Одговара: П.П.
Прашање од С.А.:
Однапред се извинувам бидејци моето прасханје е сигурно помалку од верата а повеце од суеверието. Помогнете ми да ги разјасниме моите и мислењата на полно мои блиски. Во десетте Божји заповеди се кажува дека 6 дена треба да се работи и да се свршат сите обврски а седмиот да се одмори и да се посвети на Бога.Нас не интересираат деновите кога се паѓаат празниците дали е дозволено да се работи (да се шие, пере, чисти) каков е ставот на нашата вера во врска со оваа прашање.
Напомена:
Имам видено свештеник во недела како работи околу сопствената куќа и јас лично не го осудувам бидејќи мислам дека тоа не е грев.
Поздрав---
Прашање од : Билјана Јанкуловска
: Кој превод на Библијата на македонски јазик е најверодостоен и најточен?
Прашање: Навистина не ми е јасно која Библија на македонски јазик да ја прочитам.Зедов да читам Библија од 1999 година со превод од Др. Душан Х.Константинов,а мојата пријателка ми вели -остави ја, таа е евангелистичка библија.Зедов друга со превод од 2002 година, а таа ми вели - и оваа не е за тебе !!! Оваа Библија е на јеховините сведоци.Мене сега да бидам искрена ништо не ми е јасно, па затоа Ве прашувам.Зар Библија не е Библија? и зар содржината во другите Библии е различна.Ве молам одговорете ми КОЈА БИБЛИЈА (СВЕТО ПИСМО) СО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Е НАЈРЕЛЕВАНТНА И ПРИЗНАТА ОД МПЦ, И КАДЕ ДА ЈА КУПАМ?
Однапред благодарна за помошта
Прашање од Т.:
Би сакала да знам, како треба да ги поминуваме неделите...тоа е ден за Господ, но, не разбирам, што ни е дозволено дома, или, воопшто што можеме а што неможеме? Можам ли да одам на излет на пример? Или, ете, не стигнав преку неделата да исчистам, па викендот ми е единствено слободно време.
Благодарам
Прашање од Тања:
Јас во црквата сум од скоро, некои 7-8месеци. Што да направам кога доброто и убаво чувство што го имам за верата, или, кога се наоѓам во храмот ме напусти? Значи, иако знам дека сигурно не сум во право што така се чувствувам, сепак тоа понекогаш се јавува. Некаква одбивност што ме мачи.Како да го оттргнам тоа од главата во тие моменти?
Одговара: П.П.
Прашање од Бошко:
Со сета почит кон вас сакам да поставам неколку прашања кој би ми омогнале.Можеби ке биде опширно но сум премногу збунет.Јас сум православен ристијанин по вера.Имам безброј прашања за верата и животот,и можеби е звучам збунувачки кон вас но јас се чуствувам многу сплашен,збунет,изгубен..обидувам да одам во црква колку можам повеќе за да се помолам Бог да ми даде зрајве,срека,мир.Дома на влезот во ходникот имам Крст со Бог Исус Христос и на секое излегување од ома се молам Господ да ме чува мене и мојте најблиски со моја молитва со ој зборови и го бакнувам(дали е тоа погрешно?).Ги прочитав повеќето прашања гледам дека на повеќето верници им викате да одат кај духовен отец(кај ожам да отидам да поразговарам да ми помогне да се смирам)?.Она што мене ме
плаши е тоа што сум премногу нервозен,без причини сум нервозен,збунет не можам да седнам да учам факултетот стагнирам,се чуствувам несреќен а фала му а Бога се е во ред,и љубовт и семејство,а реагирам на се нервозно а сакам и молам да сум смирен.исплашен сум за моето здравје,се лашам дека нешто ке ми се случи,дека имам болест некоја и мн мн работи кој е притискаат и не ми даваат мир.Верувам во Бог и добро е што го најдов овој ортал за да ми помогнете како да бидам поблиску до црквата која е дом Божји со тоа ке го најдам и мојот мир.Некогаш се чуствувам така да ко да осеќам ека нешто ке ми се случи и ме притиска,осеќам како да сум баксуз доколку ажам нешто ке погрешам или доколку кажам дека е ок ке се сврти,и се тоа ме бунува се чуствувам ко мис ите да ми бегаат,ми се мешаат како да се губам,главата често ме оли..Можеби не пишав се сто имав за прашања,мислам дека е доволно заочеток.
Можеби нешто погрешно сум пишал но тоа е што сум збунет..Сета почит уште еднаш за странава и порталот,ми влева надеж дека ке добиам многу одговори.
Поздрав до следното прашање
Со сета почит
Бошко
Одговара: П.П.
Прашање од Мирјана
Зошто секогаш кога одам во црква чувствувам главоболка, како притисок во телото и се прозевам а не сум сонлива. а кога ќе излезам од
црквата тоа поминува.
Одговор:
Почитувана Мирјана,
Тоа се некои вообичаени “искушениа”, обид на лукавиот да ни го одвлече вниманието од молитвата. Во тие моменти треба да вложиме повеќе напор да го сочуваме нашето внимание во зборовите на молитвата, а Господ кога ќе го види начиот труд ќе ни помогне со Неговата благодат.
Одговара: П.П.
Прашање од Зоран:
Како мирјанин ме интересира ,науката која ги испитува другите планети и нивниот состав и својства ,во последниот период најмногу не информираат за планетата марс и гарантираат дека за 20години ке направат хотел на таа планета од кој веќе некои богаташи го платиле своето патување,па дали науката се спрема за нов дом на човешанството знаејќи дека планетата земја ја исцрпија и потрошија ,дали тоа значи дека е блиску крајот,и дали е случајно тоа што ако ја читаме од назад на напред на македонски би била срам,простете ако грешам такви мисли ми поминуваат и ме збунуваат.
Одговара: П.П:
Дали во Македонија постојат манастири каде се лекуваат зависниците од дрога и со кого може да се стапи во контакт?
Одговара: П.П.
Однапред благодарам
Кате
Одговара: П.П.
Прашање од Тања:
Прочитав дека молитвите што се однесуваат на бракот треба да ги упатуваме кон Св. Јоаким и Св. Ана. Постои ли посебна молитва кон нив? Ако постои како да ја најдам, а ако не, која да ја казувам? Би се молела за родителите, а не за мене. Големо благодарам
Одговара: П.П.
Прашање од Златко Тодоров:
Прашање: Ме интересира зошто МПЦ молчи и не ми одговара на моето поставено прашање, во врска Велигден во црквата во нас. Аеродром. Атмосвера како што човек само може да посака. Полн двор луѓе, во исчекување на тој боженствен момент, Христовото Воскресение. Јас со жена ми и помалиот син исто така бевме во големото исчекување. На син ми му кажував дека три дена камбаните не бијат а на полноќ сите се весели и радосни дека повторно камбаните бијат радосно да ја објават таа голема вест дека Божјиот син воскреснал. Но гледај чудо. Во оваа црква нема ни поп ни камбани не бијат. Веднаш ме демантираа јас тоа што на мојот син му го кажав. А гледај уште едно чудо. Пари за свтеци се собираат и луѓе на ред чекаат. А дома кога дојдов видов преку 20 свештени лица како во централниот храм како парадираат. Се работеше само за едно свешстено лице кое требаше да пее и да објави за Христовото воскресение.
Моето прашање беше дали нашата црква на ваков начин мисли да ја шири верата. Значи ли тоа дека таа е само комерцијална.
Барем Вие удостојтеме со одговор, било каков само да можам на син ми да му објаснам зашто дедо Господ таа вечер нас не заобиколи.
Ви благодарам
Одговара:П.П.
Прашање од Јана:
Дали е во ред да се спомнува Господ, да се зборува за Него, да се фали Господ во меѓусебен разговор или тоа треба да е тајно?
Одговара: П.П:
Одговара: П.П.
Прашање: Јас сум црв - Боже чуј, Господи помилуј.
Нели овој стих од молитвата на СВЕТИ ИСАК СИРИН се коси со едан од десете Божји заповеди во која не учи да не се поклонуваме и покоровуме пред другите. Друго прашање, нели е нелогично да се споредува човек со црв, две нешта кои Господ ги создал и им дал посебни улоги и својсвства и карактеристики. Нели тоа алудира на тоа дека човкот се променил од човек во нешто друго, дали по својот облик или карактеристики, а тоа исто така не е во склад со црквата.
Се надевам дека не ви досадувам со моето прашање и ќе најдете време да ми одговорите.
Ако грешам Господ нека ми прости!
Поздрав!
Прашање од Марија:
На 01.07.2008 со моето момче ќе се вселуваме во стан , впрочем се решивме да живееме заедно(под кирија). Ме интересира дали е тоа поволен ден и дали има некој обичај што треба да го направам при влегувањето за да имаме мир и слога во заедничкиот живот .
Одговара: П.П.
Прашање од Дарко:
Срдечен поздрав до сите.
Веќе подолго време ме мачи совеста околу исправноста на мојот брак.Се работи за следново. Моите родители се кумови и пред 5 год.извршија венчавка.Од невестата прва братучетка сега ми е сопруга.Дали постои некаков спор околу бракот, мислам на степенот на блискост.Јас веќе имам и син со мојата сопруга и мислевме дека тоа што сме заедно е исправно.Ве молам за одговор и однапред ви благодарам.Господ да е со вас.
Одговара: П.П.
Прашање од Александар Исјановски
Каква е поврзаноста на денот Духовден со симнување на Светиот Дух врз апостолите.И зошто кај луѓето зе збори дека духовите тогаш излагале.Дали црквата може да го оправда ваквиот начин кај луѓето, да бидат на гробишта а не на света Литургиа во неделата на Духовден.
Прашање од Тања : Дали постои и ако постои, кој е тој светец кој е заститник на бракот, па во добро, а особено во лошо молитвено да му се обраќаме?
Одговара П:П:
Прашање од Лина:
Моето прашање кон Вас е следново:
Зошто постои страв од болести, од непознатото, од жртвата, а сепак би можела да се декларирам како верник.
Мислата која ми помага е од св.Петка: Имај трпение, ке дојдеш до Спасение!
Сето тоа е во ред ...но, сустината е како да го креирам тоа трпение во мене и за мене?
Поздрав Лина
Одговара:П.П.
Прашање од Весна: Почитувани,
Ве молам да ми разјаесните една дилема.
Имено, имам успешен бизнис и доаѓаат луѓе кој постојано ми бараат пари за разни нивни потреби да им давам. Дали како добра христијанка, должна сум да им давам или е доволно тоа што давам прилози за изградба на цркви и манастири?
Напомнувам дека лихварка која дава заеми за камати и која зема гаранции не сакам да бидам но луѓето претеруваат.Што да правам?
Благодарам
Одровор:
Во врска со Вашата дилема посоветувајте се вашиот парохијски свештеник, а најдобро за вашиот духовен раст е да одберете духовен Отец.