Состојки:
- 1,5 кг кромпир
- 5 чешниња бел лук
- сок од лимoн
- оригано
- бибер, сол
- 1/2 шоља вода
Начин на приготвување:
Излупете го компирот и исецкајте го на кришки или на кругчиња. Ставите го во соодветна тепсија, додадете ситно сецкан бел лук, сок од лимон, бибер, сол, оригано и прелијте го со вода. Задолжително да го покриете со фолија или со поклопец. Печите на умерен оган.