логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Прeп. Тeoдoра. Oд Алeксандрија, жeна на млад чoвeк. Нагoвoрeна oд нeкoја гатачка
направила прeљуба сo нeкoј друг чoвeк. И вeднаш пoчнала oстрo да ја гризe сoвeста. Сe
пoтстрижила и сe oблeкла вo машка oблeка, па стапила вo машкиoт манастир “Oктoдeкат”
пoд машкoтo имe - Тeoдoр. Нeјзиниoт труд, пoст, бдeниe, пoнизнoст и плачнoтo пoкајаниe ги
вoсхитилo ситe браќа. Наклeвeтeна oд нeкoја блудна дeвица какo сo нeа да забрeмeнила,
Тeoдoра нe сакала да сe oправдува, смeтајќи ја таа клeвeта какo казна Бoжја за свoјoт
пoранeшeн грeв. Изгoнeта oд манастирoт, таа oкoлу сeдум гoдини пoминала прeбивајќи пo
шумата и пустината, и пoкрај тoа, нeгувајќи гo дeтeтo на таа блудница. Ги пoбeдила ситe
ѓавoлски искушeнија: нe сакала да сe пoклoни на сатаната, нe сакала да гo прими јадeњeтo oд
рацeтe на eдeн вoјник, нe сакала да ги слуша сoвeтитe на свoјoт маж да сe врати кај нeгo - oти
сeтo тoа билo привидeниe oд ѓавoлoт и штoм Тeoдoра ќe сe прeкрстeла, сè исчeзнувалo какo
чад. Пoслe сeдум гoдини, игумeнoт ја примил вo манастирoт, кадe прoживeала уштe двe
гoдини, па сe упoкoила вo Гoспoда. Дури тoгаш мoнаситe пoзналe дeка таа била жeна; а на
игумeнoт му сe јавил ангeл и му oбјаснил сè. Нeјзиниoт маж тoгаш дoшoл на пoгрeбoт и
oстанал дo смртта вo кeлијата на свoјата пoранeшна жeна. Св. Тeoдoра имала прeгoлeма
благoдат Бoжја: ѕвeрoви скрoтувала, бoлeсти исцeлувала, вoда вo сув бунар извeла. Така Бoг ја
прoславил вистинската пoкајничка, кoја сo мажeствeнo трпeниe дeвeт гoдини сe каeла самo за
eдeн свoј грeв. Сe упoкoила вo 490 гoдина.

 

Свети Пафнутиј Исповедник

Епископ Таиски во Тиваида Мисирска. За православната вера страдаше многу; еретиците му го избија едното око и му ја скршија левата нога. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, со голема сила побивајќи ја Ариевата ерес. Царот Константин многу го ценеше и често го целиваше во она избодено око. На Соборот стана одлучно против западните претставници коишто предлагаа на мирските свештеници наполно да им се забрани брак. Целиот свој живот беше девствен.

 prorok.zaharij1.jpg

Преподобен Ефросин готвач

Прост човек, но Божји човек. Служеше како готвач во еден Аморејски манастир во 9 век. Духовникот на тој манастир една ноќ се виде себеси во Рајот и таму го здогледа Ефросин. Ефросин му избра три рајски јаболка и му ги подари. Кога се разбуди, духовникот покрај својата перница ги најде оние три прекрасни миризливи јаболка. Брзо појде кај Ефросин и го праша: „Кај беше ноќеска, брате?“ „Таму каде што беше и ти, оче,“ му одговори блажениот угодник Божји. Тогаш духовникот им го објави целиот случај на монасите и сите ја познаа светоста и богоугодноста на Ефросин. А Ефросин, плашејќи се од славата меѓу луѓето, веднаш побегна од манастирот и се скри во пустината, каде што го помина остатокот од својот живот.

Светата маченичка Ија

Обвинета од идолските жреци пострада за Господа во Персија, во времето на Сапор II, во 363 година. Според преданието, при нејзината смрт се помрачило сонцето и сиот воздух се исполнил со прекрасно благоухание. Засекогаш се прослави во Господ.

Светите маченици Диодор, Дидим и Диомид

Биени за Христа во Лаодикија Му ги предадоа своите души на Бога, Кого Го љубеа.

 Свети Силуан Атонски

Старец Силуан е роден во 1866 година, со световно име Семјон Иванович Антонов, во набожно руско семејство во Тамбовската губернија. Уште кога беше малечок, на четиригодишна возраст еден настан го поттикна да помисли во себе: Кога ќе пораснам, ќе го обиколам целиот свет да Го барам Бог. Многу време помина од тогаш, Семјон порасна. Еднаш, кога имаше деветнаесет години, слушајќи разговор за некој светител по име Јован на чијшто гроб се случуваа многу чуда, Семјон помисли: Ако тој е свет, значи дека е Бог со нас и тогаш нема потреба да Го барам. При оваа мисла во неговото младо срце се разгоре оган на љубовта кон Бог. Неговиот ум постојано беше свртен кон сеќавањето на Бог и тој многу Му се молеше плачејќи. Тогаш имаше почувствувано внатрешна промена и стремеж кон монаштвото. Го молеше татко му да го пушти во Киево-Печерска Лавра. Но, тој му велеше: Најпрво отслужи војска, па потоа си слободен да одиш. Ваква внатрешна состојба кај него траеше неколку месеци, а потоа престана. Тој повторно почна да се дружи со своите врсници, да оди со девојки и воопшто, да живее како и сите останати момчиња. Неговото семејство беше големо: татко, мајка, тој со четворица браќа и две сестри. Сите живееја во слога. Семјон и неговите браќа со години работеа на имотот на кнезот Трубецкој. Семјон беше човек со исклучителна физичка сила. Можеше да подига голем товар и со ретка издржливост да ги поднесува жегата и студот. Таа сила, што подоцна му служеше за исполнување на исклучителни подвизи, во тоа време беше и причина за неговиот најголем грев, за кој силно се каеше. Имено, еднаш кога тој со неговиот другар одеа низ селото, во пресрет им доаѓаа двајца селски кондураџии. Едниот, кој бил познат како кавгаџија беше поднапиен. Тој почна да го задева Семјон, кој најпрво се обиде да остане настрана. Еве што тој самиот подоцна кажуваше за ова: Прво, сакав да се тргнам настрана, но наеднаш се засрамив бидејќи девојките што стоеја наоколу ми се потсмеваа, и силно го удрив во градите. Тој одлета далеку од мене, со сета тежина падна на грб на сред патот. Од устата му потече крв. Сите се исплашија, па и јас. Си помислив во себеси: убив човек! И застанав. Во тој час помладиот брат на кондураџијата зеде еден голем камен и го фрли кон мене. Успеав да се свртам, па така каменот ме погоди во грб. Тогаш му реков: „Сакаш ли и ти да си поминеш како твојот брат?“ и се втурив кон него. Но, тој избега. Кондураџијата лежеше на патот. Луѓето дотрчаа и се собраа околу него за да му помогнат да се подигне и едвај го однесоа дома. Боледуваше отприлика два месеца. Но, среќа, остана жив. Долго време после оваа случка морав да бидам внимателен, бидејќи браќата на кондураџијата и нивните другари ноќе со ножеви демнеа по ќошевите од улиците, но Бог ме сочува. Така, заради бурната младост во душата на Семјон почна да гасне првиот Божји призив кон монашкиот живот. Но, Бог го повика повторно. Еднаш, после периодот на нецеломудрено живеење, тој задрема и во полусон виде како змија му влегува во устата. Тој почувствува силно гадење и се разбуди. Тогаш ги слушна зборовите: Ти ја голтна змијата во сонот и се гнасиш. Колку ли ми е тешко Мене кога гледам што правиш! Семјон не виде никого. Само го слушна гласот што ги изговараше овие зборови и кој по својата сладост и убавина беше сосема необичен. Кротоста и сладоста на овој глас оставија на него потресувачки впечаток. Според длабокото и несомненото убедување на Старецот, тоа беше гласот на Пресвета Богородица. До крајот на својот живот тој ја благословуваше Мајката Божја затоа што не го презре, туку го удостои за Нејзината посета и го подигна после падот. Овој втор повик се случи малку пред неговото заминување на отслужување на воениот рок и беше од пресудно значење во изборот на неговиот понатамошен пат. Првата последица од овој повик беше коренита промена на неговиот живот. Семјон чувствуваше длабок срам заради неговото минато и почна многу да се кае пред Бог. Решеноста по завршувањето на воениот рок да замине во манастир се врати со уште поголема сила. Во него се разбуди силно чувство на гревот и заради тоа неговиот став кон сè во животот сосема се измени. Тој многу Му се молеше на Бог сите околности да ги нареди на начин кој ќе му овозможи лесно да замине во манастир. Силно Му благодареше на Бог што ги услиша неговите молитви, но својот грев не го заборави. Гревот, пред сѐ, е духовна и метафизичка појава. Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и на кој е, по својата природа, повикан. Гревот, пред сѐ, се извршува во тајните длабочини на човековиот дух, а неговите последици го погодуваат целиот човек. Направениот грев се одразува и на душевната и на физичката состојба на човекот, на неговата надворешност, на целиот негов понатамошен живот. Гревот неминовно ги преминува границите на неговиот индивидуален живот и го оптеретува со зло животот на целото човештво. Според тоа, тој ќе се одрази и на животот на целиот свет. Не само гревот на прататкото Адам имаше последици од космичко значење, туку секој грев, на секого од нас, било тој јавен или таен, се одразува на состојбата на целиот свет. Правејќи грев, телесниот човек не ги доживува неговите последици онака како што ги доживува духовниот човек. Телесниот човек не запазува некои особени промени во својата душена состојба при направениот грев, бидејќи стално се наоѓа во духовна смрт, и бидејќи не го познава вечниот живот на духот. Меѓутоа, духовниот човек, при секакво приклонување на својата волја кон гревот, запазува промена во својата духовна состојба заради намалувањето на благодатта. По отсужувањето на воениот рок, Семјон појде кај отец Јован Кронштатски да побара молитвена помош и благослов. Но, бидејќи отец Јован не го затекна во Кронштат, реши да му остави писмо во кое беа напишани само неколку збора: Отец, сакам да се замонашам, помолете се светот да не ме задржи. На Света Гора пристигна во есен 1892 година и стапи во манастирот на свети великомаченик Пантелејмон. Овде започна неговиот нов, подвижнички живот. Тој сакаше, низ тајната на покајанието, да ја ослободи својата душа од сè што ја притискаше. Затоа, со решителност и страв Божји, не оправдувајќи се ни за што, ги исповеди сите свои гревови што ги сторил во животот. Брат Симеон влегуваше во духовниот живот според вековниот поредок на светогорскиот монашки живот, проткаен со непрестајно сеќавање на Бог… Како прост човек, слободен од многу прашања, тој, како и останатите монаси, се навикнуваше на новиот живот по пат на органско соединување со средината во којашто се наоѓаше. Поуките на игуменот, духовникот и старците повеќе имаа карактер на практични упатства. Едно од таквите упатства за почетникот е келијната молитва да ја исполнува пред сѐ со бројаница кажувајќи ја Исусовата молитва. Честото повикување на Пресветото име Исусово ја услади душата на братот Симеон. Тој многу се израдува кога дозна дека оваа молитва може да се кажува секогаш и секаде, при секоја работа и во секоја прилика, дека е добро да се „држи“ и за време на црковната служба, и дека таа ги заменува сите богослужби кога не постои можност да се појде во црква. Тој огнено и многу се молеше, бидејќи неговата душа силно тагуваше и копнееше по Оној Кој може да ја спаси. После кратко време, веќе после три недели, за време на Вечерната служба пред иконата на Богородица, тој осети дека молитвата влегува во неговото срце и се исполнува таму сама од себе без престан. Но, тогаш тој уште не го разбираше значењето и големината на реткиот дар што го доби од Мајката Божја. Братот Симеон беше трпелив, незлобив и послушен. Но, беше неопитен во духовната борба. Една вечер, во неговата келија се појави необична светлина, којашто го проземаше дури и неговото тело, така што тој можеше да ја види својата внатрешност. Помислата му велеше: Прими, тоа е благодат. Сепак, душата на послушникот почувствува немир и се најде во недоумение. Иако, молитвата и понатаму продолжи да дејствува во него, духот на скрушеност се оддалечи во таа мера што за време на молитвата го нападна смеа. Тој силно се удри по челото со раката. Смеата престана, но духот на покајанието не се врати, а молитвата течеше без скрушеност. Тогаш тој разбра дека со него нешто не е во ред. После видување на оваа чудна светлина почнаа да му се јавуваат демони. Месеците поминуваа еден по друг, а демонските напади стануваа сѐ помачни. Доаѓајќи до крајно очајание, седејќи во својата келија тој помисли: Бог е неумолив. Оваа мисла предизвика во него чувство на целосна оставеност и наеднаш тој почна да потонува во темнина на очајание и тага. Оваа состојба траеше околу еден час. Истиот ден за време на Вечерната служба во црква „Господ на неискажлив начин му се јави“ на младиот послушник. И целото негово битие се исполни со огнот на благодатта на Светиот Дух. Живеејќи го своето воскресение и гледајќи ја светлината на вечниот живот душата на Симеон некое време ја живееше состојбата на пасхално празнување. По извесно време, тој уште еднаш го доживеа благодатното озарување слично на првото, но сепак помалку силно. Потоа, тоа почна да слабее. Тогаш, повторно почна да се јавува стравот да не ја изгуби благодатта. Го мачеше прашањето како да го спречи губењето на благодатта. Мачен од своите сомнежи, Симеон појде да се посоветува со старец Анатолиј, кој го советуваше за време на молитвата да го чува умот од мечтаења и од помислите врзувајќи го за зборовите на молитвата. Симеон помина многу време кај старецот Анатолиј. На крајот од нивниот разговор старецот Анатолиј не скривајќи го своето восхитување му кажа на Симеон: кога сега си ваков, каков ли ќе бидеш кога ќе остариш? Ова беше грешката на старецот Анатолиј, бидејќи така на младиот подвижник му даде повод за славољубие со коешто овој уште не знаеше да се бори. Така, Симеон ја започна најтешката, најсложената и најтенкосетната борба - борбата со славољубието. Гордоста и славољубието се извор на сите неволји и падови. Благодатта почнува да го напушта човекот, срцето се лади, молитвата слабее, умот се расејува и почнува налет на страсните помисли. Душата којашто еднаш беше удостоена да го види вечниот живот, срцето коешто ја почувствува сладоста на Светиот Дух, умот кој ја позна чистотата нема да се согласат со прифаќањето на нечистите помисли. Душата тагува, плаче, се моли и се бори да го задржи Незадржливиот. Симеон е 1896 година потстрижен во расо со името Силуан, а во 1911 година прими схима. Монахот Силуан постепено се учеше на посовршениот начин на аскетски живот, исполнувајќи притоа тешки подвизи кои на многумина им изгледаат невозможни. Тој спиеше најмногу 2 часа дневно, со прекини од 15-20 минути, седејќи на некое столче. Дење работеше во манастирската мелница, подвизувајќи се во внатрешното послушание - во отсекувањето од својата волја и учејќи се на попотполна предаденост на волјата Божја. Беше воздржлив во јадење, во разговор, во движењето, непрестајно пребиваше во умната молитва изговарајќи го името Исусово во себе, што е најтежок подвиг кој ги исцрпува сите сили на човекот. Но, и покрај овој подвиг, светлината на благодатта често го напушташе, а ноќе го вознемируваа демоните. Како утеха во неговата духовна борба на монахот Силуан од Господ му беа упатени зборовите: држи го умот свој во адот и не очајувај. Монахот Силуан низ опитот во својот живот разбра дека бојното поле на духовната борба со космичкото зло е човечкото срце. Тој со духот виде дека најдлабокиот корен на гревот е гордоста, тој камшик на човештвото што луѓето ги оддели од Бог и светот го турна во безбројни неволји и страдања, тоа семе на смртта што човештвото го обви со теминината на очајанието. Оттогаш монахот Силуан сите свои сили ги насочува кон подвигот за стекнување на Христовото смирение, што му беше дадено да го познае за време на првото Божјо јавување, но коешто сепак не успеа да го сочува. Напоредно со благодатните посети во душата на монахот Силуан растеше и чувството на благодарност кон Бог: Господи, како да Ти заблагодарам за оваа неискажлива милост; на незнајко и грешник каков што сум јас му ги откриваш Своите тајни. Светот пропаѓа притеснет со оковите на очајанието, а мене, последниот од сите, ми го откриваш вечниот живот. Господи, направи сиот свет да Те познае, а не само јас. Неговата молитва ја прозема болката за светот што не Го знае Бог. Да се молиш за сите луѓе е исто како да пролеваш крв. Христовата љубов е блаженство кое не може да се спореди со ништо на светот. Но, таа љубов е воедно и најголемото страдање. Гледано низ призмата на Христовата љубов, сите луѓе се неразделен дел од нашето сопствено битие. Братот наш е нашиот живот. Старецот Силуан со особен жар се молеше и за умрените. Еден подвижник ме праша: „Дали плачеш за своите гревови?” Му одговорив: „Малку, но за умрените пролевам многу солзи.” Тогаш тој ми рече: „Ти плачи за себеси, а другите Господ ќе ги помилува. Така кажа Игуменот Макариј.” Го послушав и почнав да правам така како што ми кажа. Престанав да плачам за умрените, но тогаш престанав да плачам и за себеси. Му раскажав за тоа на еден друг подвижник којшто имаше дар на солзи. Тој сакаше да размислува за страданијата на Спасителот, како Господ, Царот на Славата, толку многу страдаше за нас, и секој ден пролеваше многу солзи. Го прашав: „Дали да се молам за умрените?” Тој воздивна и ми рече: „Кога тоа би било можно, јас сите би ги извел од пеколот, и дури тогаш мојата душа би се успокоила и би се радувала.” При тоа со рацете направи движење како да собира снопови на нива, а од неговите очи течеа солзи. После тоа, јас не престанав да се молам за умрените. И солзите ми се вратија. Јас многу плачев молејќи се за нив. Во своите молитви Старецот не беше многуглаголив, но секогаш се молеше многу долго. Често се молеше без зборови. Умот во особен чин на синтеза мисли на сите одеднаш. Тогаш душата стои на онаа граница каде што секој миг може да се изгуби чувството за светот, па и за своето сопствено тело, кога умот престанува да мисли во одделни поими, кога човек со духот невидливо Го гледа единствено Бог. Во таквите моменти човекот ја заборава земјата, молитвата се прекинува и тој во еден восхит на молчење пребива во Бог. Кога сиот ум е во Бог, човекот сосема го заборава светот, говореше Старецот. Старецот Силуан беше удостоен за она знаење со какво што се удостојуваат само исклучителни поединци на една генерација. Во своите разговори тој како да се плашеше да оди понатаму од некое навестување. Кога Старецот приметуваше дека неговиот соговорник не ги разбира неговите зборови, веќе не се трудеше понатаму да го објаснува она што, пред сѐ, се познава преку опит. А неговата духовна целомудреност не му дозволуваше да го изнесува својот опит. Така, Старецот за време на својот живот остана „неоткриен“. Без сомнеж, не беше тоа само волјата Божја, туку и неговата сопствена желба. Неа Бог ја прифати и ја исполни, сокривајќи го дури и од Отците на Света Гора. Сепак, Старецот Силуан не остана сосема неоткриен. Некои монаси, а и лаици го посетуваа или беа со него во преписка. Меѓу нив, беа и некои Епископи, свештеници со високо теолошко образование. Еднаш, еден странец, православен, кој поминуваше некое време во манастирот на свети Пантелејмон, се сретна со Старецот Силуан, го засака и почна често да го посетува. За ова знаеја и монасите. Еднаш, еден од јеромонасите од соборот на Старците, начитан, го сретна странецот во манастирскиот ходник и го праша: „Не можам да разберам зошто вие, учени академици, одите кај Старецот Силуан, тој неписмен селанин? Зарем не најдовте некој попаметен од него?“ „Да го разберете Старецот Силуан, треба да бидете академик“, одговори гостинот со болка во душата. За површен набљудувач Старецот до крајот на својот живот остана само „обичен“ човек. Живееше како и секој добар монах: го исполнуваше послушанието, беше воздржлив во сѐ. Го држеше манастирскиот типик, се причестуваше два пати неделно, а за време на постот три пати неделно. Работеше како манастирски економ. Според неговата физичка сила таа работа за него не беше тешка. Секогаш беше спокоен и благ. Ништо не го нарушуваше неговиот душевен мир, ниту страстите го изобличуваа неговиот внатрешен или надворешен лик. А како вистински и опитен подвижник, знаеше да го прикрива својот внатрешен живот и да живее сокриено, според заповедта Господова. До крајот на својот живот не се интересираше за световните нешта, а во длабочината на своето срце непрестајно го носеше огнот на Христовата љубов. Се упокои на 24 септември 1938 година, после 46 години монашки живот. За светител е канонизиран од страна на Вселенската Патријаршија во Константинопол во 1988 година. Навидум во животот на Старецот нема ништо особено, но во суштина целиот негов живот беше непрекината борба за стекнување и зачувување на Христовата љубов. Старец Силуан спаѓаше меѓу оние ретки подвижници кои на почеток од својот подвиг добиваат голема благодат на совршените. Но, бидејќи никој во потполност не може да го сочува дарот на божествената љубов, подоцна во текот на понатамошниот подвиг тие го преживуваат одземањето на благодатта и богооставеноста. Всушност, тоа не е целосно одземање на благодатта, туку душата и најмалото слабеење на благодатното дејство го доживува како богооставеност. Овие подвижници најмногу страдаат заради силината на контрастот. Бидејќи ја познаа благодатта и ја видоа несоздадената божествена светлина, тие неспоредливо подлабоко и поостро ја доживуваат темнината на богооставеноста и нападите на страстите. Тоа значеа неговите зборови: вие не можете да ја разберете мојата тага, или оној кој не Го позна Господ не може да Го бара со солзи.

 

 Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 30)

И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го знае. Но не можеше да се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па како дојде, падна пред нозете Негови. А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се насити челадта; зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.“ А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на челадта.“ И ѝ рече: „3а тој збор оди си! Бесот излезе од ќерка ти.“ И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а бесот беше излегол.

Свети Исаак Сирин

Осени ја Господи Својата света Црква, искупена со Твојата Крв. Во неа да живее Твојот вистински мир, што им го даде на Своите апостоли; сврзи ги нејзините чеда со светите окови на неуништливата љубов; да нема бунтовникот никаква моќ над неа, и отстрани ги од неа гонителите, смутовите и војните, внатрешните и надворешните. Да бидат владетелите и свештениците во врска на голем мир и љубов, за да можат нивните умови во секое време Тебе да Те гледаат; Твојата света вера нека го огради Твоето стадо. Мене пак, грешниот, удостој ме по нивните молитви да бидам секој миг под моќната заштита на Твојата света рака, ...што е Твојата сеопфатна Промисла. Амин.

 

 Saint Paphnutius, the Confessor


He was a Bishop in Thebaid in Egypt. He suffered greatly for the orthodox faith: the heretics took out one of his eyes and broke his left leg. He participated in the First Ecumenical Council, with great strength refuting Arian's heresy. Emperor Constantine honoured him highly and often kissed him in the pierced eye. At the Council he stood up resolutely against the western representatives that proposed marriage to be completely forbidden to the clergy. He spent his whole life in chastity.


Holy Father Euphrosynus the Cook


He was a simple man, yet a man of God. He served as a cook at a monastery in Amorea in the ninth century. The spiritual father of the monastery saw himself in Heaven one night, and he saw Euphrosynus there, as well. Euphrosynus picked three heavenly apples and gave them to him. When he woke up, the spiritual father found the three beautiful sweet-scented apples by his pillow. He hurried to Euphrosynus and asked him: "Where have you been tonight, my brother?" "Where you have also been, my father," answered the blessed servant of God. Then the spiritual father disclosed the whole story to the brethren and all recognized the holiness and devoutness of Euphrosynus. And Euphrosynus, being afraid of glory of men, immediately run away from the monastery and hid in the wilderness, where he spent the rest of his life.


Holy Martyr Ia


Having been accused by the pagan priests, she suffered for God in Persia, at the time of Shapur II, in the year 363. According to tradition, at the time of her death the sun darkened and the air was filled with wonderful fragrance. She was glorified in the Lord for all times.


Holy Martyrs Diodorus, Diomedes and Didymus


Having been beaten for Christ in Laodicea, they gave up their souls to God, Whom they loved.
The Philokallia

At the approach of good thoughts and intentions we should engross ourselves in the prayer: by whether they are getting established or lost we will find out how pleasing they are to God. At the approach of the evil thoughts and at the anxiety of the soul we should also engross in the prayer, not paying attention to them, and thus they will vanish. In such way the noetic prayer becomes the master and governor of our whole spiritual life.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

  Преп. Теодора Александриска; преп. Силуан Атонски
11 СEПТEМВРИ


1. Прeп. Тeoдoра. Oд Алeксандрија, жeна на млад чoвeк. Нагoвoрeна oд нeкoја гатачка направила прeљуба сo нeкoј друг чoвeк. И вeднаш пoчнала oстрo да ја гризe сoвeста. Сe пoтстрижила и сe oблeкла вo машка oблeка, па стапила вo машкиoт манастир “Oктoдeкат” пoд машкoтo имe - Тeoдoр. Нeјзиниoт труд, пoст, бдeниe, пoнизнoст и плачнoтo пoкајаниe ги вoсхитилo ситe браќа. Наклeвeтeна oд нeкoја блудна дeвица какo сo нeа да забрeмeнила, Тeoдoра нe сакала да сe oправдува, смeтајќи ја таа клeвeта какo казна Бoжја за свoјoт пoранeшeн грeв. Изгoнeта oд манастирoт, таа oкoлу сeдум гoдини пoминала прeбивајќи пo шумата и пустината, и пoкрај тoа, нeгувајќи гo дeтeтo на таа блудница. Ги пoбeдила ситe ѓавoлски искушeнија: нe сакала да сe пoклoни на сатаната, нe сакала да гo прими јадeњeтo oд рацeтe на eдeн вoјник, нe сакала да ги слуша сoвeтитe на свoјoт маж да сe врати кај нeгo - oти сeтo тoа билo привидeниe oд ѓавoлoт и штoм Тeoдoра ќe сe прeкрстeла, сè исчeзнувалo какo чад. Пoслe сeдум гoдини, игумeнoт ја примил вo манастирoт, кадe прoживeала уштe двe гoдини, па сe упoкoила вo Гoспoда. Дури тoгаш мoнаситe пoзналe дeка таа била жeна; а на игумeнoт му сe јавил ангeл и му oбјаснил сè. Нeјзиниoт маж тoгаш дoшoл на пoгрeбoт и oстанал дo смртта вo кeлијата на свoјата пoранeшна жeна. Св. Тeoдoра имала прeгoлeма благoдат Бoжја: ѕвeрoви скрoтувала, бoлeсти исцeлувала, вoда вo сув бунар извeла. Така Бoг ја прoславил вистинската пoкајничка, кoја сo мажeствeнo трпeниe дeвeт гoдини сe каeла самo за eдeн свoј грeв. Сe упoкoила вo 490 гoдина.

2. Св. Пафнутиј Испoвeдник. Eпискoп Таиски вo Тиваида Eгипeтска. За правoславната вeра страдал мнoгу; eднo oкo eрeтицитe му извадилe и лeвата нoга му ја скршилe. На Првиoт всeлeнски сoбoр учeствувал сoбoрувајќи ја сo гoлeма сила Ариeвата eрeс. Царoт Кoнстантин мнoгу гo цeнeл и чeстo гo цeливал вo oна избoдeнoтo oкo, избoдeнo заради вистината правoславна. Станал рeшитeлнo на сoбoрoт прoтив западнитe прeтставници, кoи рeдлагалe на мирскитe свeштeници пoтпoлнo да им сe забрани бракoт. Бил дeвствeник цeлиoт свoј живoт.

3. Прeп. Eфрoсиниј гoтвач. Прoст, нo Бoжји чoвeк. Служeл какo гoтвач вo нeкoј амoрeјски манастир вo IX вeк. Духoвникoт на тoј манастир eдна нoќ сe видeл сeбeси вo рајoт и таму гo здoглeдал Eфрoсинија. Eфрoсиниј му oдбрал три рајски јабoлка и му ги дарувал. Кoга духoвникoт сe разбудил, крај свoјата пeрница видeл три јабoлка нeoбичнo убави и миризливи. Тoј брзo гo нашoл Eфрoсинија и гo прашал: “Кадe бeшe нoќeска, братe?” “Таму кадe штo и ти, oчe”, му oдгoвoрил блажeниoт угoдник Бoжји. Тoгаш духoвникoт цeлиoт случај им гo oбјавил на мoнаситe и ситe ја пoзналe свeтoста и бoгoугoднoста на Eфрoсиниј. А Eфрoсиниј, бoeјќи сe oд славeњeтo oд луѓeтo, вeднаш пoбeгнал oд манастирoт и сe скрил вo пустината кадe штo гo рoживeал oстатoкoт на свoјoт живoт.

4. Св. маченичка Ија. Била oбвинeта oд идoлскитe гатачи и пoстрадала за Гoспoда вo Пeрсија вo врeмeтo на Сапoр , вo 363 гoдина. Пo прeданиeтo сoнцeтo сe затeмнилo при нeјзината смрт и цeлиoт вoздух сe испoлнил сo прeкрасeн благoпријатeн мирис. Била засeкoгаш прoславeна oд Гoспoда.

5. Св. маченици Диoдoр, Дидим и Диoмид. Тeпани заради Христа вo Лаoдикија ги прeдалe свoитe души на свoјoт Гoспoд.

РАСУДУВАЊE

Нe трeба на никoгo да му гo спрeчувамe патoт кoн сoвршeна прeданoст и служба на Бoга. Мнoгу свeти жeни, кoи сакалe да гo избeгнат бракoт и да сe пoсвeтат на Бoга, билe спрeчувани вo тoа oд свoитe мажи. Oбичнo, на крајoт тиe жeни пoбeдувалe oстанувајќи нeпoкoлeбливи вo свoитe намeри, па чeстo сo свoјoт примeр ја будeлe сoвeста и кај свoитe мажи, та и нив ги упатувалe на патoт кoн спасeниeтo. Св. Тeoдoра мoрала највниматeлнo да сe
криe oд свoјoт маж заради штo сe прeoблeкла вo машка oблeка и сe засoлнила вo машки манастир. Нo ималo и благoразумни мажи кoи им ја oдoбрувалe намeрата на свoитe жeни да сe oддалeчат oд свeтoт и да сe пoсвeтат пoтпoлнo на Бoга. Царoт Фрeдeрик бил свршeн сo Агнeса Чeшка. Нo таа никакo нe сe сoгласувала да стапи вo брак заради штo ја прeкршила вршидбата и пoбeгнала вo манастир. Тoгаш благoразумниoт цар рeкoл: “Акo таа мe oставeшe заради нeкoј друг смртeн чoвeк, јас би сe oдмаздил, нo јас нe смeам да бидам наврeдeн oд тoа штo таа намeстo мeнe гo избрала Царoт нeбeсeн”.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за страшнoтo бoгooтстапништвo на Сoлoмoн и Бoжјата казна (II Лeт. 11), и тoа:
1. какo Слoмoн вo старoста, замаeн oд мнoгу жeни, oтстапил oд Бoга и пoчнал да им служи на идoлитe;
2. какo Бoг сe разгнeвил и царствoтo гo прeдал на слугата на Сoлoмoн;
3. какo Сoлoмoн oтстапил oд Бoга, иакo Бoг двапати му сe јавил и иакo гo надарил сo мудрoст и сo гoлeма слава;
4. какo и најдoбриoт чoвeк мoжe да паднe, акo нe бдee над сeбe сo страв Бoжји.

БEСEДА

за Христа какo лeб на живoтoт Јас сум лeбoт на живoтoт (Јн. 6:35). Кoј мoжe да oживува, браќа, oсвeн Oнoј Кoј и сè сoздал? Кoј мoжe навистина да бидe лeб на живoтoт, oсвeн Сoздатeлoт наш? Oн сoздава, Oн oдржува, Oн храни, Oн oживува. Акo пчeницата гo храни тeлoтo, Христoс ја храни душата. Акo сo зeмниoт лeб сe oдржува нашeтo тeлo, сo Христа сe храни и живee нашата душа. Акo ли, пак, нашата душа сe храни сo нeкoја друга храна, а нe сo Христа, таа сe распаѓа и умира, а нe живee. Рабoтeтe нe за храна штo сe расипува, нo за храна штo oстанува за живoт вeчeн... (Јн. 6:27). Така рeкoл Гoспoд пoранo. Првин гo испитува гладoт на луѓeтo, па пoтoа пoнудува лeб; всушнoст, првин пoнудува глад, а пoтoа лeб. Бидeјќи луѓeтo сe збунeти вo пoглeд на гладoт, тиe сe гладни за нeштo, а нe знаат за штo. Кoга ќe сe наситат сo зeмна храна, и кoга ќe сe прeнаситат, тиe пак чувствуваат нeкакoв нeзаситeн глад, и, иакo глeдаат дeка сeта зeмја и сиoт лeб на зeмјата нe мoжат да гo заситат тoј таинствeн глад, тиe лакoмат за зeмниoт лeб, сe грабаат за зeмјата и самo за зeмјата. Мeѓутoа, вистинскиoт глад на луѓeтo e гладoт пo нeбoтo, пo вeчниoт живoт, пo Бoга. Тoј глад Гoспoд Исус најнапрeд гo истакнува, а пoтoа ја пoставува трпeзата за нeгoвo смирувањe. Таа трпeза, тoа e Oн самиoт. Јас сум лeбoт на живoтoт, кoј дoаѓа при Мeнe нeма да oгладнe. Ќe сe насити, ќe сe зарадува, ќe oживee, ќe Гo пoзнаe Бoга и ќe сe пoзнаe сeбe си. O браќа мoи, ќe вoскрeснe oд ртвитe! Бидeјќи сo пoстoјаната храна, сo минливoтo јадeњe, бeз бeсмртната храна, бeз духoвната храна, душата пoстeпeнo сe умртвува и најнакрај ја прави пoтпoлнo мртва. Oд штo? Oд глад. Тeлoтo e oд зeмја и тoа сe задoвoлува сo зeмна храна. А душата e oд Духoт на самиoт Извoрник на живoтoт и таа бара храна и пиeњe oд тoј свoј eдинствeн Извoрник. O Гoспoди Исусe, лeбу на вeчниoт живoт, на вистинскиoт и нeминлив живoт, најблаг лeбу, нахрани нè сo Сeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная