Одговара: отец Горан Тасески

 Прашање од Ника:

По што се разликува православната вера од католичката, ако може да ми кажете,  освен по датите на славење на празниците, (по што ме прашаа  другарки од Франција ),  не знаев да им кажам ништо друго.

 

 Одговор:


 Црквата е Една Света Соборна  и Апостолска , Што значи Еден е нејзиниот Создател и Возглавител и едно е раководенето на Возглавителот со неговата постојана грижа за црквата и преку неа за светот . Како плод на тоа раководство и постојаната грижа за правилното  исповедање на откриената од Бога вера Како една света Вистина преку која раководеци се во своите животи, со Благодатта Божја која е во Црквата Божја , се спасуваме. Значи ако не ја исповедаме правилно откриената од Бога вистина не се раководиме правилно во нашите животи според откриената од Бога вистина што секако е штетно  за нашето спасение.
Ако има различно исповедање на откриената од Бога вистина значи сме во заблуда дека сме во Едната Света Соборна и Апостолска Црква, бидеќи Еден е Госпот едно е исповеданието на верата, една е благодатта и една е Црквата .
 Римокатолиците за жал низ историјата полека но сигурно заземаат погрешен правец кој води надвор од Црквата Божја . Се молиме да ги осознаат нивните заблуди и да бидеме повторно едно како пред десетина века .
Еве ги основните разлики :
Филиоквето / погрешото верување дека Светиот Дух излегува и од Синот/.
Папскиот примат /првенство над другите епископи/.
Папската непогрешивост.
Употребата на бесквасен леб за Светата причеаст.
За тоа кога се осветуваат Светите дарови на Литургијата.
Причестување на верниците само  со Тело Христово а не и со крвта Христова.
Дека св. Ана безгрешо ја зачнува Пресвета Богородица.
Целибатот на свештенството.
Неизвршување на Миропомазание веднаш по Крштевањето.
Прославување на Воскресението Христово спротивно на правилата утврдени на Вселенскиот Собор.
Крштевање со поросување а не со потопување. ...
Сите овие работи си имаат голема тежина во духовниот живот ,  но за тоа да се спознае личцно, ви советувам да одите почесто на богослужбите во православните храмови и да посетувате православна веронаука.
Господ со вас , поздрав.