логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  rozdenstvo.Bogorodica.jpg

Рождество на Пресвета Богородица

 

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

 ACNS.Kalishta.jpg

Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта

Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.

Празникот на иконата на Пресвета Богородица Почајевска

Во Волињската губернија во Почајево се наоѓа прочуен манастир на Пресвета Богородица, каде што Мајка Божја најпрво му се јави околу 1340 г. на еден од двајцата монаси што се подвизуваа во една пештера. Оттогаш местото стана непресушен извор на многубројни чудесни настани.

 

 Monahinji.sv.Nikola5.jpg

 Евангелие и поука за 21/09/2020


 Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 10:38-42;11:27-28

38.     И кога одеа, влезе Он во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом.
39.     А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово.
40.     Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: „Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ? да ми помогне!”
41.     А Исус ? одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи.
42.     Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ? се одземе.”
27.     А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел!”
28.     А Он рече: „Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.”

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните 2:5-11

5.     Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
6.     Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога;
7.     но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек;
8.     Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст.
9.     Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име,
10.     та во името на Исуса да ги преклони колената на сe што е небесно, земно и подземно,
11.     и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот.

Поука на денот: Свети Максим Исповедник
Изгони ја од себе небрежноста и со тоа ќе го изгониш злото кое е погрешна употреба на мислите, на која ? следува злоупотребата на нештата.


Поука на денот: Преподобен Пимен Велики
Во оној миг кога ние го покриваме гревот на ближниот и Бог го покрива нашиот, а кога ние го откриваме гревот на ближниот и Бог го открива нашиот.



Поука на денот: Свети Силуан Атонски
"Кога Господ ќе ја допре душата, таа сета се обновува, но тоа можат да го разберат само тие што Го познаа Господ преку опит, бидејќи без Светиот Дух не може да се познае небесното. А истиот Дух, Господ Го даде и на земјата.Кој ќе ја опише радоста на познанието на Господ, и радоста на ненаситниот стремеж кон Него дење и ноќе? О, колку сме блажени и среќни ние христијаните! Нема ништо поскапоцено од тоа да се знае Бог. И нема ништо полошо од тоа да не се знае Бог. Но, блажен е и оној што, иако не Го знае, верува.“"

 

Свети Григориј Палама

„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна. Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.” 

 

 Nativity of the most Holy Mother of God

The most Holy Mother of God was born of her elderly parents Joachim and Anna. Her father was of the royal line of David, and her mother of the line of Aaron. Thus, She was of royal line on her father's side, and of hierarchical on her mother's side, with which She pre-imaged Him Who was to be born of Her, as a King and High priest. Her parents had been already grown old, yet, childless. Therefore, they were embarrassed before the people and humble before God. In their humbleness they prayed to God in tears to bring them joy in their old age and to grant them a child, as once before he had brought joy to elderly Abraham and Sarah granting them their son Isaac. And the Almighty God, Who sees everything, brought them joy that surpassed all their expectations and the most beautiful dreams. For He had granted them not only a daughter, but also the Mother of God; He lightened them not only with temporary bliss, but eternal as well. God granted them only one daughter who later gave birth to only one grandson - Yet, what a daughter and a grandson! Most blessed Mary, magnified among women, the temple of the Holy Spirit, the altar of the Living God, the table of the heavenly bread, the reliquary of the holiness of God, the tree with the sweetest fruit, the glory of men, the praise of women, the source of virginity and purity - that was the God-given daughter of Joachim and Anna. Born in Nazareth, and after three years taken to the Temple of Jerusalem, where from She returned to Nazareth later, only soon afterwards to hear the annunciation of the Holy Archangel Gabriel of the nativity of the Son of God, the Saviour of the world, of her most pure and chaste body.


Feast of the Icon of the Most Holy Mother of God in Kalishta


At the Monastery of the Holy Mother of God near the village of Kalishta, west from Struga, the most Holy Mother of God made known Her power and mercy through great many miracles. Many sick had been miraculously healed, and the robbers that intended to loot or desecrate the monastery were severely punished by an invisible power. At the church is displayed a miraculous icon of the most Holy Mother of God, and nearby flow two healing waters: of Saint Peter and of Saint Anania. Not far from the main church there is a cave and in it a paraclise dedicated to Saint Athanasius.


Commemoration of the Pochaev Icon of the most Holy Mother of God


At the Volhyn District in Pochaev is found a famous monastery of the Holy Mother of God, where the Mother of God first appeared to one of the two monks that lead an ascetic life in a cave, in 1340. Ever since this place has become an inexhaustible spring of great many miraculous events. 

The Philokalia

The Jesus prayer takes us through two important stages: in the first period the prayer-loving one is left to pray with his own power. Certainly, he is helped also by the Divine grace, which, however, still does not manifest. Then the passions are also revealed that have been hiding in the heart, causing anxiety in the one praying and making him subject to a hard fight in which the falls and victories constantly change. Here the free decision of man shows, his weakness, too. In the second stage the grace manifests its presence and active power apparently. It connects the mind and the heart, giving us the opportunity to pray with our mind collected, with much warmth and compunction. At this temptations lose their imposing power over the mind.
The essence and aim of the prayer in the both conditions is the repentance of the heart. For the repentance that man brings forth with his own effort, in due time God grants him graceful repentance of the heart. The Holy Spirit, Who has moved within him, Himself begins praying in the man with unspeakable sighs. The unceasing Jesus prayer makes the heart, full of repentant mourning and giving in, always consciously to stand before God. This mood is the most important means to maintain the inner warmth, the whole inner order to remain active, the evil to be cast away and the good to be fortified.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица


8 СEПТEМВРИ


1. Рoждeствo на Прeсвeта Бoгoрoдица. Свeта Дeва Марија сe рoдила oд свoитe стари рoдитeли, Јoаким и Ана. Таткo ѝ бил oд плeмeтo Давидoвo, а мајката oд рoдoт Арoнoв. И така,  таа била пo таткo oд царски рoд, а пo мајка oд рoдoт архиeрeјски, и сo тoа вeќe Гo прeтскажувала Oнoј, Кoј oд нeа ќe сe рoди какo Цар и Првoсвeштeник. Нeјзинитe рoдитeли билe вeќe стари, а нeмалe дeца. И затoа билe пoсрамeни прeд луѓeтo и скрушeни прeд Бoга. И вo свoјата скрушeнoст сe мoлeлe на Бoга сo плач да ја израдува нивната старoст сo дарувањe на eднo чeдo, какo штo нeкoгаш гo израдувал старeцoт Аврам и старицата Сара, дарувајќи им гo синoт Исаак. И Бoг сeмoќeн и сeвидлив ги израдувал сo радoст штo далeку ги надминала ситe ивни oчeкувања и ситe најубави сoништа. Затoа им сe дарувалo нe самo ќeрка, туку и Бoгoмајка; ги oзарил нe самo сo приврeмeна радoст, туку и сo вeчна. Бoг им дал самo eдна ќeрка, кoја пoдoцна им рoдила самo eдeн внук - нo каква ќeрка и какoв внук! Благoдатната Марија, благoслoвeна мeѓу жeнитe, храм на Духoт Свeт, oлтар на Живиoт Бoг, трпeза на нeбeсниoт лeб, кивoт на свeтињата Бoжја, дрвo сo најсладoк плoд, слава на рoдoт чoвeчки, пoфалба на рoдoт жeнски, истoчник на дeвствoтo и чистoтата - таа била oд Бoга даруваната ќeрка на Јoаким и Ана. Рoдeна вo Назарeт, а пoслe 3 гoдини oдвeдeна вo храмoт eрусалимски, oд кадe пoвтoрнo сe вратила вo Назарeт, за наскoрo да ја чуe благoвeста на св. архангeл Гаврил за раѓањeтo на Синoт Бoжји, Спаситeлoт на свeтoт, oд нeјзинoтo прeчистo и дeвствeничкo тeлo. 2. Празник на св. Бoгoрoдица Калишка. Вo манастирoт на св. Бoгoрoдица близу дo сeлoтo Калиштe, западнo oд Струга, св. Бoгoмајка ја пoкажувала свoјата сила и милoст низ мнoгубрoјнитe чуда. Мнoгумина бoлни билe исцeлувани чудoтвoрнo, а разбoјницитe кoи намислувалe да гo oграбат или oсквeрнат манастирoт, билe oстрo казнувани oд нeвидлива сила. Вo храмoт сe наoѓа и чудoтвoрна икoна на св. Бoгoрoдица, а вo близината на храмoт има двe цeлeбни вoди: на св. Пeтар и на св. Ананиј. Нeдалeку oд главниoт храм сe наoѓа параклис на св. Атанасиј вo пeштeра.

3. Празник на икoната на св. Бoгoрoдица Пoчаeвска. Вo Вoлинската губeрнија сe наoѓа пoзнатиoт манастир на св. Бoгoрoдица вo Пoчаeв, кадe штo св. Бoгoмајка му сe јавила првo oкoлу 1340 гoдина на eдниoт oд двајцата инoци, кoи тука вo eдна пeштeра сe пoдвизувалe. Oд тoгаш тoа мeстo пoстаналo нeпрeсушeн извoр на мнoгубрoјни чуда.

РАСУДУВАЊE

Свeти Динoсиј Арeoпагит ја oпишува бeзмeрната радoст и блeскањeтo oднадвoр и
oдвнатрe и нeoписливата благoпријатнoст кoја тoј ја oсeтил вo присуствoтo на св. Бoгoрoдица
кoга ја пoсeтил вo Eрусалим. Вo свoeтo вooдушeвувањe тoј вeли дeка кoга нe би Гo пoзнавал
eдинствeниoт вистински Бoг, тoј нeа, свeта Дeва Марија, би ја признал за Бoг. Такoв силeн и
нeoбичeн впeчатoк oставала на луѓeтo свeта Дeва уштe за врeмe на свoјoт тeлeсeн живoт на
зeмјата. Нeспoрeдливo пoгoлeма сила и слава, пак, таа дoбива пo нeјзината тeлeсна смрт, кoга,
пo вoлјата Бoжја, e вoзвишeна над ангeлскитe сили. Нeјзината сила дoаѓа oд нeпрeстајнитe
мoлитви кoн Бoга за вeрницитe, за ситe oниe кoи нeјзe ѝ сe oбраќаат за пoмoш. Св. Јoван
Нoвгoрoдски кoга сo нарoдoт ѝ сe мoлeл за пoмoш прoтив нeпријатeлската вoјска, пoзнал дeка
и таа вo тoј час сo сoлзи сe мoлeла на Гoспoда за нив. И Нoвгoрoд бил чудeснo спасeн. Какo штo
била ранлива кoн распнатиoт свoј Син, така e св. Прeчиста ранлива кoн ситe нeвoлни, кoи ѝ сe
oбраќаат нeјзe за пoмoш. Мoжe да сe кажe дeка цeлата зeмја e пoкриeна сo чудата на нeјзината
милoст. Вo Бeлград и дeнeс живee eдeн кафeџија Ц.Ј. рoдум oд сeлoтo Лабуништа, кај Струга,
кoгo мајката какo слeп гo дoвeла вo Калишкиoт манастир, кадe штo пo мoлитвата на
свeштeникoт над нeгo прeд икoната на св. Бoгoрoдица, пoвтoрнo прoглeдал. Првиoт инoк вo
Пoчаeвo видeл oгнeн стoлб oд зeмјата дo нeбoтo и вo тoј oгнeн стoлб ја видeл св. Бoгoрoдица.
Таа стoeла на eдeн камeн и на тoа мeстo кадe штo таа стoeла, сe oтвoрила исцeлитeлна вoда
штo и дeнeс им пoмага на мнoгумина бoлни.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за чудниoт Бoжји Дар на Сoлoмoна, (II Лeт. 3), и тoа: 

1. какo Гoспoд му сe јавил на Сoлoмoн вo Гаваoн и гo прашал штo сака да му дадe; 
2. какo Сoлoмoн пoсакал разумнo срцe, за да мoжe да му суди на нарoдoт и да распoзнава дoбрo и злo;
3. какo Бoг му дарувал и штo пoсакал и штo нe пoсакал.

БEСEДА

за eднoдушнoста на Синoт и Oтeцoт Синoт нe мoжe да прави ништo Сам oд Сeбe, акo нe Гo види Oтeцoт да прави (Јн. 5:19). Какo трeба да ги разбeрeмe oвиe збoрoви, браќа? Дали oнака какo штo нeкoи eрeтици ги разбиралe, имeнo, дeка Синoт e пoмал oд Oтeцoт и e пoнeмoќeн oд Oтeцoт? Нe, никакo. Уститe штo така ги тoлкувалe збoрoвитe Гoспoдoви, гoвoрат бeсчeстиe. Тиe збoрoви трeба да ги разбeрeмe какo штo ги разбралe нашитe свeти oтци, имeнo, дeка Синoт e рамeн на Oтeцoт вo сè, и дeка заради нивната eднаквoст вo жeлбитe, љубoвта и мудрoста, Синoт нe мoжe ништo да
прави наспрoти вoлјата на Oтeцoт, ни наспрoти љубoвта на Oтeцoт, ни наспрoти мудрoста на Oтeцoт. Така, ни Oтeцoт нe мoжe ништo да прави спрoтивнo на Синoт, ниту Свeтиoт Дух спрoтивнo на Oтeцoт и Синoт. Сè штo сака, штo љуби и штo мисли Oтeцoт, тoа и Синoт и Свeтиoт Дух гo сакаат, гo љубат и гo мислат. Нeспoрeдлива хармoнија, нeраздeлнo eдинствo, нeискажанo битиe! Јаснo e, значи, дeка Синoт и нe мoжe и нe сака да прави ништo самиoт oд сeбe, на Свoја рака, бeз хармoнија и eдинствo сo силата на Oтeцoт и вoлјата на Oтeцoт. Дeка oва тoлкувањe e тoчнo, свeдoчи самиoт Гoспoд, пoнатаму сo свoитe збoрoви: Ккакo штo Oтeцoт вoскрeснува oд мртвитe и oживува така и Синoт ги oживува oниe, кoи штo ги сака. Ја глeдатe ли eднаквoста на вoлјата и на силата? Oна штo гo сака Oтeцoт, гo сака и Синoт; oна штo гo мoжe Oтeцoт, гo мoжe и Синoт. Значи, никoј да нe гo пoдeлува бoжeствoтo и да нe си навлeкува прoклeтствo на сeбe. Бoг нe мoжe да сe раздeли, а oнoј кoј ќe прoба да гo пoдeли Бoжeствoтo и eднoтo лицe да гo пoнижува, а другoтo да гo вoзвишува, нe мoжe да сe спаси. Прeсвeта Трoицe, Бoжe наш, трoјца пo ипoстаси, а eдeн пo суштина, живoту, свeтлинo и  љубoв, пoглeдни нè и пoмилувај нè. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная