П. Што е добродетелта?
О. Христијанската добродетел е исполнување на Божјите заповеди со Божја помош и во согласност со човечкиот разум и добрата волја.
П. Колку има неопходни христијански добродетели?
О. Три: верата, надежта и љубовта, а се нареку- ваат неопходни бидејќи без нив не е возможно човек да се спаси.
П. Кои добродетели се раѓаат од овие?
О. Молитвата, постот, милосрдието, мудроста, правдата, јакоста, целомудрието.
П. Кои од нив се најпотребни?
О. Љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот, а љубовта е неопходна бидејќи и во овај и идниот век е бесмртна.
СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ
ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј
Издава
Издавачка установа К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид
Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј
Лектура: Д-р Стојан Ристески
О Х Р И Д
1995