логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Зависниците во новиот објект, кој е во градба, ќе мора да живеат од 12 до 18 месеци. Ако случајно некој си замине, кога ќе сака да се врати ќе биде последен на листата на чекање. Во земјите во кои се користи ова лекување има 70 проценти на успешност.



Дваесет и осумгодишниот Игор В. од Скопје седум години е зависник од хероин. Игор вели дека сака да се лекува, но дека не може да стигне на ред за да добива метадонска терапија, за која чекаат многу зависници. Тој од есен ќе може да се лекува во првата комуна на црквата.

- Сакав да одам во Босна, но далеку ми е и не можам некако да се одлучам. Ама ако има кај нас и ако не е скапо, ќе одам. Тука ќе може и да го гледам син ми - вели Игор.

Престој во комуна е новата можност за лекување, која за неколку месеци ќе им биде достапна на зависниците од дрога и од алкохол. Тогаш, во струмичката епархија на Македонската православна црква треба да почне да работи првата комуна, за која сега се гради објектот во кој ќе живеат болните. Во него ќе може да се лекуваат четириесетина зависници, кои таму треба да престојуваат од 12 до 18 месеци. Тие нема да примаат метадонска терапија, туку ќе се лекуваат по принципите на православна психотерапија.

- Ќе се работи според програми што болните ги активираат во производствени или креативни капацитети. Ќе се трудиме да ги искористиме и поттикнеме нивните потенцијали за да се пронајдат и да се ресоцијализираат. Тоа е најтешко кај зависниците. Нивното време ќе биде целосно пополнето. Ние веќе 14 години работиме на проблемот на зависности и имаме резултати - вели отецот Артемиј од струмичката епархија.

Во комуната ќе може да се вклучат зависници што не примиле дрога 21 ден. Тие или нивните родители ќе треба да потпишат договор дека нема да заминат во одредениот временски период.

- Најдобро е периодот од 21 ден зависниците да го поминат дома под надзор. Кога веќе ќе се приклучат во комуната, ако случајно некој си замине, следниот пат веќе ќе биде последен на листата на чекање. Во земјите во кои се користи ова лекување има 70 проценти на успешност - додава отец Артемиј.

Тој вели дека за четириесетина дена ќе заврши градбата на објектот, а оптимистичките варијанти се дека комуната може да почне да работи од октомври.

- Но има друг проблем што треба да се реши, ако сакаме системско решение на зависностите. Државата би требало да покрива дел од лекувањето. Инаку во комуната лекувањето ќе треба да се плаќа, но цената нема да биде висока. Разговараме за околу 200 евра месечно - вели нашиот соговорник.

Епархијата за лекувањето во комуни учи од Полска, Чешка, Америка, Босна и Херцеговина. Во некои од овие земји комуните успешно работат над 15 години.

- Во Италија постојат комуни со по над 35.000 луѓе. Луѓето доаѓаат, се лекуваат и не сакаат да си заминат. Формираат како села и градови во нејзините рамки, а се дружат и меѓусебе - вели отецот Артемиј.

Агресивни мерки, како и тепање на зависниците со кое во црковни заедници беа лекувани во соседна Србија, кај нас нема да се користат.

- Не, тоа не е во ред, ниту пак е христијански. Тоа никако нема да се применува - додава нашиот соговорник.

 


Македонија троши „метадон“ колку половина Балкан

За лекување на зависниците од дрога Македонија троши „метадон“ колку половина Балкан. Ова го истакна фондацијата „Марита“, која се занимава со реализација на програма за превенција од дрога што се спроведува низ училиштата и младинските центри низ земјава.

- Во 2006 година во земјава се потрошиле околу 27.000 грама „метадон“, додека во наредната 2007 година ова количество тројно се зголемило. Тоа е повеќе од вкупната побарувачка на Бугарија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина заедно - велат од „Марита“.

Употребата на метадон при лекувањето на хероинската зависност често предизвикува поделени мислења околу нејзината ефикасност.

- Тој треба да се користи само како замена за физичката криза, како терапија што би траела до 21 ден, а не да се користи за стагнација на зависниците. Во Македонија честа практика е метадонската терапија да трае и со години - изјави извршниот директор на „Марита“, Стевче Дечев.

Невладиниот сектор предупредува дека во земјава има повеќе од 30.000 зависници од дрога. Со текот на годините паѓа и граничната возраст на зависници, па така најмладиот регистриран зависник има само 12 години.

„Марита“, која е норвешка фондација и е поддржана од норвешката и швајцарската амбасада, со оваа проблематика се занимава од 2003 година. Фондацијата изминатиов период наидува на проблеми во вршење на дејноста, поради игнорирањето на реалниот проблем со дрогата и недоволната ангажираност и поддршка од власта.

- Институциите не се ангажираат докрај да се спроведуваат програмите, кои се покажуваат успешни во лекувањето - велат од фондацијата.   
   
Автор: Наташа Бошковска  - Нова Македонија
 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная