логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 5 мај (МИА) - Од денеска до 11 мај на програмата на Кинотека на Македонија е „Ретроспектива на чешкиот филм“, која вечер  ќе биде отворена со „Светот нам ни припаѓа“ (1937) на режисерот Мартин Фрич, а ќе продолжи со уште шест филма.

Ретроспективата на чешкиот филм Кинотеката ја организира во соработка со Народниот филмски архив на Чешка и Амбасадата на Чешка во Скопје. Филмовите се пресек на чешката кинематографија, особено на новиот бран од шеесетите години, еден од највлијателните, најзначајни и естетски најзаокружени филмски правци во минатиот век.

Покрај „Светот нам ни припаѓа“, ќе бидат прикажани и „Далечен пат“ (1950), во режија на Алфред Радок, „Смртоносен пронајдок“ (1958) на Карел Земан, снимен според новела на Јулес Веме, „Интимно осветлување“ (1965) во режија на Иван Пасер, „Бисери на дното“ (1966) - омнибус според кратки раскази на Бохомил Храбал, на режисерите Вара Хатилова, Јаролим Јиреш, Јиржи Менцел, Јан Њемец и Евалд Шорм, „Маргаритки“ (1966) во режија на Вера Хитилова и „Сите добри земјаци“ (1968) на Вахтех Јасни, со кој на 11 мај ќе биде затворена ретроспективата на чешкиот филм.

Кинотеката соопшти дека нејзин гостин утре ќе биде директорот на Народниот филмски архив на Чешка Владимир Опела, кој ќе ја презентира институцијата што ја раководи.

Архивот е формиран во 1943 година, и е меѓу најголемите филмски архиви во светот. Во него се депонирани 150 милиони метри филмска лента, 600 илјади фотографии, 30 илјади плакати, 100 илјади пропагандни материјали и други филмски аретефакти. Опела посебно ќе се осврне на  филмската архивистика и законската регулатива.

Во галеријата на Кинотеката ќе биде отворена и изложба „Нефокусирано“,  на која ќе бидат претставени современи фотографии од чешкиот фотограф Ладислав Ховорка. хс/вј/8:45



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

15/05/2024 - среда

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Тропар на светиот Божји пророк Еремија 1 мај / 14 мај 2024

Тропар на светиот Божји пророк Еремија 1 мај / 14 мај 2024

Велики Еремио, слуго Божји, ти тивок ветру пред срцето на луѓето,чувару на заветниот ковчег,огнот свет сочувај го во душата на...

Тропар на свети Игнатиј Брјанчанинов 30 април/ 13 мај 2024

Тропар на свети Игнатиј Брјанчанинов 30 април/ 13 мај 2024

Поборнику на Православието,на покајанието и на молитвата сигурен учителу и делатнику,на архиереите боговдахновен украсу,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная