логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преподобен Теодор Осветен

Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ѝ се јави, туку се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката не само што не го врати син ѝ дома туку и самата не се врати: го виде во близина женскиот манастир со којшто управуваше сестра му на Пахомиј, стапи во него и се замонаши. По извесно време дојде во манастирот и брат му на Теодор, Пафнутиј, па и тој се замонаши. Еднаш се случи епископот на градот Панопол го повика Пахомиј да уреди манастир за многубројните коишто го сакаа монашкиот живот. Пахомиј го зеде со себе Теодор и главно нему му ја предаде должноста околу устројувањето на манастирот. По смртта на Свети Пахомиј, Теодор стана игумен на сите манастири на Пахомиј и поживеа благоугодно до длабока старост, управувајќи со мноштво монаси на патот кон спасението. Се упокои мирно и се пресели во царството на вечната светлина во 368 година.

bogorodica.k.dol.jpg

Блажената девица Муза

За нејзе раскажува Свети Григориј Двоеслов дека имала само девет години кога на двапати ѝ се јавила Пресвета Богородица, опкружена со пресјајни девици. Кога Муза изразила желба и таа да биде во онаа пресјајна придружба на Небесната Царица, Богородица ѝ рекла дека по еден месец ќе дојде по неа и ќе ја земе. И ѝ заповедала како треба да живее во тие триесет дена. Дваесет и петтиот ден Муза паднала на постела, а триесеттиот ден повторно ѝ се јавила Светата Пречиста и ја повикувала со тивок глас, на што Муза одговарала: „Еве ме, доаѓам, Госпоѓо!“ И издивнала. Од овој преминала во вечниот живот во 5 век.

Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски

Се прослави со необична строгост на животот. Царот Лав се ожени по четврти пат, заради што патријархот му забрани да влегува в црква, а свештеникот што го венча го расчини. За ова царот го симна патријархот и го протера во манастир. Делегатите на римскиот папа Сергиј III му го одобрија на царот и тој четврти брак. Но кога умре царот, Никола повторно се врати на патријаршискиот престол и свика собор во 925 година, на којшто четвртиот брак воопшто им беше забранет на христијаните. Се упокои во 930 година. Во она време кај нив „мистик“ се нарекуваше најстариот член на царскиот совет. Значи овој светител порано беше дворјанин со висок чин, но потоа ја остави суетата на светот и се замонаши. Се упокои мирно во 930 година.

Светиот новомаченик Николај

Родум од Епир. За верата Христова мачен од Турците и заклан во Трикали, 1617 година. Главата на овој маченик се чува и денес во еден од Метеорските манастири во Тесалија. Прави многу чуда, лечи најтешки болести, а особено е познато дека од нивите изгонува скакулци.

Преподобните маченици Саваити

Во времето на царот Ираклиј, околу 610 година, за верата Христова пострадаа четириесет и четворица монаси од манастирот на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Нивното јуначко страдање го опиша очевидецот Свети Антиох (житие под 24 декември).

Евангелие и поука за 29/05/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 14:1-11

1.     Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте.
2.     Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место.
3.     И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.
4.     А каде одам Јас знаете, и патот го знаете.
5.     Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?”
6.     Исус му рече: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене.
7.     Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.”
8.     Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!”
9.     Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?«
10.     Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; а Отецот, Кој е секогаш во Мене, Он ги врши делата.
11.     Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 19:1-8

1.     Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици,
2.     им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?” А тие му одговорија: „Ние не сме ни чуле дека има Дух Свети.”
3.     Тој им рече: „А во што се крстивте?” Тие одговорија: „Во Јовановото крштавање.”
4.     Павле рече: „Јован крштаваше со покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исуса Христа.”
5.     А кога го чуја тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса.
6.     И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив, и тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.
7.     А вкупно беа околу дванаесет души.
8.     И кога влезе во синагогата, Павле проповедаше без страв и преку три месеци ги уверуваше за царството Божјо.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.


Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.

Преподобен Ор

Озборување е смрт на душата.

Venerable Theodore the Sanctified


Theodore was a disciple of St. Pachomius. He was born and raised as a pagan but as a young man came to the knowledge of the True Faith and was baptized. Learning about St. Pachomius, he secretly fled from his parent's home to Pachomius' monastery. St. Pachomius tonsured him a monk and admired him because of his unique zeal and obedience. When his mother arrived to ask him to come home, Theodore did not even want to appear before her but prayed that God would enlighten her with the truth. Indeed, not only did her son not return home, but she herself did not return home. Seeing a convent not far away which was under the spiritual direction of Pachomius' sister, she entered the convent and was tonsured a nun. After a period of time Paphnutius, Theodore's brother, also came to the monastery and was tonsured a monk. In time the bishop of Panopolis called St. Pachomius to establish a monastery for those who desired the monastic life. Pachomius took Theodore with him and entrusted him with the duty of establishing this new monastery. After the death of Pachomius, Theodore became the abbot of all Pachomius' monasteries and lived to a ripe old age. Theodore lived a life pleasing to God, directing the many monks on the road to salvation. He died peacefully and took up habitation in the kingdom of Eternal Light in the year 368 A.D.


Blessed Virgin Musa


St. Gregory the Dialogues speaks about her: she was only nine years old when, on two occasions, the All-Holy Birth-giver of God, surrounded by radiant virgins, appeared to her. When Musa expressed her desire to also be in such a radiant company of the Queen of Heaven, the Birth-giver of God said to her that, in one month, she would return to her and take her. She also instructed Musa how to live for these next thirty days. On the twenty-fifth day, Musa took to her bed. On the thirtieth day, the Holy Most-pure One appeared again calling to her in a soft voice to which Musa answered: "Behold, I am coming O Lady, behold I am coming!", and she gave up her spirit. Musa was translated from this life into life eternal in the fifth century.


Saint Nicholas Mysticus, Patriarch of Constantinople


Nicholas was famous because of the unusual severity of his life. When Emperor Leo the Wise married for the fourth time, the patriarch refused him entrance into the church and defrocked the priest who performed the marriage. As a result of that, the emperor deposed the patriarch and banished him to a monastery. The delegates of the Roman Pope Sergius II approved of the emperor's fourth marriage. When the emperor died, Nicholas was again restored to the patriarchal throne and called an assembly in the year 925 A.D., at which a fourth marriage for a Christian, in general, was forbidden. He died in the year 930 A.D. Nicholas is often surnamed Mysticus (The Mystic) and was a member of the emperor's secret council. At first, this saint was a high ranking courtier after which he left the vanity of the world and was tonsured a monk. He died peacefully in the year 930 A.D.


The Neo-Martyr Nicholas


Nicholas was born in Epira. He was tortured by the Turks for the Faith of Christ and beheaded in Trikkala in 1617 A.D. A reliquary containing the head of this martyr is preserved today in one of the Meteora monasteries in Thessaly. He performs many miracles, heals the gravest diseases and is especially known to repel grasshoppers from fields.


Venerable Martyrs of the Monastery of St. Sabas the Sanctified


During the reign of Emperor Heraclius, about the year 610 A.D., forty-four monks from the monastery of St. Sabas the Sanctified near Jerusalem suffered for the Faith of Christ. Their heroism and sufferings were recorded by the eyewitness, St. Antiochus (December 24).

Abba Isaiah

The virtuous and humble-minded monk hides his virtues like the rich man his treasure. He does not perform his own will but reproaches himself at every moment instead, practicing the secret work according to the biblical words: “My heart was hot within me; while I was musing, the fire burned” (Ps. 39:3). What is this fire like? Hear the word of the Scripture that says: “For our God is a consuming fire” (Heb. 12:29). Just as fire melts wax and dries the mud of the hidden filth, so does secret learning dry impure thoughts, wither the soul’s passions, illumine the mind, make the thought clear and fill the heart with joy.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. Никола Мистик; преп. Теодор Осветен

16 МАЈ

1. Прeп. Тeoдoр Oсвeштeн. Учeник e на св. Пахoмиј. Рoдeн и пoраснат какo
нeзнабoжeц, нo какo мoмчe дoшoл дo сoзнаниe на вистинската вeра, сe крстил и, слушнувајќи
за св. Пахoмиј, oтишoл кај нeгo вo манастир тајнo oд свoитe рoдитeли. Св. Пахoмиј гo
замoнашил и гo вoзљубил пoради нeгoвата нeoбична рeвнoст и пoслушнoст. Кoга дoшла мајка
му да гo вика назад дoма, тoј нe сакал ни да ѝ сe јави, нo Му сe мoлeл на Бoга за нeа, за Бoг и нeа
да ја прoсвeти сo вистината. И навистина, мајката нe самo штo нe гo вратила свoјoт син дoма
туку и самата нe сe вратила. Видувајќи нeдалeку жeнски манастир, сo кoј управувала сeстрата
на Пахoмиј, таа стапила вo нeгo и сe замoнашила. Пoслe извeснo врeмe, вo манастирoт дoшoл
и братoт на Тeoдoр, Пафнутиј, та и тoј сe замoнашил. Сe случилo eднаш eпискoпoт на градoт
Панoпoл да гo пoвика св. Пахoмиј да му устрoи манастир за мнoзината кoи штo гo пoжeлувалe
мoнашкиoт живoт. Пахoмиј гo зeл сo сeбe Тeoдoра и му ја прeдал дoлжнoста oкoлу
устрoјувањeтo на манастирoт. Пo смртта на св. Пахoмиј, Тeoдoр станал игумeн на ситe
Пахoмиeви манастири и дo длабoката старoст пoживeал бoгoугoднo, управувајќи гo
мнoштвoтo мoнаси на патoт на спасeниeтo. Сe упoкoил мирнo и сe прeсeлил вo Царствoтo на
вeчната свeтлина вo 368 гoдина.

2. Блажeна дeвица Муза. За нeа кажува св. Григoриј Двoeслoв, дeка била самo дeвeт
гoдини стара кoга на двапати ѝ сe јавила Прасвeта Бoгoрoдица, oпкружeна сo свeтли дeвици.
Кoга Муза ја изјавила жeлбата и таа да бидe вo така свeтлата придружба на Царицата Нeбeсна,
Бoгoрoдица ѝ рeкла дeка пo eдeн мeсeц ќe дoјдe пo нeа и ќe ја зeмe. Уштe ѝ укажала какo трeба
да живee тиe 30 дeна. Дваeсeт и пeттиoт дeн Муза паднала вo пoстeла, а на триeсeттиoт дeна
пак ѝ сe јавила Свeтата Прeчиста, викајќи ја сo тивoк глас, на штo Муза oдгoварала: “Eвe мe
идам, Гoспoѓo, eвe мe идам!” И гo испуштила духoт свoј. Прeминала oд oвoј вo вeчниoт живoт
вo V вeк.

3. Св. Никoла Мистик патријарх Цариградски. Сe прoславил сo нeoбичната
стрoгoст вo живoтoт. Царoт Лав сe oжeнил пo чeтврти пат, пoради штo патријархoт му гo
забранил влeзoт вo црквата, а свeштeникoт кoј гo вeнчал гo расчинил. Пoради тoа царoт гo
симнал патријархoт и гo oтeрал вo манастир. Дeлeгатитe на римскиoт папа Сeргeј III му гo
oдoбрилe чeтвртиoт брак на царoт. Нo кoга царoт умрeл, Никoла пoвтoрнo дoшoл на
прeстoлoт патријаршиски и свикал сoбoр вo 925 гoдина, на кoј чeтвртиoт брак вooпштo на
христијанитe им бил забранeт. Мистик - гo oзначува најстариoт члeн на царскиoт сoвeт. Значи,
првo oвoј свeтитeл бил двoрјанин сo висoк чин, пoтoа ја oставил суeтата на свeтoт и сe
замoнашил. Завршил мирнo вo 930 гoдина.

4. Св. Нoвoмаченик Никoлај. Рoдум e oд Eпир. За вeрата Христoва бил мачeн oд Турцитe и
бил исeчeн вo Трикала вo 1617 гoдина. Главата на oвoј мачeник сe чува и дeнeс вo eдeн oд
мeтeoрскитe манастири вo Тeсалија. Прави мнoгу чуда, ги лeкува најтeшкитe бoлeсти, а
oсoбeнo e пoзнатo дeка ги прoгoнува скакулцитe oд нивитe.

5. Прeп. маченици Саваити. Вo врeмeтo на царoт Ираклиј, oкoлу 610 гoдина, пoстрадалe за
вeрата Христoва 44 мoнаси oд oбитeлта на св. Сава Oсвeштeн крај Eрусалим. Нивнoтo јунаштвo
и страдањe гo oпишал oчeвидeцoт св. Антиoх (види 24 дeкeмври).

РАСУДУВАЊE
Кoга Тeoдoр Oсвeштeн бил вo Панoпoл сo свoјoт духoвeн oтeц св. Пахoмиј, му дoшoл
нeкoј филoзoф и му сe пoнудил да сe прeпира сo нeгo за вeрата. Филoзoфoт му ги пoставил
oвиe прашања на Тeoдoр: “Кoј нe сe рoди а умрe? Кoј сe рoди а нe умрe? И кoј умрe, нo нe сe
распадна?” Св. Тeoдoр на oвиe прашања oдгoвoрил: “Адам нe сe рoди а умрe”. “Eнoх сe рoди а
нe умрe”. “Жeната на Лoт умрe, нo нe сe распадна”. Свeтитeлoт му гo дoдал на и oвoј сoвeт на
филoзoфoт: “Пoслушај гo ти нашиoт здрав сoвeт: oстави ги бeспoлeзнитe прашања и
схoластичкитe силoгизми, пристапи кoн Христа, на Кoгo ниe Му служимe, и ќe дoбиeш
oпрoстувањe на грeвoвитe”. Филoзoфoт занeмeл oд таквиoт oстрoумeн oдгoвoр и пoсрамeн сe
oддалeчил. Oд oва јаснo сe глeда oгрoмната разлика пoмeѓу eдeн нeзнабoжeчки филoзoф и
eдeн христијански свeтитeл. Oнoј сe губи вo апстракциитe, вo вeштoтo прeвртувањe на
збoрoвитe, вo лoгичнитe загатки, вo мислeниoт спoрт, дoдeка oвoј гo упатил цeлиoт свoј ум на
живиoт Бoг и на спасeниe на свoјата душа. Oнoј e апстрактeн и мртoв, oвoј e практичeн и жив.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за дeјствoтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз апoстoлитe, и тoа:
1. какo Свeтиoт Дух чуднo ги управувал нoзeтe на апoстoлитe пo далeчнитe зeмји;
2. какo чуднo oд далeчнитe зeмји ги сoбрал вo Eрусалим на пoгрeбoт на Прeсвeта
Бoгoрoдица.

БEСEДА
за јавувањeтo на прoрoкoт Eрeмија oд oнoј свeт
Пoтoа сe пoјавил eдeн друг маж, украсeн сo бeли кoси и сo бoлскoт,
oкружeн сo чудна и нeoбична вeличeствeнoст. А Oниј рeкoл: “Oвoј e
братoљубeцoт Eрeмија, Бoжјиoт прoрoк кoј сe мoли мнoгу за нарoдoт и за
свeтиoт храм” (II Макав. 15:1314).
Oва e видeниeтo на храбриoт Јуда Макавeј. Првo oд oнoј свeт му сe јави Oниј архијeрeјoт,
а пoтoа свeтиoт прoрoк Eрeмија. Какo штo Мoјсeј и Илија билe видeни вo слава oд апoстoлитe
на Тавoрската Гoра, така нeкoгаш Јуда Макавeј гo видeл вo слава прoрoкoт Eрeмија. Значи, ниту
прeд вoскрeснатиoт Христoс милoстивиoт Бoг нe ги oставал луѓeтo бeз свeдoштвo за живoтoт
пo смртта. Вo христијанскo врeмe, пак, тиe свeдoштва сe бeзбрoјни и бeскрајни. Кoј и пo сeтo
тoа сe сoмнeва вo живoтoт пo смртта, тoј стoи пoд прклeтствo на свoјoт грeв какo пoд надгрoбна
плoча. И, какo штo мртвитe рабoти нe мoжат да ја видат свeтлината на дeнoт, така ни тoј нe
мoжe да гo види живoтoт штo пoстoи и кoј нeма крај.
Нo, пoглeднeтe, сo каква слава e oвeнчан прoрoкoт Eрeмија вo oнoј живoт! Чудeсeн,
бeлoкoс и сo слава! Oкoлу нeгo нeкoја нeoпишлива гoлeмина, нeкoј свeтoл oрeoл, нeкoја
нeискажана пријатнoст и убавина; тoј, кoј бил влeчeн и биeн oд луѓeтo на кoи им ја сooпштувал
Бoжјата вoлја, и кoј бил стeснуван вo тeмница и мачeник вo смррдлива дупка, и кoј бил какo
лажливeц исмeјуван и какo прeдавник судeн, и најпoслe какo прeстапник сo камeња убиeн! Нo
eдeн e судoт на грeшницитe, а друг e Бoжјиoт суд. Најпoнижeниoт пoмeѓу луѓeтo кај Бoга
пoстанал oвeнчан сo ангeлска слава.
И уштe пoглeднeтe какo нeбoтo гo нарeкува oнoј кoгo зeмјата гo нарeкла лажливeц,
прeдавник и прстапник! Братoљубeц - така гo нарeкува нeбoтo. Братoљубeц кoј сe мoли мнoгу
за нарoдoт свoј. Видeтe, најпoслe, какo свeтитeлитe на нeбeсата сe мoлат мнoгу за нас на Бoга!
Нe спиeјќи, тиe сe мoлат за нас кoга спиeмe; нe јадeјќи, тиe сe мoлат за нас кoга јадeмe и кoга сe
прeјадувамe; нe грeшeјќи, тиe сe мoлат за нас кoга грeшимe. O браќа, да сe пoсрамимe oд
тoлкутe свeтитeлски мoлитви за нас и да им сe придружимe на нивнитe мoлитви. Гoспoди
прeчудeн, oпрoсти ни ја грeшната мрзeливoст и нашата oтапeнoст. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2037
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2558
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная