
Дa научиме да го употребуваме зборот “Прости”.
„Најпрвин формално само со јазик, но подоцна ќе забележите дека и вашите срца вистински ќе го прифатат овој збор преку чувството на покајание.
Преку неговата честа употреба ќе почне да се менуваат нашите животи, бидејќи со смелост и без осуда ќе можеме да се молиме на Отецот наш небесен преку молитвата “Оче наш” каде што бараме прошка на нашите гревови како што и ние им проштеваме на оние кои што ни згрешиле нам. А ако не даваме прошка, ќе ја добиеме ли од Бога?“

„Зборот „Прости“ не е само израз на учтивост, туку почеток на покајанието и сведоштво на смирението. Оној што знае да побара прошка, не се понижува, туку се возвишува пред Бога.„Прости“ е збор што ја руши преградата меѓу луѓето, ја гаси омразата, ја победува гордоста и го отвора срцето за Божјата благодат.Да не се срамиме да кажеме: „Прости.“ Често токму тој е првиот чекор кон мирот, помирувањето и спасението. Зашто, кога искрено просиме прошка од ближниот, го отвораме и своето срце за Божјото простување. “
„Во духовниот живот нема мал збор ако е кажан со љубов и смирение. „Прости“ е збор што ја победува гордоста, ја лекува душата и го враќа мирот меѓу луѓето. Оној што искрено бара прошка, не губи ништо, туку добива многу – мир во срцето и благослов од Бога.“
- „Прости“ е почеток на покајанието, а покајанието е почеток на спасението.“
-„ Кога од срце велиме: „Прости“, првиот што победува е нашата гордост. А таму каде што почнува смирението, почнува и патот кон спасението.
- „Најтешкиот збор за гордоста е: „Прости“. Но, најслаткиот збор за душата е токму тој.“
-„Оној што научил искрено да каже „Прости“, веќе научил една од најголемите лекции на смирението.“

„Нека Господ ни даде срце што лесно бара прошка, уште полесно простува и никогаш не ја чува навредата. Зашто, како што велат Светите Отци, смирението ги отвора вратите на благодатта, а простувањето е еден од неговите најубави плодови.“
Јули 2026