логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Licenovski.pejzash.jpg

На 05 септември 2011 година (понеделника), во 19 часот, Националната галерија на Македонија, во годината кога го славиме Денот на независноста на Република Македонија и одбележуваме 110 години од раѓањето на големиот македонски сликар Лазар Личеноски, ќе ја отвори изложбата Неизложени дела на Лазар Личеноски (слики, мозаици и зграфито), со голем број творби (вкупно 52), досега неизложени во јавноста.
На отворањето ќе говорат: м-р Елизабета Канческа Милеска и г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија.
На изложбата ќе биде претставен вториот значаен дел од збирката-донација од семејството на Лазар Личеноски на Националната галерија на Македонија.
Лазар Личеноски е најпознат и најдобар во неговите пејзажи и предели со куќи и со една насоченост кон народниот амбиент, етнографските и етнолошките мотиви. Покрај сликарството Личеноски се занимавал и со други ликовни дисциплини: фреско, иконо-сликарство, мозаик, таписерија, зграфито... Најдобри остварувања постигнува во техниката на мозаикот и се смета за основач на современата мозаична техника во Македонија.
Лазар Личеноски отсекогаш имал посебна наклоност кон каменот, овој благороден материјал. Сакал да го набљудува во вајарските и архитектонските дела, во природата а најповеќе да го допре со своите раце, да го обработи со посебно, вродено чуство за пластика. Љубовта за овој благороден материјал и неговото особено чувство за боја се споиле на извонреден начин кај авторот, во дел во кој нашол посебен уметнички израз во мозаикот од камен, или како некои ја нарекуваат вечна уметност. Каменчиња во разни бои собирал заедно со сопругата Зое на крајбрежјта од реките, езерата и морето а најповеќе од Охридското езеро.
Благородниот карактер на Личеноски и неговата љубов кон родната земја Македонија, за него секогаш беа инспиративни и стимулативни на свој начин. Со својот специфичен ликовен израз, ликовниот уметник Лазар Личеноски допринесе многу во креирањето на првите контури на современиот ликовен јазик кај нас.
Изложбата ќе биде отворена до 5 октомври 2011 година.

 Licenovski.pejzash.jpg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная