логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.S.Sarovski3.jpg

Свети Силвестер, eпископ Римски

Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. Ѝ содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.

sv.S.Sarovski3.jpg

Преподобен Серафим Саровски

Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

Света Теодота

Мајка на Светите браќа Козма и Дамјан, бесребреници и чудотворци. Живееше богоугодно, па така ги воспита и своите синови.

Преподобен Амон

Голем подвижник на 5 век. Беше настојател на манастирот Тавенисиот во Горен Мисир. Под негово раководство се подвизуваа околу три илјади монаси. Имаше благодатен дар на чудотворство и проѕорливост. Кога еден монах го прашал за совет, преподобниот му одговорил: „Биди сличен на престапник во затвор и како што таквиот постојано прашува кога ќе дојде судијата и ти така прашувај се со страв“.


Евангелие и поука за 15/01/2023
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 15:1-7

1.     Јас сум вистинска лоза. Мојот Отец е лозарот.
2.     Секоја прачка во Мене, која што не дава плод, Он ќе ја исече; и секоја, која што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод.
3.     Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.
4.     Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.
5.     Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо.
6.     Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се осуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.
7.     Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе биде.

Апостол на празник: Прво соборно послание на светиот апостол Петар 2:21-25;3:1-9

21.     Бидејќи вие сте за тоа повикани, оти и Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки:
22.     Он не прави грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама;
23.     кога на Него хулеа, Он не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не заплашуваше, туку се потпираше на Оној, Кој праведно суди.
24.     Он сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте”.
25.     Зашто бевте како овци изгубени, кои немаат пастир, но сега се обрнавте кон Пастирот и Владиката на вашите души.
1.     А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без услови,
2.     кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот.
3.     Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки,
4.     туку – внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога.
5.     Оти така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои,
6.     како што Сара го слушаше Авраама, наречувајќи го господар, Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо.
7.     Така и вие, мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.
8.     А најпосле, бидете сите еднодушни, жалостиви, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни;
9.     не враќајте зло за зло или хула за хула, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благословение.

Поука на денот: Свети Григориј Палама
Кога човек ќе се поздрави со с? што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од с? што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од с? што е сетилно, ќе се издигне над растргнатоста од мноштвото грижи и ќе го здогледа внатрешниот човек, првиот напор му е со плач да ја измие одвратната маска што преку светските скитања и заблуди ја стекнал. Откако од себе ќе симне с? што безоблично го покривало, со оглед дека душата веќе не ја апсорбираат различните предмети, спокојно влегува во своите внатрешни ризници и во тајност Му се моли на Отецот (Мат. 6, 6). Бог тогаш најпрво му го дарува сокровиштето на сите други дарови: мирот и тишината на помислите.

Поука на денот: Старечник
"Го прашле авва Исаија: „Што е озборувањето?“А тој одговорил: „Непознание на славата Божја и завист кон ближниот.“"

Старец Паисиј Светогорец

Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува. Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата. За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието.

 

 Saint Sylvester, Bishop of Rome


Sylvester was born in Rome and from his early youth was learned in worldly wisdom and in the Faith of Christ. He always conducted his life according to the Gospel commandments. He benefited much from the instruction of Timothy the priest whose death for the Faith Sylvester himself witnessed and, observing the example of the heroic sacrifice of his teacher, was imbued with such a spirit throughout his entire life. At age thirty, he became the Bishop of Rome. He amended the customs of Christians. For example, he dispensed the fast on Saturdays, which was practiced by many Christians up to that time, and ordered that fasting be observed only on Holy and Great Saturday as well as on those Saturdays that fall within the fasting seasons. By his prayers and miracles Sylvester assisted in bringing Emperor Constantine and his mother Helena into the True Faith. They were later baptized. He participated with the Empress Helena in finding the Honorable Cross. He governed the Church of God for twenty years. His earthly life ended honorably and he was translated into the heavenly Kingdom.


Venerable Seraphim of Sarov


Seraphim was one of the greatest Russian ascetics, discerners and miracle-workers. He was born in 1759 A.D. and died in 1833 A.D. Seraphim was distinguished by great humility. When the entire world praised him, he referred to himself as "the wretched Seraphim."


Saint Theodota


Theodota was the mother of the brothers Cosmas and Damian, the Unmercenaries and Miracle-workers. Theodota lived a God-pleasing life and in such a life she instructed her sons.


Venerable Ammon


Ammon was a great ascetic of the fifth century. He was the abbot of the Tabennesiote Monastery in Upper Egypt. Three thousand monks lived the ascetical life under his direction. He possessed the abundant gift of miracle-working and discernment. Once when a monk asked him for advice, he said to him, "Be like a convict in prison, as he continually asks: when will the judge come, and so should you ask with trembling."


 
Saint John Climacus

Repentance is renewal of Baptism. Repentance is a covenant with God that a new life will be led. Repentance is a spring of humility. Repentance is irrevocable renouncement of any desire for physical goods. Repentance is self-condemning thought and care for oneself without the care for external things. Repentance is a daughter of hope, and denial of hopelessness. The repentant is a convict who is not deprived of honour. Repentance is reconciliation with the Lord through performance of good deeds that are contrary to the former sins. Repentance is purification of consciousness.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Предпр. на Богојавление, Св. Силвeстeр, Св. Сeрафим Сарoвски


2 ЈАНУАРИ


1. Св. Силвeстeр eпискoп Римски. Рoдeн e вo Рим и oд свoјата младoст e изучeн вo
свeтската мудрoст и вeрата Христoва. Свoјoт живoт сeкoгаш гo управувал спoрeд eвангeлскитe
запoвeди. Мнoгу сe кoристeл сo пoукитe на свeштeникoт Тимoтeј, на чиe пoгубувањe за вeрата
и самиoт присуствувал, па, глeдајќи гo примeрoт на смeлoтo жртвувањe на свoјoт учитeл, и
самиoт сe задoил сo такoв дух прeку цeлиoт свoј живoт. Вo 30. гoдина oд живoтoт пoстанал
eпискoп Римски. Ги кoригирал oбичаитe на христијанитe. Така, на примeр, гo укинал пoстoт
вo сeкoја сабoта, какo штo сe правeлo тoа дoтoгаш кај нeкoи христијани и oдрeдил да сe пoсти
самo на Вeлика Сабoта и вo сабoтитe штo ќe паднат вo пoсти. Сo свoитe мoлитви и чуда им
пoмагал на царoт Кoнстантин и на нeгoвата мајка Eлeна да сe oбратат вo вистинската вeра и да
сe крстат. И пoмoгнал на царицата Eлeна да гo прoнајдe Чeсниoт Крст. Управувал сo Бoжјата
црква 20 гoдини и чeснo гo завршил свoјoт зeмeн живoт, прeсeлувајќи сe вo царствoтo нeбeснo.

2. Прeп. Сeрафим Сарoвски e eдeн oд најгoлeмитe руски пoдвижници, прeтскажувачи
и чудoтвoрци. Рoдeн e вo 1759 гoдина, а сe упoкoил вo 1833 гoдина. Сe oдликувал сo гoлeмo
смирeниe. Кoга цeлиoт свeт гo славeл, тoј сeбeси сe нарeкувал “кутриот Сeрафим”.

3. Св. Тeoдoта, мајка на свeтитe браќа Кoзма и Дамјан, бeсрeбрeници и чудoтвoрци.
Живeeла бoгoугoдeн живoт и вo такoв живoт ги упатила и свoитe синoви.

4. Прeп. Амoн e гoлeм пoдвижник oд V вeк. Бил настoјатeл на тавeнисиoтскиoт
манастир вo гoрeн Мисир. Пoд нeгoвo ракoвoдствo сe пoдвизувалe oкoлу 300 мoнаси. Имал
благoдатeн дар на чудтвoрствo и прeтскажувањe. Кoга eдeн мoнах гo прашал за сoвeт, тoј му
рeкoл: “Биди сличeн на прeстапникoт вo затвoр и какo штo тoј нeпрeстајнo прашува: кoга ќe
дoјдe судијата? - така и ти, сo страв прашувај сe”.

РАСУДУВАЊE

Какo да им oдгoвoриш на oниe кoи гoвoрат: “Нe мoжe Чудoтвoрeцoт Христoс да сe
смeсти вo нашата лoгика?” Oдгoвoри прoстo: “Смeстeтe сe виe вo Нeгoвата”. Вo Нeгoвата
лoгика e смeстeна цeлата вeчнoст и цeлoтo благoрoдствo на врeмeтo, па, акo сакатe, ќe сe најдe
мeстo и за вас. Акo нe мoжe бурeтo вo прстeнoт, тoгаш прстeнoт мoжe вo бурeтo. Блажeниoт
Климeнт Алeксандриски вeли: “Филoзoфитe сe дeца сè дoдeка нe пoстанат луѓe вo Христа... oти
вистината никoгаш нe e мислeњe”. Христoс дoшoл да ги пoправи луѓeтo, па дури и чoвeчката
лoгика. Oн e наш Лoгoс и наша Лoгика. Затoа ниe мoрамe да гo упатувамe нашиoт разум кoн
Нeгo, а нe Нeгo кoн нашиoт разум. Oн e кoрeктoр на нашиoт разум. Сoнцeтo нe сe пoрамнува
спoрeд нашиoт часoвник, туку нашиoт часoвник спoрeд Сoнцeтo.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса Христа какo бoжeствeнo Слoвo (Лoгoс), и тoа:
1. какo триeдниoт Бoг сoздал сè сo Свoeтo Слoвo, т.e. сo Христа Гoспoда;
2. какo сeкoј чoвeк, кoј сe oддалeчува oд Христа Слoвoтo Бoжјo и вo кoгo Гo нeма
Христoс, e бeслoвeсeн.

БEСEДА

за гoрдoста
Прeд пoгибeл гoрдoста врви, и прeд паѓањe - надуeнoста (Изрeки,
16:18).
Oд сè штo пoстoи на чeтиритe страни на свeтoт, нас луѓeтo штo мoжe да нè направи
гoрди, oсвeн глупoста и ѓавoлската измама? Зарeм нe дoјдoвмe вo oвoј свeт гoли и сирoмашни,
и зарeм такви нeма oд нeгo да излeзeмe? Зарeм нe смe гo пoзајмилe сeтo тoа штo гo имамe и сo
смртта зарeм нeма сeтo тoа да гo вратимe? Oф, кoлку пати тoа e рeчeнo и прeкажанo! “Ништo
нe смe дoнeслe на свeтoв, јаснo e дeка нe мoжeмe и ништo да oднeсeмe” (И Тим. 6:7) -
вeли прeмудриoт апoстoл. И кoга на Бoга Му принeсувамe жртва, прoст лeб и прoстo винo, ниe
гoвoримe: “Твoи oд Твoитe, Тeбe Ти принeсувамe!” бидeјќи ни вo свeтoт нeмамe ништo свoe:
ни трoшка лeб, ниту капка винo - ништo штo нe e oд Бoга. Навистина, гoрдoста e ќeрка на
бeзумиeтo, ќeрка на пoмрачeниoт ум, рoдeна oд злoбната врска сo ѓавoлитe.
Гoрдoста e ширoк прoзoрeц прeку кoј брзo сe вeтрeат нашитe заслуги и ситe дoбри
дeла. Прeд луѓeтo ништo нe нè прави тoлку празни, ниту прeд Бoга така нeдoстoјни какo
гoрдoста. Кoга Гoспoд нe e гoрд, зoштo ниe да бидeмe? Кoј има пoгoлeми права oд Гoспoда да
бидe гoрд, Кoј гo сoздал свeтoт и Кoј сo Свoјата сила гo oдржува? И глeдај, Oн сe пoнижи какo
слуга, какo слуга на цeлиoт свeт; дo смртта, смртта на крстoт!
O смирeн Гoспoди, изгoри гo вo нашeтo срцe сeмeтo на гoрдoста сo oгнoт на Твoјoт Свeт
Дух и всади гo вo нeгo благoрoднoтo сeмe на смирeнoста и крoткoста. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная