О. Крштение е миење на првородниот грев, а кај возрасните и личните гревови.
П. Што ни донесува крштението?
О. Ни ги отвора дверите на царството небеско.
П. Каква е материјата со која се изведува оваа тајна?
О. Обична, чиста вода со ништо непомешана.
П. Која е формата на оваа тајна?
О. Следниве зборови: „ Се крштева работ Божји (или рабинката Божја) (се кажува името), во Името на Отецот, Амин и Синот, Амин и Светиот Дух, Амин. Амин, го вели кумот.
П. На што треба да се внимава во оваа тајна?
О. Кумот и свештеникот да се од православната католическа вера.
П. Може ли обичен човек да крсти дете?
О. Може, но само во преголема крајна и смртна нужда, употребувајќи вода и велејќи ги зборовите: Се крштева работ Божји... итн
П. Дали во таков случај свештеникот е должен повторно да го крсти детето и да ги врши кршталните молитви и обреди?
О. Повторно да се крштава не е потребно, но неопходно е да го помаза со миро со одреденото чинопоследование.
П. Може ли оваа тајна да се повторува?
О. Не.
П. Зошто ние се раѓаме во грев?
О. Затоа што кога Адам згреши, тогаш и ние згрешивме со него, зашто како родени од него, постанавме грешници.
П. Како ја стекнуваме благодатта Божја во крштението?
О. Со очистувањето на прародителскиот престап и со очистувањето на подоцнежните гревови напра- вени до крштението човекот постанува син Божји и наследник на благодатта на Светиот Дух.
П. Можно ли е во една вода да се крстат повеќе деца?
О. Можно е, како што е тоа укажано во житијата на светите, особено во житието на свети маченик Севастијан (види Мин. 18 декември) .
П. Што е потребно да внимаваме по тајната на крштението?
О. Бидејќи по крштението постанавме синови Божји, ние се одрекуваме од сите ѓаволски дела и ветивме дека ќе му служиме на Христа; според тоа сме должни до последната воздишка да го вардиме тоа што го ветивме на крштението.
П. Колку вида крштенија има?
О. Три: