Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески

 

Прашање од  ЦВЕТАНКА:

КАКО СПОРЕД ЦРКВАТА МОЖЕ  ДА ПРЕПОЗАЕМЕ, ОДБЕРЕМЕ И ОДЛУЧИМЕ КОЈ ДА НИ БИДЕ ЖИВОТЕН СОПАТНИК, ДАЛИ ТОА Е ПИШАНО, ПРЕДОДРЕДЕНО , И ОДНАПРЕД СЕ ЗНАЕ  КОЈ ЌЕ БИДЕ, КОГА ЌЕ БИДЕ ? ИЛИ ЗАВИСИ ОД ТОА КОГО  ЌЕ ГО ОДБЕРИМЕ?

 

Одговор: 
 Човекот Бог го создаде како слободно разумно битие кое донесува одлуки со својата слободна волја , но и ги сноси последиците од својот избор, значи има одговорност и дава отчет  за секоја постапка во неговиот  живот. Човекот кој се оддалечил од Бога заради својата наклонетост кон светската суета заличува  на мало дете кое неслушајќи ги своите родители се изгубило и е во бунило за да направи било што за негово добро.  Покајанието заради нашите гревови и молитвата кон Бога се почеток на нашето духовно општење со Бога, или упатување на изгубеното дете во вистинскиот правец за да се најде со својот родител. Средбата со Бога е како средба на изгубеното дете со својот родител .
 Оваа средба во човекот буди сигурност, стабилност, избистрување на умот и срцето од страв бунило и несигурност.Таквиот човек донесува одлики кои се уедначени со Божјата волја. Бидеќи има силна доверба во Бога и се предава на Божјата волја со својата слободна волја, затоа што силно верува дека Бог промислува за него она што е најдобро.
Така тој на исполнувањето на своите желби гледа како на промисла Божја за негово добро и му благодари на Бога, но и кога не се исполнети неговите желби исто така и во тоа гледа промисла Божја за негово добро и разбира дека тој во моментот тоа не го разбира но во свое време верува дека Бог ќе му открие. Во конкретниов случај треба да се потрудиме преку наше активно учество во црквата / молитвено правило, пост, покајание, редовно присуство на неделните и празнични богослужби, духовно раководство../  да се научиме да избираме не преку надворесниот изглед и убаината на телото, ами најнапред да  погледнеме внатре во срцето на човекот.Да не бараме совршенство кај другиот, ами со нашата искрена љубов кон него да се трудиме да  ги надминеме недостатоците и слабостите со помошта Божја и така заеднички да чекориме кон восовршување. Ако овие критериуми се наш стремеж  во изборот, тогаш Госспод ќе отвори пат и ќе го излие својот  благослов за заедничко живеење со личност која е најприкладна нас .
Поздрав , Господ со вас.Амин!