логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

TViTer422


- Чичко, чичко, вие бевте писател, така?
- Па шо знам, така викаат... Неозбилно му одговорив.
- Ве молам за помош чичко, многу ми се свиѓа една девојка, па сакав да и напишам писмо.
- Шо, уште се праи тоа? Па нели фејсбук, мејл, месинџер, м?
- Знам бе чичко, ама она е друга сорта... Мислам стварно е посебна. Не е како овие шмизливе. Има нешто возвишено во неа. Има стил, стално ја гледам со книги. И прозорчето од собата и свети до касно. Чита она, чичко. Поише и верува на хартијата отколку на овие смартфони, таблети, лаптопи. Немаат они душа. Хартијата може да се помириса, да се гушне, да се бакне...
Го загледав малку подобро... Едвај да имаше шеснаесет години.  
Го прашав:
- Имаш веќе нешто напишано или?
- Имам нешто нашкртано ама многу ќе ми значи ако ми дадете мислење.
- Добро, дај да видам тогаш.


            Ми подаде едно згужвано писулче. Вака пишуваше:
         - Госпоѓице, јас најдов неколку работи што ти припаѓаат тебе, и би сакал да те замолам ако не ти требаат да ми дозволиш да ги задржам. Ти ветувам дека добро ќе се грижам за нив. Сигурно се прашуваш што? Еве, на пример звукот од твоите чекори. Секој друг звук ќе се слушне и потоа брзо ќе го снема, но не и овој. Овој се заплеткува негде во моите завеси зад кои те ѕиркам кога поминуваш под мојот прозор. Би го препознал меѓу милион. Тебе не ти треба, бидејќи пак можеш да си го произведеш, но јас заспивам и се будам со него. Смеам ли да го задржам? Ако морам, ќе ти го вратам, но тогаш би требало да останам буден цели ноќи. Исто така, од твојот прозор пред некој ден испадна една воздишка. Среќа што бев во близина и ја задржав да не се скрши. Ја чувам на сигурно, госпоѓице. Испаднаа и неколку букви од неа. Ако сакаш, ќе ти ги вратам. Но многу би сакал да ги задржам, дека истите букви ги има и во моето име. Последното нешто што го најдов, всушност го украдов од тебе. Ти стоеше пред излогот и тогаш преку одразот од стаклото ни се сретнаа погледите. Траеше кратко, бидејќи ти веднаш се заврте и си замина. Но јас тој поглед го изгребав од стаклото на излогот госпоѓице. Жими Бога, атом по атом го составував неколку вечери, и сега е комплетен. Мене овие работи многу ми значат госпоѓице. Но ако морам да ти ги вратам, ќе го сторам тоа со тешко срце, но под еден услов... дојден е рингишпилот во другото маало. Прават од онаа розевата шеќерна волна. Сигурно ќе уживаш додека ти се топи во уста. А мене ќе ми биде голема чест ако ми дозволиш јас да ти ја купам..."


             Тука веќе ми се стегна грлото... Ги голтнав набрзина солзите и му се развикав:
- Копиљ, трчи и носи и го писмово, трчи дур не сум те дигнал на клоци. Мрш оттука.

Он на мене "писателе, писателе"

 

Од архивата на  фб на Преминпортал

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…
Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 612
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 936
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 1012
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »