логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПРАШАЊЕ:  Како да се однесуваме на богослужбите; дали присуството и учеството на Литургијата е неопходно за нашиот духовен живот и спасение, како да се живее како Црква . .

 

ОДГОВОР:
Многумина поставуваат прашања поврзани со формалната страна на духовно - литургискиот живот. Иаку, од мое лично искуство знам дека одговорот на истите најдиректно се добива преку активен духовно - литургиски живот, сепак за заинтересираните приложувам едно "упатство" што го подготвував за членовите на една Црковна Општина. Во него се потрудив да ги актуелизитрам најсуштинските нешта за кои треба да биде информиран секој активен член на црковната заедница. Како прилог кон упатството е и текстот од јеромонах Григориј Светогорец " Вовед во Божествената Литургија". Во него авторот ни го објаснува историскиот развој на она што денес го нарекуваме - Литургија (заедничко дело на Народот Божји). Текстот е особено посветен на оние ученици Христови кои сакаат сериозно да чекорат по патот на спасението, и тоа да чекорат како Црква, како заедница која во овој отпаднат свет го сведочи Царството Божјо. А најавтентичното сведочење на тоа Царство, но и на Наговиот Цар, се извршува баш на Светата Литургија на која заедно служебното (ѓакони, презвитери, епископ) и царското (народот Божји) свештенство  собрани како Црква му благодарат на својот Творец за се', но и се причестуваат со него за: "прошка на гревовите и живот вечен".     

УПАТСТВО

за тоа што треба да правиме кога ќе влеземе во храмот (молитвениот дом) и како да се однесуваме на богослужбите, првенствено
на Светата Литургија

Информациите што се пред вас имаат за цел ве запознаат со основните, првични вистини за православната христијанската вера, но и со формите на однесување кои треба да ги знае секој православен христијанин што сака да го живее својот духовен спасоносен живот врз темелот на Христовата евангелска вистина.
 Денес загрижува бројот на оние кои себе си се доживуваат како христијани, а не знаат како да се однесуваат на богослужбите, особено на Светата Литургија, и имаат  слаби, неточни, па и никакви сознанија за верата која ја исповедуваат.
За своето "незнаење" донекаде имаат и оправдување. Мора да признаеме дека просветата, поучувањето на верниците од страна на свештенството е недоволно, а веронауката по храмовите е сеуште во развој. Но, мора да се упати и сериозна критика до самите верници. Нивното "незнаење" не е само плод од недоволаната активност на свештенството и вероучителите. И тие самите како христијани, како членови на Црквата, треба да покажат интерес, искрено да се ангажираат околу својата верска и духовна наобразба.
Денес нашата Црква има доволно образовани и духовни пастири, а има и доволно книги, списанија. . . и затоа треба да се направи напор, да се побара средба со духовник, парохискиот свештеник или вероучител, да се присуствува на веронаука, да се  прочита некоја книга, списание, брошурка.
Нашиот Господ Исус Христос низ вековите на своите ученици и верници им го упатува следниот совет:
"Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори. (Матеј. 7, 7 - 8)" 
Во духот и смислата на овој совет и современите ученици и верници Христови треба да знаат дека спасението, духовниот живот, умешноста мудро и осмислено, по Божја воља, да се живее во овој свет и да се стекне вечниот живот не се само дар Божји, туку плод и на личниот напор и жртва.
Нашиот народ премудро вели: "Можеш некому на сила да му земеш, но не и да му дадеш". Бог сите не повикува кон спасение, кон духовно совршенство, кон осмислен и исполнет живот, но сепак, првиот чекор треба лично секој да го направи. За на Богољупците и Вистинољупците да им се помогне во исчекорувањето на првиот чекор постои и ова Упатство. Самата смисла на зборот - упатство - значи некому да му помогнеш да го пронајде патот и да започне да чекори по него.
 За плодотворно и спасоносно да може православниот христијанин да чекори по Патот на спасението треба да ги познава следните нешта:        
Првото, што треба да го знае секој христијанин, е дека тој преку својата лична вера и преку учество во:
• Светата тајна на крштевањето (трикратно потопување во вода во името на Отецот и Синот и Светиот Дух),
• миропомазанието (дарувањето на силата, благодата, на Светиот Дух)
• и причестувањето (влегување во личносна спасоносна заедница со нашиот Господ, Учител и Спасител Исус Христос, преку Неговото Тело и Крв)
го започнал процесот на остварување на своето вечно ослободување од злото, гревот, демонските духовни сили, болестите, страдањето, духовното непознавање на себе и својот Творец и постанал член на Телото Христово, на Црквата, на новозаветниот народ Божји, а тоа членство во Црквата носи свои права, но и обврски.
Второ, и од суштинско значење, е разбирањето на Црквата (Εκκλησία) како заедница на Христови ученици кои тука во овој отпаднат од Бога, но преку и во Христос спасен свет, заедно помагајќи, поучувајќи и служејќи си, се подготвуваат за вечното љубовно - творечко заедничарење и постоење во Царството Божјо.
Црквата, како новозаветниот народ Божји, денес е раширена низ целиот свет и нејзините членови конкретно ја доживуваат и во неа се спасуваат преку помесните Цркви (нашата Македонска Православна Црква е една од помесните Цркви возглавена од архиепископ) , преку митрополиите (возглавени од митрополит, кој всушност е епископ (преведено значи - надгледник) на главниот град од еден регион), епископиите (возглавени од епископ), црковните општини (возглавени од протопрезвитер или старешина) и парохиите (возглавени од празвитер или  познат кај верниците како парохиски свештеник) .
Трето и особено значајно за здрав духовен и спасоносен живот на секој член на Црквата е неговото активно учество во животот на неговата конкретна заедница (митрополија / епископија = епархија, но особено во црковната општина и парохијата, затоа што последните се најконкретни видливи црковни заедници за еден верник), а пред се неговото активно учество во богослужбениот живот на својата заедница.
Литургијата - заедничкото богослужбено, молитвено и светотаинско дело на црковната заедница, на кое се врши нашето крунско поучување, благодарење и причестување, е врвот на заедничарењето на членовите на Црквата помеѓу себе, но пред се со Бога, со изворот на животот и постоењето, со Отецот Небесен преку неговиот Единороден Син и нашиот Спасител Исус Христос во Светиот Дух, нашиот Утешител и  Просветител.
Четврто и незаобиколно по своето значење, што треба да го знае секој член на Црквата, е тоа дека секогаш кога ќе појдеме кон храмот (молитвениот дом) ние поаѓаме со цел молитвено да се сретнеме со Бога, но и да се сретнеме со нашиот епископ (надгледник), со презвитерите ( старешини, парохиски свештеници), со ѓаконите и со нашите браќа и сестри со кои заедно ја сочинуваме Црквата. На тој начин нашиот Отец Небесен преку својот Син во Светиот Дух не' гледа како личности, како свои синови и ќерки, но и како Црква, како свој новозаветен народ. Затоа секогаш кога ќе тргнеме кон храмот за да се собереме како Црква треба духовно да се подготвиме за таа средба. Треба да внимаваме на внатрешната состојба на нашата личност, на мирот во душата, на чистотата на совеста и срцето, на мотивот за нашето тргнување кон храмот (вистинските верници Црквата - се мисли на зедницата, а не на храмот - ја доживуваат како училиште во кое се поучуваат за тајните на животот, но и како болница во која се лечат од сите нешта кои можат да ни го загрозат животот).
Кога ќе пристигнеме пред вратата на храмот треба да застанеме за да ја направиме нашата последна духовна подготовка. Треба со вера да се прекрстиме, односно, на себе да го изобразиме крстот. На тој начин ја исповедаме верата во Троединиот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух и во Христовата победа над злото и сатаната извршена на крстот, но, ја исповедаме и нашата доверба во однос на тоа што Бог правел, прави и ќе прави во иднина за нас како Негови созданија и возљубени чеда.
Потоа влегуваме во храмот за да се вклучиме во молитвата на Црквата.

Но сепак, пред да се вклучиме во молитвата треба да ги знаеме и следните нешта:

1 -  Во храмот (молитвениот дом) треба да бидеме присутни пред почетокот на богослужбата. Ако сме задоцниле, тогаш нашето влегување треба да биде многу внимателно без да го одвлекуваме вниманието на оние кои веќе се во молитвена состојба. Во храмот не треба да се шетаме, туку треба веднаш да отидеме на нашето место, или да си најдеме место каде што ќе застанеме, и ќе се вклучиме во молитвата.
За почетокот на богослужбите треба да се информиреме од нашите презвитери (парохиски свештеници), вероучители или служителите во храмот.
2 -  Во храмот треба да бидеме пристојно облечени, без пројава на суета и нападност. Особено жените треба да обрнат внимание на пристојноста на облеката. Не сличајно апостол Петар во своето послание во однос на надворешното украсување на жените напишал: "Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на разни облеки, туку внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога" (1. Петрово. 3,3). Во летниот период мажите треба да знаат дека во дворот на  храмот  (манастир) и во самиот храм  не е пожелно да се влегува со куси панталони.  
3 -  Кога ќе влеземе во храмот (наосот), пред целивната икона, која вообичаено се наоѓа во средината на храмот,  му се поклонуваме на Бога и ги целиваме со почит ликовите на светиите или преставата на празникот која е изобразена на иконата.  Нашиот материјален дар - доколку имаме можност, ние како членови на Црквата да и помогнеме на својата Црква во нејзиното материјално издржување и помош во нејзината мисија (како милосрдна, така и мисионерско - просветна) - треба да го оставиме на место кое е однапред определено за тоа, најчесто тоа се црковни каси. Не е пожелно парите да ги оставаме по иконите или на други места по храмот (на пример - иконостасот),  затоа што никој не смее да знае за нашиот дар. Тој треба да се остави тајно, како што заповеда нашиот Господ:
 "А ти кога даваш милостиња (дар), да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостиња тајна, и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно". (Матеј.6.1-4)
  Со тоа што не се оставаат пари, и останати нешта по иконите, ние остануваме верни на православното разбирање на смислата на иконата и нејзината богослужбена функција онака како што е определено во одлуката на Седмиот Вселенски Собор. Треба да се нагласи дека е многу важно да се запазуваме од гревот на идолопоклонство и со своите непромислени дела да не ги соблазнуваме оние што не ја познаваат верата или се почетници. Еве што за гревот на идолопоклонството, но и за останатите гревови, напишал светиот апостол Јован во своето Откровение:
 
" Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите (се мисли на Царството Божјо). А надвор ( од Царството Божјо) се:
• кучињата (се мисли на карактерно етичките карактеристики на одреден тип на луѓе) ,
 вражачите (оние кои се занимавале со разни магиски - окултни вештини, гатање, демоно-инспирирано јасновидство, принесување курбани - крвни жртви, манипулирање со религиозни чувства, односно, манипулирање на неупатени во верата и нивно злоупотребување за свои цели ) ,
• блудниците, убијците, идолопоклониците
• и секој што сака да лаже и лаже. (Откр. 22. 14 - 15)"  

4 -  Свеќата, поставена на заедничкиот свеќникот, уште од Стариот завет е симбол на Божјата светлина и вистина (види 2. Мој. 25, 31 - 39). Кога ја палиме во храмот, при принесувањето на нашата лична молитва, ние со нејзината светлина исповедаме дека нашиот Бог е вистинска светлина и вистина која не очистува од мракот на незнаењето и скверната на гревот. Свеќата  треба да ја палиме, доколку во храмот се служи богослужба (особено Литургија), пред и по богослужбата. Зошто? Затоа што свеќата е пропратена со лична молитва, а богослужбата е заедничка молитва на членовите на Црквата. Во заедничките молитви сета Црква се моли и за личните и за заедничките потреби на своите членови.
5 -  Сите верници кои молитвено учествуваат на богослужбата не смеат да приоѓаат кон иконостасот (преграда на која се поставени икони, а која го оделува местото каде што стојат верните на молитва од олтарното место каде што се наоѓа Чесната Трпеза на која се извршува осветувањето на принесените леб и вино, кои стануваат Тело и Крв Христови). Иконите на иконостасот не треба да се бакнуваат, нити на нив да се оставаат разни нешта. За таа цел е поставена целивната икона на средината на храмот.   
6 -  Според старата црковна традиција за време на богослужбата мажите стојат од десната страна, а жените од левата страна (гледано кон иконостасот). Има многу причини за одржување на оваа традиција, но сепак, на оние кои се во брак и со мали деца им се разрешува да бидат заедно за време на богослужбата од разбирливи практични причини.
7 -  Во храмот, или надвор од него, за време на заедничката молитва се стои исправено. Оваа исправеност има симболично значење. Таа го симболизира нашиот слободен, воскреснољубовен и синовски однос кон нашиот небесен Отец, односно нашето духовно “стоење” пред Него.
 Има периоди во годината (кога се пости) и денови во седмицата (освен Недела - Господовиот ден)  кога за време на богослужбата се прават големи поклони и се клечи. Со големите поклони (со челото до земја) и со клечењето (коленопреклонувањето) се изразува сознанието за нашата грешност и потребата за очистување од нечистотијата на гревот (покајание и исповед). Во храмот може да се седи кога се проповеда и кога тоа го дозволува богослужбениот ред. Но заради немоќ, старост, болест и други причини за време на богослужбата е разршено да се седи.
8 -  На богослужбата треба сите молитвено да учествуваме. Треба да ги научиме црковните песни и молитви и според дарот за пеење треба сите да пееме, да го славиме Бога. Ако немаме дар за пеење, славењето може да го правиме во себе или тивко, без да ги дразниме другите.
9 -  Според начинот на кој ние како Црква живееме и учествуваме  на богослужбите, а особено на Литургијата,  се гледа нашата љубов и посветеност на Бога, но и плодот на здравиот спасоносен духовен живот на една црковна заедница.
 Присуството на благодатта на Светиот Дух, убавината, спокојството, редот, молитвеноста и љубовта во богослужбата е најдобара мерка и најдобро огледало за квалитет на личниот и заедничкиот духовен живот во Црквата Христова.
10 -  Треба да разбереме дека секој од нас, како член на Црквата, е одговорен за квалитетот на заедничкиот духовен живот во Црквата, односно, е одговорен за редот, убавината и молитвеноста на богослужбата.
 Зашто, секој од нас, преку здравиот духовен живот во Црквата, преку осознавањето и учествување во сето она што нашиот Спасител Исус Христос го направи и прави за нас, на вистински начин се подготвува за причестување со својот Спасител, преку Неговото Тело и Крв на Литургијата, односно се подготвува за вечниот живот во вечното Царство на Отецот и Синот и Светиот Дух, нашиот Бог.

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная