На оптоватената раскрсница пред Богословскиот Факултет, во една од дупките во асфалтот, утрово изникнал раскошен букет! Интересно, неколку часови ниту една кола не помина преку него. Сите уредно го заобиколуваат и внимаваат да не го повредат. Интересно, луѓето што живеат во овој град сепак имаат усет за убавото, а со тоа и кон складноста и кон редот. Но, како тој личен усет не се прелева на ниво на општеството како цело и на начинот на неговото функционурање, за мене е едно големо отворено прашање...
ПС. Интересен епилог. За многу брзо време доаѓаат мајстори со кофа асфалт и ја затвораат дупката (без воопшто да ја исчистат од земјата). Го фрлаат букетот на тротоарот и си заминуваат. Пет минути покасно, еден таксист го забележува фрлениот букетот, се поткчува на тротарот и го товари во багажник да ѝ го подари на саканата. Поромантично не можеше да заврши, нели?
Избор од фб профил на
Milan Dordevic
Друго:
Urbani gerilci opominju nišku vlast: Duhoviti plakati, cveće u rupama u asfaltu