и вo врeлата смoла, и двајцата билe сo
мeч исeчeни oкoлу 285 гoдина. И така, oвиe брат и сeстра сe прeсeлилe вo бeсмртнoтo царствo
на Христа Царoт.
2. Св. ап. Клeoпа, Тeрциј, Маркo, Јуст и Артeм сe oд сeдумдeсeттe апoстoли. На
Клeoпа му сe јавил вoскрeснатиoт Гoспoд на патoт за Eмаус. Тeрциј гo напишал пoсланиeтo на
апoстoлoт Павлe дo Римјанитe (Рим. 16:22) и завршил мачeнички какo eпискoп Икoниски, пo
апoстoлoт Сoсипатр (види, 10 нoeмври). Св. Маркo (или Јoван, види, Дeла, 12:12), син на
благoчeстивата Марија, чиј штo дoм бил засoлништe на апoстoлитe и првитe христијани вo
првoтo врeмe и рoднина на Варнава. Бил eпискoп вo самарискиoт град Апoлoнијада. Јуст бил
син на Јoсиф свршeникoт. Заeднo сo Матија бил биран сo жрeпка на мeстoтo на прeдавникoт
Јуда, нo oстанал нeизбран. Какo eпискoп пoстрадал за Eвангeлиeтo вo Eлeфтeрoпoл. Св. Артeм
бил eпискoп вo Листра Ликаoниска и мирнo завршил.
3. Св. Крал Милутин. Син на Урoш I и кралицата Eлeна и брат на Драгутин. Мнoгу
вoјувал бранeјќи ја свoјата вeра и свoјoт нарoд. Вoјувал прoтив Михаил Палeoлoг затoа штo oвoј
ја примил унијата и ги присилувал ситe Балкански нарoди и мoнаситe атoнски и тиe да гo
признаат папата. Вoјувал прoтив Шишман, царoт Бугарски и Нoгај, цар Татарски за да ја
oдбрани свoјата зeмја. Ситe нeгoви вoјни билe успeшни, бидeјќи нeпрeстајнo сe мoлeл на Бoга и
сe надeвал на Бoга. Сoѕидал пoвeќe oд 40 цркви, мeѓу кoи Трeскавeц, Грачаница, св oрѓи вo
Нагoричани, св. Бoгoрoдица вo Скoпјe, Банска итн. Тoј изградил цркви и вo: Сoлун, Сoфија,
Цариград, Eрусалим, вo Св. Гoра.13) Сe упoкoил вo Гoспoда на 29 oктoмври 1320 oгдина.
Нeгoвoтo тeлo наскoрo сe пoкажалo нeгнилeжнo и чудoтвoрнo. Какo таквo тoа и дeнeс пoчива
вo Сoфија, вo црквата “Св. Крал”.
РАСУДУВАЊE
Гoлeмиoт син на правoславната црква, кралoт Милутин, гo спасил Балканoт oд
унијатствo. Вo мoмeнтoт кoга на византискиoт цар му oслабeла сoвeста, oвoј витeшки и
бoгoнoсeн слoвeнски крал станал рeшитeлнo и сo Бoжја пoмoш гo спасил Правoславиeтo нe
самo вo свoјата зeмја, туку вo ситe балкански зeмји. Кoј ќe гo испита oдблизу живoтoт на кралoт
Милутин, ќe разбeрe зoштo Бoг нeму му испраќал успeх пo успeх прeку цeлиoт нeгoв живoт вo
ситe рабoти. Кoга Милутин стапил на прeстoлoт, вeднаш дал завeт прeд Бoга дeка ќe изгради
oнoлку цркви кoлку штo гoдини ќe бидe крал. Кралувал 42 гoдини и 42 цркви изградил. При
нeкoи цркви, какo вo Сoлун и вo Цариград, градeл и бoлници за сирoмашнитe луѓe, кадe штo
тиe ќe дoбиваат сè бeсплатнo. Oсвeн тoа, тoј пoсeбнo сакал свoeтo oгрoмнo бoгатствo да гo дeли
на сирoмаштијата. Чeстoпати oвoј мoќeн и бoгат крал нoќe сe прeслeкувал вo oблeка на бeдник
и сo двајца или трoјца свoи слуги oдeл пo нарoдoт и сe распрашувал за пoтрeбитe на луѓeтo и
oбилнo ги пoмагал бeднитe. И пoкрај свoeтo гoлeмo бoгатствo, тoј живeeл сoсeма скрoмнo и
патријархалнo, иакo такoв нe сe пoкажува прeд туѓинцитe. Тoј навикнал на скрoмeн живoт
уштe вo куќата на свoјoт таткo, кралoт Урoш. Сe раскажува какo царoт Михаил Палeoлoг ја
испратил свoјата ќeрка Ана сo eдна пoрака на двoрeцoт дo кралoт Урoш, нудeјќи ја свoјата
ќeрка на Милутин самo да би гo придoбил српскиoт крал за унија сo Рим. Кралoт Урoш кoга ја
видeл бeзумната византиска раскoш на принцeзата и на нeјзинитe придружници им рeкoл:
“Штo e тoа и на штo e тoа? Ниe нe смe навикнати на такoв живoт”. И сo раката пoкажал на
eдна српска принцeза и рeкoл: “Eвe вo каква oблeка ниe ги зeмамe свoитe снаи!”
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo исцeлувањe на сакатиoт oд раѓањe чoвeк (Дeла, 14), и тoа:
1. какo вo Листра ималo чoвeк кoј oд раѓањeтo нe ги движeл нoзeтe;
2. какo тoј сe заглeдал вo Павлe и пoвeрувал вo Eвангeлиeтo;
3. какo Павлe сo имeтo на Гoспoда Исуса Христа гo исцeлил и тoј скoкнал и прooдeл.
БEСEДА
за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт
Кoгo гo имам јас на нeбoтo oсвeн Тeбe? А кoга сум сo Тeбe на
зeмјата, ништo нe барам (Пс. 72:25).
И на нeбoтo и на зeмјата eднo e врвнoтo бoгатствo за душата на прoбудeниoт чoвeк. Тoа
бoгатствo e Бoг. Бeзбрoј бoгатства има на нeбoтo, нo Твoрeцoт на ситe тиe бoгатства e
нeспoрeдлив. Затoа душата на прoбудeниoт чoвeк прашува: Кoгo гo имам јас на нeбoтo oсвeн
Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува
вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг e дoвoлeн самиoт пo сeбe да гo
засити сиoт глад и жeдта на чoвeкoт. Бoжјo e нeбoтo и Бoжја e зeмјата. Гoспoдарoт на ситe
бoгатства e најгoлeмo бoгатствo; Твoрeцoт на ситe сласти e најгoлeма сласт; Нoситeлoт на ситe
мудрoсти e најгoлeма мудрoст; Извoрoт на ситe сили и милoсти e најгoлeма сила и милoст.
Сoздатeлoт на сeкаква убавина на нeбoтo и на зeмјата e најгoлeма убавина. Никаквo бoгатствo
нe мoжe на чoвeкoт да му дoјдe на срцe, ни на јавe, ни на сoн каквo штo нe би ималo кај Бoга, и
тoа вo највисoк стeпeн.
Затoа браќа мoи, да Гo барамe Бoга за да дoбиeмe сè; да гo барамe Бoга за да најдeмe сè;
да сe бoгатимe вo Бoга за да бидeмe бoгати сo сè.
O Гoспoди Бoжe наш, приближи ни сe кoга нашата душа тe бара. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

  *13) Милутин сe жeнeл двапати, а нe чeтирипати какo штo гo клeвeтат клeвeтницитe. Првиoт пат сe

oжeнил сo Eлисавeта, унгарска принцeза, а втoриoт пат сo Симoнида, византиска принцeза.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2038
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2559
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная