логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


По речиси две децении независност, Македонија конечно реши да гради национална стратегија за туризам. Но клучното прашање всушност е што Македонија може да му понуди на светот? Зошто за манастирскиот туризам нема национална стратегија?


Возобновувањето на монаштвото пред повеќе од една деценија во многу нешта значеше и отварање на манастирските порти за оние кои имаат потреба од духовен мир. Тоа всушност требаше да биде и почеток на денес популарно наречениот манастирски туризам.
Главниот адут со кој Македонија ќе привлекува странски туристи.
Експертите велат дека за развој на манастирскиот туризам како предуслов неопходно е да се има атрактивни манастири. За среќа, вели професорот од Факултетот за туризам во Охрид, Зоран Тунтев, Македонија тоа го има во изобилство.

Македонија на светот не може да му продаде нешто што се практикува како масовен, летен туризам. Но затоа може да му ги понуди убавините и живописноста на христијанството и тоа во многу поголем обем од она што како манастирски туризам го практикуваат некои други православни држави. А искуството од светот покажува дека религискиот туризам зазема се поголеми размери.

-Погледнете ги вашите соседи пред да одите подалеку. Некои од нив работат многу напорно и имаат голем прогрес во развојот на религиозниот туризам. Би ги спомнал Бугарија и Романија, нивното искуство е од голема корист, за да ги погледните крајните резултати. Тие се крајни дестинации, вели регионалниот претставник на светската туристичка организација, Амр Абдел Гафер.

Денес Македонија има околу 30-ина живи манастири и уште трипати повеќе светилишта. Сите тие се отворени за туристи. Во нив се прераскажува историјата. Многу од приказните што ќе ги слушнете од монасите, активно сведочат за македонската самобитност.
Еден од неопходните детали од архиереската одежда, митрите, што ги изработуваат сестрите од манастирот во Рајчица, нема да ги најдете во ниту еден друг манастир на Балканот. Нивната посебност е во тајната на византискиот стил и везови кои монахињите ги негуваат како традиција.

-Насекаде во православниот свет имаме наши митри. Сега една треба да изработиме за ерусалимскиот патријарх. Имаме изработено за рускиот, за романскиот, за вселенскиот патријарх веќе две и многу митри за другите цркви, вели сестра Елисавета, од манастирот во Рајчица.

Бигорскиот манастир во Дебарско-кичевската епархија е еден од неколкуте кој самоиницијативно инвестира во овој тип туризам. Моментално има простор да прими околу 100-тина гости во манастирските конаци. Сите тие, покрај духовниот мир можат да го почувствуваат и животот на монасите, од нивната исхрана па се до религиските обичаи.

-Бараме да има еден ред. Да се почитува типикот на манастирот. Посителите се задолжени да дојдат на една богослужба дневно. Да се запази редот и тишината. Да не биде тоа само туризам, туку луѓето да земат една поука, вели отец Јосиф, јеромонах во Бигорскиот манастир.
На другата страна од Македонија, исто така самоиницијативно во манастирскиот туризам инвестира и Струмичката епархија. Во изградба се мали конаци во Вељуса и во Водоча, а комплетно адаптиран за гости е манастирскиот комплекс Свети 15 тивериопополски маченици.

Вакви примери има и во други манастири. Но приказните за изработка на митрите исто како и за иконите и фреските од ликовната колонија во Вељуса, приказните за исцелителската моќ на манастирите, нивните историски судбини, сето тоа се уште останува недостапно за странските туристи преку една организирана промоција.
Наместо да го искористи духовно-историското богатство, Македонија со години безидејно тапка во место.

-МПЦ конечно треба да изјави желба и да земе активно учество. Таа како китулар на манастирите мора да биде вклучена. Не можете да развивата туризам, ако еден од главните актери ви е тотално пасивен, ако МПЦ не гледа интерес, оценува професорот Тунтев.
Се она што засега функционира како туризам е сведено на индивидуално ниво. Но и за него недостасува поддршка од државата. Црквата вели дека со оживувањето на манастирите ја покажала својата отвореност.

- Во Македонија имаме неодбележаност на нашите светилишта. Тоа е еден мал но голем проблем. Државата треба да ги одбележи тие светилишта, да ја подобри инфраструктурата, бидејќи голем број од нашите манастири во планинските предели зиме се отсечени, вели Архимандритот г. Арсеније од Струмичката епархија.

-Најдобро ќе биде сите капацитети кои се подготвени да се стават во една брошура и тој тип туризам да се групира, вели Димитар Бојаџиевски од Министерството за економија
Во промоцијата на Македонија битна улога имаат и туристичките агенции. Но, зачудува фактот што само една до две аганции го имаат овој тип туризам во своите понуди.

Речиси сите учесници, директни и индиректни, во овој тип туризам немаат дилема дека ова е брендот кој Македонија може да му го понуди на светот.

Во изминативе неколку години, архиереите од различни православни цркви кои дојдоа во Македонија беа одушевени од историјата на Македонската црква. Еден од нив дури и јавно рече: "Луѓе, па вие имате се. Имате жива црква, а со тоа вие ја имате автокефалноста, дајте пренесете им ја оваа слика на останатите цркви".
Некој треба да повлече потег.

Инфраструктурата и маркетингот се компонентите на кои мора да поработат државните власти. Странците велат дека ако една од алките во ланецот туризам не функционира, тогаш се руши целата приказна.
За следната 2008 Министерството за економија ги најавува првите посериозни контакти со црковните власти, чие активно вклучување ќе биде неопходно за целосно профункционирање и адаптирање на манастирските капацитети.



Марјан Николовски
Фото: Филип Поповски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная